Ете Лејди Гага е модно промашување. А Мадона? Ријана? Бијонсе? Сума сумарум по сликиве мене најпознатите пејачки на ороспии и курветини ми изгледаа!!! Taка да децава ако ги слушаат Мадона, Бијонсе, Ријана, Ферги, Киара, Кети Пери и Лејди Гага ќе треба да се облекуваат во долна облека, гаќички, корсети, хулахопки со подзвездици и високи чизми. Не е само Лејди Гага, она е најексцентрична, ама и овие не се за пофалба! Се е tooooo muuuuch! Претераа сите! Целата музичка индустрија претера со гардароба последниве 2 години!
Па од сите останати набројани јас искрено совен Бијонсе(има испади ама се обидува да личи на човек) не гледам тука ништо нормално. Нит ја слушам Ријана со жар ко што ја слушаат, Мадона ги слушам само старите песни, не ја гледам, Кети ПЕри, аман немој, би проплакала на било која нејзина песна, уште повеќе настап. И да, сите личат на ороспии...и не претераа само со гардеробата, туку и со егзебициите...порно снимки секаде, на се, секогаш. Видете ги само и Бугаркине и Србијанкине, па нашиве почнаа да не заостануваат. НЕ се ценат повеќе добриот вокал, гитарата и текстот кој пара душа, сега колку послечена пејачка, тоа подобро. А за мажи, Боже мили, све педери Ууу, да, Гага е само врв, следно којзнае што ќе биде...ако воопшто може да има следно
Абе сите се обидуваат да ја имитираат Гага ама немаааа Мене баш ми е супер типката, уникат е.. ми се допага едноставно..сеа да не се расправаме али за вкусови се работи нели...
На светската естрада владее претеран сексапил (читај: кич) корсети, хеланки, градници и гаќи со многу светки и нападна шминка. Сево ова е тотално без вкус! Ниту светките и шљокиците се гламурозни, ниту ''облеката'' е секси. Ријана со нејзиниот стајлинг ми е одвратна. Лејди Гага на почетокот ми беше интересна, но веќе станува досадна со тие нејзини стајлинзи, впрочем не сум ја ни видела облечена како нормален човек... ок типката стана препознатлива баш по тој стајлинг и сите ја копираат, ама барем приватно би можеле да се облекува понормално.
Точно е дека речиси сите песни и се хитови,но преферирам да не ја гледам Гага.Едноставно одвратна ми е уште од почетокот како појава,иако токму таа нејзина невообичаена појава и донесе пари,слава,фанови низ светот.Во никој случај не е модна икона.
Maдона не ја копира Лејди Гага, зашто ако е така Мадона се облекува екстремно уште од кога се родила Гага пред 20сетина години Aма стилот што го фура Ријана последниве 2 години ептен потсетува на нешто екстремно, контраверзно ... многу слично на колешка и Лејди Гага, изгледа се натпреваруваат овие 2. "Напредокот" на Ријана низ годините ужааааас
Прво да кажам за Лејди Гага. Не е ниту икона ниту промашување. Тоа што го носи е веројатно нејзино гледиште за тоа како да стекне популараност, и во ниеден момент не е претстава за модата што е популарна или што ќе стане популарна. Значи тоа што го носи не е одраз на трендот, затоа не може да биде модна икона. Тоа е нејзин субјективен поглед на модата, веќе изграден имиџ и затоа не може да е модно промашување. Во секој случај, не изгледа убаво и не е некоја слика врз која може девојка да гради стил. Тоа што го носи, никоја девојка не би го носела, затоа што едоставно е грдо, па оддтаму дека Лејди Гага неможе да стане модна икона никогаш!!! За Ријана: не ми е јасно зошто гламурот го замени со рок-готик. Иако до некоја мера готикот може да има елегнатни мометни, сепак мислам дека кај Ријана се се движи од крајност во крајност. Не ми се допаѓа како изгледа...наликува до некаде на Лејди Гадна. Бијонсе не сакам да ја коментирам, затоа што постои далеку повеќе на сцената од нив и има изградено статус на мега ѕвезда. А и ретко имала промашај. Во последно време има футуристички елементи во облеката, ама барем е различна од сите други. Да ги додадеме и самата нејзина харизма и зрачење на сцената, и гласот, нема утка кај неа. Општ заклучок би ми било дека многу се популаризира голотија. Секоја од нив сака да се двои од сите, да е уникатна, посебна и да се издигне во икона. Денес границиве се скроз поместени, нездраво изгледаат јавните личности, па веќе не се знае што е нормално! се изморив!
