Колку е уникатна не би коментирала и сликава сама си кажува само сака да е поразлична од другите и необична. За модна икона не ја сметам воопшто затоа што не гледам ништо кај неа поврзано со мода. Девојката сака да експериментира и како што иде времето навака се повеќе и повеќе. Не ми смета сакам шареноликост и сакам кога некој се издвојува и е поразличен. Песните не и се лоши ама и не се нешто најпосебни.
Вкусот на Гага, ако може така да се нарече воопшто, ама баш ич не ми се допаѓа. Може уникатноста и креативноста на друг начин да се искаже, а не со тоа што ќе носи фустан од месо и штикли од метро. За музиката овде не се коментира, ама лично јас не ја слушам, не дека не ми се допаѓа или нешто дека имам предрасуди поради начинот на облекување, туку едноставно така .. немам причина. Кога би бирала збор да ја опишам како модна икона или промашување, дефинитивно би го одбрала второто.
Можеби е уникатна, можеби успева да го задржи вниманието на луѓето 10 минути да и’ ја проучуваат облеката , но никогаш не би рекла дека е модна икона. Перверзии има на еден куп. Глупости, гадни костими (пример овој со месо) исто еден куп. И дали тоа велите дека е модна икона? Боже сачувај. Немојте од постов да си мислите дека сум некој нејзин хејтер. Далеку од тоа. И’ ги обожавам песните. Но, стајлингот и го срамнувам со чиста 0.
Во врска со темава би ги постирала следниве видеоклипчиња кое ги пронајдов по Јутупчето. Знам дека има многу такви и слични, ама овие некако ми привлекоа солидно внимание. Факт е дека стилот на Талија (особено последниве десетина години) ми се допаѓа, но да биде идол од детството на Лејди Гага?! Што ќе да беше ова? Оние кои се сметаат за модни критичари слободно нека погледнат и нека го кажат своето мислење (ако веќе имаат такво). Не очекувајте да видите исти модели на парчиња облека ами едноставно некоја си скриена инспирација. Меѓудругото, крајот на едното видео ме пресмеа (омилените теленовели на Гага). http://www.youtube.com/watch?v=TCz6Gl0u ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=L8bvtfaC ... re=related Spoiler Талија ми е подобра бре (божем не знаете )
Мене па ми е тотално модно промашување.Океј е да бидеш различен ама она претерува,реткост е да ја видиме во нормално издание.Ама сепак да не беше нејзината контраверзност можеби и не би била толку успешна како што е денес.
Тотално се сложувам.не викам дека нема талент или друго,ама модна икона? не. мислам,да се носи фустан од месо,да се има шкорпија во форма на рак како капа,на доделуваче на музички награди да се дојде како да испилува од јајце...ма неее
модна икона дефинитивно не е а промашување уште помалце јас ја сакам зашто е необична и секогаш различна а со тоа дали кај некој негативно или позитивно она си стекнува публицитет и рејтингот и се зголемува така да она си има свој стил и слава со тоа