луѓе имам комбинирана кожа, повеќе накај сува отколу мрсна, проблеми имам со онака флеки од акни пределот накај ушите настрана и на челото митисери, дали би ми одговарало нешто од линијава? ми треба за да ми се среди малце пигментацијата, флеките и слично.
Ми делува како мојата кожа. Cicaplast линијата ми обледе хормонски и флеки од акни. Не и е првичната намена тоа, ама се случи и ме изненади. Претходно се "мачев" со линијата на Еуцерин против флеки, па ништо не се случи. Е сега...не знам, пробај... Така сфатив дека тоа што на некој делува за нешто, на друг за нешто друго му помага.
Моја грешка се зивинувам. Јас го помешав со Ла рош ефаклар бидејќи тој има ниацинамид како главна состојка.
Cicaplast е за сува кожа така? Што користеше од таа линија? Јас исто имам флеки од хормонски акни ама имам мрсна кожа, па мислев Effclair линијата да ја земам.
Јас пробав 100 производи за чистење лице и дефинитивно најубава за лицево (имам масна кожа, осетлива) ми е Effaclar мицералната. Друг нивен производ немам пробано (креми користам од Биодерма), ама сум сигурна дека ќе ми одговараат.
Effaclar е са мрсна кожа линија, крема дуо плус. Јас имам мрсна кожа исто и од кремава бев презадоволна
Сестра ми го зема гелот и кремот од Еффклаир, има неколку акни на лицето. И денес после недела употреба почнале да ја чешаат и пецкат акните. На неа има од сабајле се измила со нив и пудра. Ништо друго… од што би можело да биде?
Збориме за овој ефаклар крем? https://www.laroche-posay.us/our-pr...t-treatment-effaclarduoacnespottreatment.html Ако е ова нешто не се користат секој ден и никако насабајле бидејќи имаат киселина внатре. Чистачот не би требал да прави проблем ама може ако и ја пресушува кожата па да ја чеша. Нека проба еден ден само миење лице без таа крема. И друг ден кремата да ја стаи навечер и нека види како ќе и биде за да дознае што ја иритира.
Zdr..imam kombinirano lice so mrsna t zona i pori..nautro koristam vit c serum a navecer b5 i dvata na la roche..e sega bi sakala da mi predlozote dnevna i nokna krema..
La roche posay немаат мн избор на ноќни креми, само оваа им е јас ја имам користено и ок беше. Наменета е и за сензитивна кожа
La Roche Effaclar H гелот за миење лице каде може да го најдам? Го нема повеќе во Ани Фарм и Виа Фарм.