Па не сум фан на Лејди Гага, впрочем ич не ни ја сакав, ама после тој костим од месо, ми стана одвратна, никаква! Не ги сакам ни Ријана, Кети Пери, Киша, Мајли Сајрус.......и други! Бијонсе и така и така, може да пројде! Ама јас ја обожавам Шакира! За неа немам слушнато никаков трач, ниту премногу е опседната да добие внимание како горенаведените, не прави порно клипови, не се слика за плејбој или за др списанија, таа е уникатна, едноставно прав уметник!
Кога искочи Лејди Гага многу ми беше интересна, беше невообичаена, ама ова што го гледаме денеска од нејзе е чиста катастрофа Се појави во костим од месоооо алоооо луѓе немаат што да јадат она си игра К*******. Срамота... А не само она.. Стајлингот на звездиве ми е некако изопачен во последно време, чуда носат Бијонси и компанија.. Кејти Пери е колку толку нормална, а Бритни си остана доследна на стилот и ја немам забележано во носии од вселената со примеси на месо
На мене Lady Gaga ми се допаѓа тоа што е уникатна и единствена,не викам дека секогаш ми се допаѓа тоа што го носи ама во секој случај знае да го износи и знае како да се однесува на сцена.Така да глобално гледано според мене е бр.1 сеа за сеа (заедно со Beyonce i Fergie)
За мене она е чисто модно промашување,тотална утка.Една работа е некого да го бива како пејачка,а сосем друго е да има врска од мода.
Мислам дека е далеку од модна икона....едноставно мене ми е ексцентрична и тоа што го облекува е висока мода,понекогаш е и претерано вулгарна,како и да е никој не останува рамнодушен на нејзината појава прави добри хитови,едноставно мислам дека и е тоа некој стил за во јавност,да биде препознатлива по нешто и интересна,али сепак негде е одвратна...тоа е тоа за Лејди Гага
Лејди Гага има добри хитови но дефинитивно е модно промашување. Далеку е од модна икона. Единствено неможам да ги сватам овие што ја имитираат Гледам и од македонската естрада една пејачка почнала да ја имитира (ја заборавив како се вика) па излегува во јавност и кажува дека во Македонија треба да има нешто необично, секој треба да биде свој, на некој начин необичен а она цела Лејди Гага
Би ја ставила некаде на средина, пошто мора да признаете некои од облеките кои ги носи се доста интересни и уникатни но сепак некои се модно промашување како пример фустанот од место Сепак од една страна гледам на тоа што без разлика дали е, или не е, девојката успеа да го сврте цел свет во поглед на модата. Бидејки порано некој кога ке излеше така облечен дефитивно ја добиваше етикетата freak, a сега како цел свет да го почитува тој збор.
За некои е икона, за некои е промашување. Тоа е прашање на вкус. Но дефинитивно е надвор од дискусија фактот дека не е ништо модно!
тоа чудовиште модна икона ..Не мислам дека е премногу за мој стил..Никогаш, не сум преферирала нешто чудно, премногу необично и несекојдневно.Поради тоа некои ја сметаат за модна икона но мислам дека таа е се освен модна икона..Модна икона за мене претставува личност облечена со стил, личност која знае да се облече соодветно за секоја пригода..зрачи со чувство на естетика, уникатна е но со одредена умереност..Лејди Гага нема ништо со тоа што е горе-наведено.Така да таа за мене е едно огромно модно промашување