Тоа што сакав имаше добра цена, ама не стигнав да пробам. И никој/а ме кажа дали уште трае попустот во Waikiki.
детска јакна што лани ја купив во сезона 1300 ден, оваа година истиот модел боја, е 3000 ден, претераа со цените
Богами после долго време и ја да начекам убави и ефтини работи таму. Оваа година некако слаб избор имаше, барем за мој вкус.
Не знам зошто уште влегувам и си трошам време да видам што имаат. Ништо немам најдено цела 2022. Ајде што цените им се претерани, целата облека е неквалитетна, со упки блузите уште не купени, панталоните неквалитетни. Порано имаа и големи броеви, пристојни цени, квалитетна облека, сега ѓубре..
Имам наоѓано парчиња и по ниска цена што се со ок квалитет. Всушност повеќето од мојата облека е од таму. Задоволна сум со квалитетот,но не и со цените.
Значи преваранти на најјако..чорапите за малите ептен ми се погодени а во последно време бајаги се поскапени. Денес бев да земам и као намалени. 249 ден ги купив а обично старата цена е а под неа новата намалена. А сега само црвено ливче ставено. Го извадив црвеното ливче и под него цената иста. Резил
За ова можеш да ги пријавиш во пазарна инспекција. По закон, при попусти секогаш мора да биде видлива првата цена и сите нивелации/намалувања со процент на попустот. Со приложување на фискална сметка и етикетата во инспекција, ќе си добијат многу убава казна и другпат нема да им текне вакво нешто. Ама се додека молчиме, ќе се случуваат вакви работи.
Дали бил некој деновиве во ваикики, бендисавме ски јакна за синко ама 4500 беше па дали им е намалена... Инаку му земав есенска како мантилче од 2399 на 1050 намалена, затоа очекувам и оваа да ја намалат...