веќе 3 години ја користам прекрасна е, најдобра за сабајле! не сум сигурна за акни ама нема утка според мене, ако имаш мешовита кожа стави помалку, ако имаш сува повеќе
Не знам со кој памет решив да ги пробам производиве на Ла Рош. Од сите креми имам реакција во вид на црвенило на кожата, дури и од Cicaplast и Toleriane sensitive. Тонираниот крем е ужасен, како паштета да ставаш на лице, не што покрива, туку го бетонира лицето, имам чувство како да не ми дише кожата. Ефаклар гелот не е ништо посебно, не измива воопшто, ми ја пресушува кожата, а кремот не ми се допаѓа како легнува на лицето, настрана што ми предизвикува црвенило. Среќа што се само тестери, ќе си останам верна на природна козметика.
Чудно, гелот во туба многу ми се свиѓаше мене не ми ја пресушуваше кожата. Друго освен спрејот за сончање немам пробано. Цицапласт е за сува кожа, за изгореници итн. Не е за мрсна, сакав да ја земам да ја имам кога ќе ми притреба.
Мојата кожа е комбинирана, знае да биде осетлива на моменти, па затоа реков да ги пробам и тие креми, дека толку е фалена како козметичка линија. Имаат нешто во составот што не ми одговара, не знам што е. А во принцип немам проблематична кожа, ретко и да ми реагирала на нешто вака. Сега не знам дали има врска што последниве три години сум преориентирана претежно на природна козметика, можеби и тоа влијае, а можеби и само така ми се погоди. Го проверив и рокот на траење на тестерите, ок си беа. Додуша, не се од Мк земени, овде кај нас не знам ни дали може да најдеш тестер да пробаш нешто.
Ќе речев дека е тоа, дека цело време на природно си свртена. Инаку нема ни да најдеме тестери во Мкд.
Да и мене гелот одличен ми е , додуша јас на комбинирана кожа а на сува па да не зборуваме , воопшто не би го препорачала. Ефаклар линијата е строго за мрсна кожа склона кон акни. Има еден друг гел за миење Effaclar H ,тој единствено е за нормална до комбинирана кожа. Cicaplast ја користев за малото и мн помагаше за црвенила. Можно е некоја состојка да не ти одговара или дека користиш стрикно природна козметика
Исто и мене гелот не ми се погоди. После долго време пак се вратив на брендов нарачав па ќе видеме. Незнам но со една пријателка паднав на разговор дека од МК производиве и во Холандија не биле исти и таа имала иритации од тие производи што ги земала од кај нас а со купениве од др.држава немала проблем. По тоа се водев и јас па затоа нарачав online.
Јас не, Ана тоа. На lookfantastic има убава понуда. Три по цена за два, со тоа што третиот најефтиниот ти е гратис. За нарачка над 30£ даваат поклонче.
Тестериве што ги имав, од Германија ми ги донесоа, не ми се од тука. Ако со тие оттаму имав мака, не сакам ни да помислам што би било ако ми беа купени оттука.
здраво девојки во последно време гледам дека многу го фалат кремот на la roche cicaplast b5 дали некој знае да ми објасни за што помага и дали е навистина толку добар како што кажуваат?
Здраво како некоја што го користела доста сум задоволна. Главно е балзам кој помага при различни иритации на целото тело, сува распукана кожа, егзема и тн. Јас за све и свашта го имам ставано(имам многу осетлива кожа), од рани до акни на лице, и стварно видно ја намалува иритацијата после краток период. Но, морам да споменам дека балзамов многу го користат неправилно, како замена за крема за лице. Има многу богата дебела структура што кај лица склони кон акни и мрсна кожа долгорочно би направило повеќе проблеми него што ќе помогне(може да ги запуши порите). Начинот на кој го користев и кој е правилен за лицето е ставање на мала количина врз проблематичната зона на крај од ноќната рутина, после кремот за лице. Исто и преку ден имам ставано ако сум дома, но имај во предвид дека е доста мрсен кремов иако после кратко време упива. Се на се е супер и стварно ми дал резултати.
Верувам дека би помогнало, но сигурно нема да видиш одма резулати бидејќи и самите од себе бараат повеќе време да избледат. Можеби треба да погледнеш некој ексфолијант со салицилна киселина за побрзи и поефикасни резултати. Ова е повеќе за смирување на кожата при инфламации од акни.
Одлична за комбинирана мрсна кожа сколна кон акни (на цистични нема да помогне секако), ја користев со години. Од истата крема има и со спф 30 фактор и таа е многу добра.