Понекогаш е како да излегла од машина за перење алишта и како различни парчиња алишта да и се изналепиле на телото и така како да излегла... А моментов на сликава е како да се замотала во на баба ми пердето додека трчала од соба во соба,па низ тераса....ужас!
Љуткава е ваа ама ако според мене е модна икона, не е досадна, секогаш е во интересно, необично, ненормално издание хахаха
само една светла точка кај гага, ја поштувам што не носи крзно Aма за стајлингот, не можам а да не кажам Mодно промашување Aма таква е таа, сака да биде поразлична, само сестро си можела со нешто подобро да бидеш поразлична, не со коњскиот топук, и тие фустани A како машко мене ми е полична, не знам за вас Jез да е грдо машко, ама како женско е уште погрда Hе ми се допаѓа, нити нејзините облеки, нити нејзините песни
Да, ама затоа на доделување награди се појави со фустан од свежо месо! За мене не е модна икона. Далеку од модна икона! Нема ништо заносно и убаво. Напротив сака да биде ексентрична, поинаква, секогаш забележана, ама не како модно промашување, затоа што таа не ни следи некоја мода. Ми се допаѓа што е своја, самоуверена, без разлика што некогаш е унагрдена со стајлингот. Секогаш е впечатлива, остава куп критики зад неа, стално е на насловни, многумина сакаат да ја имитираат... Јас лично никогаш не би се облекла како неа, освен за маскенбал.
E, да, во право си, ама никој нормален не би облекол месо, а за крзно, епа со нејзината мегапопуларност може ќе придонесе да се носи тоа чудо се помалку и помалку A за нејзе, не знам јас имам гледано слики кога била нормална и сосема обична девојка, 100 пати поубава била инаку имам читано дека само перики носи, косата и била цела опадната од толку фарбање
Кај Гага не е се толку црно (мислам дека сега има плава (а може и зелена) коса). Не носи крзно и има добар глас. Модна икона- НЕ! За модни икони ги сметам оние кои оставиле добар впечаток со својата гардероба и направиле милиони низ светот да ги копираат. Лејди Гага е премногу. Премногу од се! Премногу нападност, вулгарност, ексцентричност. Да, стилот ја направи огромна ѕвезда, но мене лично не ми се допаѓа. Премногу се труди да биде забележана што станува невкусно. Не можам да кажам дека ми е идол, но ја почитувам како уметник. Има доста добри песни.
Добро, што бара и Лејди Гага во категорија мода?! Каква црна модна икона... Таа е елементарна непогода
Дефинитивно модна утка.Јас разбирам дека сака да е поразлична од другите ама стварно претерува.На ништо не личи
На почетокот (poker face,love game,beautiful dirty rich..) беше ок.Имаше добри комбинации ама од кога почна на црвенит тепих да оди во јајца,со перики,и како капаче на се фустан од месо и парфем што мириса на сперма ми е за убивање не за гледање,а на спотовите почна да ми се однесува како издрогирана глупачка,сценарио-нејзиниот макро.
Можеби малку претерува во стајлингот но сепак е УНИКАТНА , многу необична и никогаш не се заборава нејзиниот стајлинг. Затоа не би можела да ја ставам ни во модна икона ни во модно промашување,златна средина