секој има свое мислење,така?епа јас ке кажам дека многу си ја сакам гага едноставно сум опседната со нејзе.На моменти знае многу да ме изненади се облекува убаво,но понекогаш претерува нема да лажам,но поради тоа како да ја сакам уште повеќе.Сепак би кажала дека да таа е модна икона бидејки каде и да оди каде и да се појави крева прашина папараците обавезно ја следат и сите сега во холивуд се обидуваат да бидат како гага па дури и тука... ете тоа беше моето мислење поздрав до сите феминки
Прво да кажам дека не сум фан на ЛГ! А сега мислењето: модна икона може да биде некој кој ги поместува границите на модата, чиј стил може да се прати. А стилот на Гага дефинитивно не може да се прати. Дефинитивно ниедна девојка нема да излезе во град со месо на главата, или се лажам? А таков е стилот на Гага, екстравагантен. Добро, тоа што таа го носи е чист шоу-биз и е сценски стил. Но, како што реков модна икона е нешто друго, а Гага не е. Но, не можам да речам дека е модно промашување. Добро знаеме какви реакции предизвикува кога ќе се појави со нејзината облека. Не секогаш тоа што го носи го носи зашто сака, си прави бизнис девојката, добива на слава и тоа и одговара. Затоа ги носи парчињата кои ги носи.
LADY GAGA модна икона или модно промашување?!? Модно промашување...мое мислење за облекувањето Од нејзе слушам едно 5 песнички и толку...добро што ги имам на телефон,немора да ја гледам... во тие нејзини костумчиња...
модно промашување! песните и се убави! за нив немам замерка ..ама спотот коа ќе и го видиш.. многу грдо и глупаво се облекува! според мене
Според мене дефинитивно модно промашување ретко кога ќе облече нешто убаво сепак секој си има свој стил најбитно е да знае како да го носи тоа што го има на себе не ја сакам Lady Gaga ама морам да признаам дека во некои моменти сум изненадена од нејзе се разбира пријатно некогаш ми изгледа преубаво облечена сепак секоја чест на нејзината храброст да се појавиш во облека од месо или пак гола ко од мајка родена Ч) сепак тоа е нејзин стил хах ко да биде зборена и интересна во јавнос тоа е смислата на шоубизнисот
Иако ми се свиѓаат нејзините песни и фактот дека не ја интересира што другите мислат за неа, сепак мислам дека е модно промашување.А врв на нејзиниот моден неуспех беше тоа фустанот од месо
Модно промашување, дефинитивно! Премногу претерува, од некои комбинации ми се гади буквално. На пример таа со месото.Како може бе месо да носи, тоа не ми е јасно . И не е само таа има уште милион такви.Ајде на сцена така да си облечен ама и во приватен живот бе, незнам дали знаете за тоа на аеродром кога паднала од превисоки штикли.Исто и премногу претерува со тоа шминката, видов една слика без шминка и како 50 години да има не 20 и нешто. Ако не би се облекувала така немаше ни да биде толку популарна, само за неа да се збори, насловните со неа.Би била просечна пејачка, со просечни гласовни способности и песни.
Кога ја гледам значи ми се гади која модна икона брее најголемиот промашај што сум го видела во животот
Дефинитивно модна икона... Секој костум си е приказна самиот за себе,а тоа што сме ние малце конзервативни е друга работа! Не гледајте на костумите како облека за шетка на кеј или за излегување во клуб. Гледајте на нив како начин на изразување и уметност во облекувањето.
Тотално промашување и на моден и на музички план.И поштедете ме од приказните дека е уникатна,оригинална,своја и бла бла бла.Фустан од месо,рогови на глава и штикли од 50 сантиметри.На секој лудак може да му текнат такви луди и бизарни идеи но тоа не значи дека има стил и дека е модна икона.Модна икона е некој чии стил би сакале да го имаме а мислам дека никој нормален не сака да се облекува како Гага.
Не сум многу во тек со она што се случува во светот на модата (па така ни со стилот на Лејди Гага) . Но, сепак знам колку си е девојката контроверзна и во поглед на тоа прашање. Во тој однос, би рекла само дека без разлика дали нејзиниот стил е во согласност со модата или не, дали е инспирирана од 50-, 60-, 90-те итн., таа е оригинална на свој начин. Мене не ме интересира дали за да си оформи свој имиџ и стил требало да се инспирира од некои лични идоли, туку на еден или друг начин успеала да биде своја - добра за некого, лоша за други. Па, на крај и краеви ни она што е во мода не е секогаш Најдобро. Напротив. Подобро нешто кич, а да ми се допаѓа отколку ин, а да не се чувствувам добро во сопствената кожа.