Една од ретките продавници низ моловите каде сум нашол нешто да ми се допаѓа и да купам. Во Рамстор најсреден им е.
Последнава година, не сум нашла ништо убаво во Waikiki. Една иста облека ја вртат цело време, ќе влезам и за 5 минути ќе излезам без било што да купам. Претераа и со цени, порано убави попусти имаа, пристапно место беше и тоа што го имав купено порано си го износев. Не се тоа што беа.
Јас кога бев во тој во рамстор во детскиот дел се вака беше: Буквално... Имам најдено убави парчиња и големи попусти,но сепак не е како порано.
Сликава. За хаосот се криви муштериите, во сите продавници по моловиве се запрепастувам кога ќе видам луѓе како расфрлаат облека, каква некултура значи.
Што им е со цениве.. Пролетта зедов два пара детски долни тренержиња за 399ден, пред некој ден гледам се продаваат посебно по цена од 599ден за еден пар… значи ем стара колекци ем поскапи
Пред неколку месеци на големата патики на попуст и зедов 600 за физичко, сега истите 1300 се Значи ептен збудалија
Ја претераа стварно со цениве, долни тренерчина 1549 Поефтини се наоѓаат во спортскиве продавници а и патиките исто, најк се продаваат по приближно таа цена
Одамна престанав да купувам од нив. Имам впечаток дека квалитетот им опадна а пораснаа цените. Ми се случува да најдам поквалитетни и поефтини парчиња гардероба во бутици и брендови што важат за поскапи.. Еве на пр за деца кога купувам за поклон, поефтино проаѓам во Venice него во Waikiki. Уште и на попуст ако имаат соодветен број разликата е и поголема. А во квалитетот ми се неспоредливи. Venice сме ги предавале од дете на дете и ги носат со години. Дури и после безброј перења задржале и боја и форма и покажале издржливост.