Буквално ништо не ми паднало во очи, за да си го купам. Нема скоро ништо по мој вкус, па одамна веќе не ни влегувам внатре.
@Viktorijaaa5 не си единствена Често купувам облека од таму, има некои ствари што се по мој вкус. Кога бев крупничка, по бутициве не можев да најдем бројче, и се тука сум наоѓала. Можеби малце цената им е соленка, ама затоа досега се што сум зела, квалитетот е супер
Јас сум многу задоволна. На почетокот на летото отидовме прв пат за 6000 денари изкупивме еден куп работи и за мене и за маж ми и за син ми. Многу се израдував што од се имаше броеви за мене, што обично е проблем. Квалитетот исто ми е задоволителен, едно фустанче по грешка го исправ на 40 а пишување на 30 па ми се размачкаа малце боите ама тоа си го сметам како моја грешка. Сега пак купував есенски работи и најмногу сум задоволна од мантилчето. Ми се допаѓа што сите работи од колекциите им се компатибилни со бои и текстури па може да се прават убави комбинации.
+1 за задоволните купувачи од waikiki. Нормално е за нова колекција да се цените малку нереални, ама да ги начекаш на попуст за смешни пари можеш. Плус ми имаат добар квалитет, за разлика од Бершка каде што едни фармерки ни 3 месеци не ми издржаа. Настрана за парчињата облека што ги носат, дефинитивно многу на место облека. Некој би рекол бабски стил е тоа, но мене не ми се допаѓа толку многу да сум разголена и во све искинато на мене партали, сакам елеганција и тоа е тоа.
и јас сум задоволна од ваикики, посебно од детскиот оддел ...работите што ги имам купено за синко се со супер квалитет ..не мрднале ни во големина ниту пак бојата им се има сменето.. јас за мене имам земено неколку работи и сум исто задоволна
Јас НИКОГАШ не сум купила од овде. Воопшто не ми се допаѓа. Ништо. Некако, многу многу одбивна продавница ми е.
Имам купувано од Турција пред некоја година уште пред да се отвори кај нас и тоа за децата повеќе.Дури и ние кога бевме деца сме ги носеле и од тогаш имам некои работи на кои ни конец им нема попуштено и децава мои си ги носат.Тогаш и мајмунче имаше на секое парче облека,таков им беше знакот. Ама од ова овде што се нуди кај нас ништо не ми фатило око. Некои работи имаат децава на поклон што ги добиле и ОК си се. Просечно ,ништо посебно.
http://www.lcwaikiki.com/en-US/product/LC-WAIKIKI/teen-girls/Boots/2363300/471770 ова го има кај нас?Колку пари се?
Многу сум задоволна од LC Waikiki имам купено фармерки,кошули,џемперчиња,наметки и до сега се ми се погодило пери носи што се вика
imam kupeno od niv maica i helanki i kvalitetot im e super od ramstor od taa prodavnica gi kupiv i cenite mislam oti se ok
Таму секогаш наоѓам некое парче облека што ми се свиѓа. Имаат добар квалитет, само што реалните цени за нашиот стандард им се за време на попустите.
Голем дел од гардероба што ја поседувам ми е од ваикики купена, чизми, зимска јакна, кожна јакна, џемпери, блузи, кошули, маички, панталони. Колекциите им се тренди и кежуал
Се што сум си купила од таму ми е супер. Имам купено неколку кошулки и џемпери за секој ден и мака немаат уште... Мене ми одговара и цената и квалитетот. Обувки не сум купила никогаш од кај нив.
Ова оти добив лајк на мислењево, сум заборавила и дека сум го пишала. Ќе си се негирам сега сама. Се што имам купено, не ми е мрднато, а перам во машина. И облеката и обувките се покажале квалитетни бар до сега.
И обувките им се квалитетни? Јас никогаш не сум купила обувки од таму. Евтини се и некако ми е страв да не фрлам пари за џабе. Не сум баш при пари периодов а имаат едни вишна обични чизми ми фаќаат око.