Да знам но се понадевав дека за крај на сезона ке ги спуштат до кај 2500, јас сакам за следната зима да му земам сега на попуст, но гледам на фб има дводелни скафандери за 1990 дебели со полар внатре, барем со реална цена, секако две сезони макс ќе го носи и ќе му се смали...
Не се сложувам со тоа. Денес ако гледаме така се е поскапено. Сите ја величат Зара и за неа во ред е да има невозможни цени, а другите брендови не. Од Ваикики се што сум зела досега е супер имам блузи што се по 5 години стари и супер се. Плус имаат плус сајз, дел за трудници и друго.
Да, сѐ е поскапено, и тоа го имам приметено пред година дена, не баш сега. Особено ми е интересно што, во делот за попусти, цените одат нагоре заедно со величината на артиклот-многу поскапо ќе платиш за поголем број фармерки, во споредба со најмалиот број. Во Ваикики барем, порано не беше така.
јас вчера во ист гејт бев во делот кај фустаните со цени од 500 ден одбрав две фустанчиња едното бело 600 ден а другото црно со јака без етика и цена и викам ајде горе доле сите што ги видов се до кај 800-900 викам нека ќе си ги земав тргнав накај гардероба и случајно на девојчињата што работат таму им реков да проверат за среќа и кога испадна дека фустанчето без цена е 1350 ден арно не се шлогирав на каса кога ќе ми наплатеа ....подло од нивна страна
А зошто подло? Пред да се купи нешто се прашува за цена ако нема. Паднала цената, веројатно некој муштерија ненамерно ја скинал.
да разбирам на едно ама на сите фустанчиња од истиот модел да нема ни етикета ни па цена, и не беше падната проверив ...
Proveruvajte mnogu od oblekata sto e na popust ima dupchinja Kaj sto se etiketi I toa plastichnoto sto go vadat koga naplakaat. Edvaj najdov eden proizvod sto nema pusten kotelec Ili dupce.
Јас приметив еднаш xxs, xs, s беа на попуст, другите броеви имаа повисока цена. Следно 2xl, 3xl, 4xl, 5xl беа на попуст како се намалуваше величината подолу цената беше повисока. Ни набиваат комлекси или што хахахха. Како и да е сепак може да се најдат убави парчиња.
Тоа што викаш со цени од 500 денари тоа им е маркетинг трик на сите поголеми ланци. Фустани од 500 денари. Кога ќе одиш таму некој никаков фустан ќе е 500 денари, другите цени повисоки.