Па што дека се Меквин, направени се за сценски настапи и снимање спотови, ај прошетај низ град со штикла 30ка, исто како нејзините налудничави костими од месо, шапки со големи опасни игли и крвави дамки по телото чиј иницијатор е најверојатно таа самата се со цел да биде подолго зборувана и пишувана по списанија зашто денес така се станува пославен изгледа. Тоа дефинитивно не може да биде потенцијал за модна икона туку ќе си остане запаметена како уште едно чудо од многуте на Американската сцена... Жално е што на младите сакаат ова да им го пласирааат како нови изуми и МОДНИ трендови
Јас на никого не го навредив, ниту директно ти се обратив тебе или на некој друг. Само со тој одговор истакнав дека ако толку многу ја пратите модата и се разбирате во тоа би требало да знаете подобро отколку да оставате такви коментари. Lady GaGa не е обичен човек, дозволено и е да се шета по улица како сака. Ако сака да носи облека од висока мода по бел ден, ќе носи и точка. Plavusa.17, мислам дека не ме познаваш доволно за да го коментираш мојот или чиј било стил тука. Но, со оглед на твојот речник и начинот на кој директно ме нападна, а не ти се обратив лично тебе, не ме чуди ништо. Морам да напоменам дека се согласувам целосно со секој коментар на Sephora, особено тој за McQueen. Ве поздравувам, се повлекувам и јас.
Лејди Гага изјавила дека нејзиниот стил ја претставува урбаната жена од 3000-та година .... Според мене е супер храбра во врска со нејзиниот стил , добар вокал е , а и што е најважно е искрена За чудовиште .. никако не се согласувам ... Мое мото е : Ако си различен , не значи дека не си човек. Според мене : Под (а
За мене, Lady Gaga, е модно промашување и тоа во крај!!! Ужас! Најстрашно а и најтрагично од се е што секој ден на улица,во дискотеки, на слики гледам Лејди Гага втор дел на сите страни. Одвратно е дури искрено.
И јас мислам дека е промашување...Гледав фотки од неа како паѓа на црвен тепих,од нејзините штикли...Не е нешто WOW Ама прави хитчиња,нема што!
МОДНА ИКОНА??? Де ве молам. Лејди Гага е само желна за слава и пари. Нема којзнае каков добар глас, пиис оф шит е, ама се облекува Spoiler ако воопшто може да се каже облека уникатно ку*вински, бидејки знае дека никој друг од естрадата не би се осмелил да се облече така. Фустан од месо, мислам хелоу??? Како може тоа да ја прави модна икона? Значи да си знам во петок за искачање да си ставам по два стека на ци*ките и јас ке сум модна икона нели? А не знам кој рече погоре, чевлите и биле Меквин, и што?? И лубутинки да се, некои ствари едноставно не се можат. На скратено, би рекла дека Гага има многу бујна фантазија и единствено неа може да и текнат такви глупости од "облека". Не ја собра во толку пристојни фустани па ајде во месо ке се облечам. Вау! Eдинствено и ја поштувам фризурата машна. :up: -"Мода" е да се излегува со купаки а ла бетмен -"Мода" е да се има фустан од жици -А пак многу "убави" ци*ки што има па ке се здроби лепејки ги со фластери или ватевр.
Модно помаршување и тоа големо,според мене нема никаква мода во тоа што го носи,освен ако мисли дека ке облечи некоја глупост и да биде различна од другите,а мода во тоа не гледам,ама воопшто!!!бљак!
Не ми се верува што читам. Се во ред што ја сметаш за модна икона. Болдираното ми фати око. Хејтерите мразат и се љубоморни на успехот на некој, не на стилот. Во оваа тема се зборува за стилот на Гага односно комбинациите кои ги прави како се облекува шминка итн. Е сега, треба да разграничиш некои работи, оние кои напишаа дека не е модна икона НЕ се хејтери туку едноставно не им се допага како се облекува. Ако тоа што некому не му се допага како се облекува значи да мразиш некој, тогаш на пример ако тебе не ти се допага некоја моја маичка и панталони, хејтер си?! Ама логика. Инаку може не ти е јасно Хејтер доага од зборот hatе- Мрази (омраза).
Си направи акаунт само за ова да ни го кажеш ? Зошто би хејтале на стилот не ми е јасно, да го имаше би се воодушевувале. Да се воодушевувам на фустанот и чевлите од месо од некое кутро животно? Греота ми е, како не и е грев нејзе само не знам и тоа живо месо. Јас не носам крзна и лисици околу врат и такви глупости од тие причини што ми е језиво, некои носат и не значи дека немаат жал или дека со мерак носат такво парче облека заради смртта на животното, ама ете сепак не им е шубе. Па и јас може ќе облечам некогаш крзно иако нема да се чувствувам удобно, ама живо месо ? Тоа не е нормално, никој психички здрав тоа не го прави. И тоа е мода?! Да го облечеш најоткаченото парче што постои фустани од жици, животински одрани меса итн? Има толку многу модни икони на кои има што да се види и стил, и убавина и сексапил и се. Морам да додадам: На ова твоево кај што се растресува, фустанов од балони е нели ? Е тоа е тоа што го зборам.
Девојки, девојки полека. : D Прво, иако не ви должам никакво објаснување, се зачленав денес, бидејќи мојот живот е повеќе од препукувањата кои постојат на форумите, а сум/бев доста зафатена. А, сега како нова членка шарам низ форумов и застанувам кога некоја тема ќе ми го фати окото. Како и да е, hater покрај своето основно значење во денешниот сленг јазик се однесува и на некој што не е фан на некој пејач, актер и сл. А, нормално онај кој не е фан никогаш нема нешто добро да каже за познатата личност. Затоа и ја прикачив анимацијата. Ви ги почитувам мислењата, не сте и фанови - ОК, но и вие почитувајте ги моите. А, ако некако ве навреди анимацијата, жал ми е, немам што да правам. : )
Колку не си во право. Јас пр. не сум фан на Парис Хилтон па имам да кажам дека е убава, убаво и стои облеката што ја носи, згодна ми е итн. да не одам офф топик. Ако не си фан на некој не значи дека си хејтер, само што за Лејди Гага немам што убаво да кажам во врска со модата, додека за пејачката кариера имам да кажам дека има певливи и популарни песни кои ако им го запазиш текстот се доста језиви некои и сатанистички ама ај, битно певливи и се некои. Ако си фан, фан си на личноста цела комплетно, не само на едно поле во кое е успешна. Како и да е, тука не пишуваат само фанови, пишуваат и личности кои ја сметаат за модна икона или модно промашување, тоа е темата всушност само за мода и нејзиното облекување, а ако сакаш да се изјаснуваш за Лејди Гага општо телепортирај се во истоимената тема во Музика.
Едноставно си има свој стил, сака да биде поразлична од другите, не е убава но сепак зад неа се крие една нормална жена. Јас ја обожавам едноставно ме одушевувва со својот изглед (но секако никогаш нема да се облекувам таква од месо, и.т.н) и песните и се топ .Јас ја сакам и ја следам од почетокот на нејзината кариера ! Нека продолжи да ја шокира јавноста !