Најголемата Модна Икона до сега. вие мислете што сакате,без навреда,но таа е единствена,без копија.! Ја Сакам
Ох, таа не е личност според мене, туку фантом, ја купија: и`дадоа слава, а за возврат им беше експериментално глувче... штета за гласот што го има.
Лејди Гага според мене е модна икона таа има изградено свој стил што никој го нема и никој не копира,а секако и не е некоја лепотица пак од друга страна и мора некако да привлече внимание од публиката и затоа е екстравагантна и сите ја сакаат поради тоа што е таква.
Lady Gaga si ima svoj stil .... Po moe mislenje mislam deka e modna ikona zatoa sto prekrasno se oblekuva ... mene mi se dopagja zatoa sto e porazlicno od oblekite na drugitee slavni licnostii
Модна икона, во никој случај ! Секси, ни најмалку ! Уникатна, моќна, необична, храбра, единствена, тоа да, дефинитивно Мене лично ми се свиѓа баш поради тоа што е различна и што привлекува внимание насекаде.
Самата помисла дека Лејди Гага е модна икона,е смешна.Модна икона значи да имаш стил,свој и на кој многу ќе се огледаат,нешто што е убаво,а не да носиш лименки на глава,фустан од месо и штикли од 50 цм со непознат облик. И до тие што рекле дека е уникатна,точно е,единствена која се облекува вонземјански,но вие не знам каде гледате убавина во овие костуми во кои не може да оди!
За мене Гага дефинитивно не е модна икона повеке е девојка со ексцентричен начин на облекување. Не можам да кажам дека е и модно промашување бидејки облеката што ја носи не е секојдневна па да каше човек дека лошо ја искомбинирала или дека не знае да се облече,него се приметува дека нарочно носи такви парчиња на себе да биде зборувано за нејзе после секоја појава.Јас мислам дека нејзиниот начин на облекување е повеке за публицитет отолку ради некаква мода.
Модно промашување дефинитивно!!! Одвратна ми е. Тие шо ја сакат не можам да сфатам шо убајна гледат во лименките и целофаните шо ги носи на неа. Она е патетично!! То шо се облеква во некои моменти ко бездомник на улица шо нема пари леб да јади, а на некои моменти ко вонземјанин то го викате стил?? Без навреда!! Јас мислам то шо се облеква онака вулгарно го прај за да привлечи внимание од светот и медиумите. Друго објаснување немам.
Не гледам убавина, далеку од тоа, никогаш не би се прославувала на тој начин Ми се свиѓа тоа што е поразлична, не копира и што е храбра, ја сакаат, популарна е, има огромни хитови, ретко што некој обичен пејач, па колку и да има моќен глас, би го постигнал. Тоа сакав да кажам
Секој човек си има свој стил на облекување.Не значи дека ние ако не го свиѓаме стилот на Гага и наштот да го свиѓат.Можеби многу луѓе и нашиот стил не го свиѓаат ама не кажуваат јавно.Така да јас мислам дека Гага е модна икона.
Не сум против тоа дека со секоја нејзина комбинација стои порака. Сигурно го паметите оној „фустан“ ако може така да се нарече, од месо. Кога можат другите да носат бунди зошто некој да не носи месо на себе? Но, таа не е платно за сликање па на себе да ја искаже филозофијата на нејзиното постоење. Сепак, различни луѓе, различни светови. Секој има свој вкус. Мене лично воопшто не ми се допаѓа, како и на повеќето вас. Сметам дека тоа се повеќе го прави поради внимание. Ники Минаж и Кеша пробаа на некој начин да ја копираат но не. Таа е единствена и уникатна.
Вака како што ја гледам како се облекува според мене е модно промашување ... Вака се облекува за да привлече многу големо внимание од публиката .. но мислам дека добива само лоши критики. Но на некој пак им се допаѓа нејзината храброст за експериментирање во модата ... иако мене не.