Јас имав чизми од тука и ги носев две години, но не попуштија, само мали ми станаа. Да ми беа точни уште ќе ги носев. За удобност, не ми беа баш најудобни, но јас сè уште не сум си нашол чизми кои ми се удобни, што најверојатно не е до нив, туку до мојата нога.
на децата скоро цела гардероба им е од таму.Се е топ со квалитет,убави дезени,убави бои и приступачни им се цените
Да. Купив на тепка два пара патики, дезенот ми се допадна, перени се во машина 1000 пати и уште се читави. И кратки чизмички зимоска купив( арно ме потсети сега да ги извадам од кутија) ми се погодија ептен. Ко што сум зимурлива во нив ногата топла ми стоеше. Така да не се мисли купи си Едит: Не ми е спонзор ваикики да правам реклама
И јас ти потврдувам за обувки. Купив летово едни еспадрили за 350 денари, маста им ја извадив со месеци носење, и перење и сè, и немаат никако попуштено. Инаку имам зимано доста работи, од јакни и фармерки до блузи и шешири, и сум ептен задоволна од квалитетот, а и цените се сосема пристојни.
Високи чевли машки,од оние со варена гума,светло кафеави,син ми цела зима ланска ги носеше,снег и потоа кашканици,сув во нозете,не пропуштаа,и сега пак исти му зедов,а 1149 ден се во Вајкики.Фармерки,блузи,вентијаги,перени душа им се вади,но не се ни растегнати,тренерки долни исто за него,ни коленици не им се прават,на растегнување мислев.До сега сме задоволни,а и цените им се добри,попусти имаат,па од таму си купуваме за него.
Не ме бендисуваат материјалите воопшто. А купувам од таму и сама незнам зошто. Машкиот дел некако поквалитетен ми е. Ми се допаѓа што можеш замена без проблем да правиш. Инаку, детската и бебешка програма е за пофалба. Материјалите се одлични. Цени приступачни. Попрво би зела од тука отколку Зара пр.
Летото земав едни балетанки од таму. Абе ги изнаносев за овие 3/4 месеци..ништо не им е..како нови се.. Имам купувано и маички.Исто и со нив.И после толку носење,преперување ништо не им фали.Не се ни растегнати,ни нишш.Погодни им се. за нив . Спојлер Плус..Супер е што не прават проблеми за замена на артиклот .
Најсупер продавници. Влегувам и се заборавам хаха, ептен ми е пријатно суредена, продавач(к)ите се секогаш фини и слободно да прашам можам се. Најфино од се е што не трчаат по мене како крадец да сум, туку слободно можам да си роварам низ алиштата и полиците и закачалките без некој да ми рече нешто. Заради тоа чиста 10ка. Алиштата исто им се супер, ама некои од тие џемперите зимски после извесен период под пазуви си фаќаат некој мирис, дали од дезодоранси или ради лош квалитет на памукот не знам. Ама не сите, туку некои. Пример ист џемпер имам во различни бои, едниот мириса, другиот не. Главно им се супер, пошо долго може да се носат, а конче да не им фали. Права продавница голема да влезеш да се изнаразгледуваш, и пристапни цени имаат. Посебно ми се омилени попустите на крај на сезона, на крај на ова лето си изнакупив фармерки по 399 денари и блузи за 199, 249 ден.
Робава од Waikiki за Македонија е bullshit. Најверојатно се работи за некоја најдолна чкљ класа што би се рекло. Машката роба е добра и онаа за бебиња и деца. Друго се е крш. Материјалите мирисаат полошо од оние нарачани од Ali Express. Разочарана сум.
Влегувам како крајна солуција ако нешто не најдам. Лично за мој вкус нема. Една јакна ја земав и тоа дека ептен дебела а солидна цена, се покажа супер и една туника имам, ок е . Цените без попуст се високи за квалитетот. За дечиња гардеробата е слатка.
Му купив на син ми денес чизми од овде. Многу ми се допаднаа, и место од ДСМ или Кеги, ги зедов овие. И сега читам кинески. Мислев турски се. Досега се квалитетни обувки купував, ама што ми стана, ми влегоа во око, плус и ефтини 1250 ден. Сега шубе ми е. И имаат фина гардероба, особено за деца. И за мене исто. А цени ефтини.
Јуле обувките се океј, барем од мое искуство. Имам купено зимски чизми некој модел сличен на Тимберленд, мислам дека и на нив пишува made in China (баш ќе проверам), но како го греат стапалото немам зборови. И спортски фини патики (ме освои цветниот дезен) кои ги убив од носење за 1200 денари. За балетанките од по 350 и 400 денари да не зборам, многу се удобни како за балетанки. Цела пролет и цело лето ги убив од носење, ниту се изобличија, ниту пак ми направија проблем со стапалата. Многу се изненадив, секако позитивно. Мене омилен оддел ми е Waikiki Home. Какви постелнини имаат, многу убаво изгледаат но не сум купила. Крпите за во бања се одлични, меки и не пуштаат боја, ниту пак се туткаат при перење. Долна облека, чорапи, ми се допаѓа речиси целиот асортиман. Единствено избегнувам да купувам обични маички, затоа што имам впечаток дека материјалот ќе се излити, а и реално - обични маички купувам онлајн или низ маалски дуќани за многу пониски цени.
Ама навистина се многу топли, и тоа ми беше пресудно оти син ми само чорапи носи. Плус лесни, а убави. Цицибан беа 3500, а јас за тие пари му купив и тренерки 3 пара. Ве читам со многу негативни коментари, а јас бев пријатно изненадена. Плус од турска роба сум секогаш задоволна. Што знам, ми држат квалитет. И јас бев во тој кај Дафи и немаше за Home. Како и да е, ги купив веќе, секако се само за една сезона. Ногата му расте многу брзо.
Сум купувала од LC WAIKIKI (најчесто мајци и блузи) но најискрено има многу работи што не вредат за таа цена.
Kupiv visoki farmerki od Waikiki... Po edno perenje sto da kazam, od crni beli stanaa... Isto mashki farmerki kupija brat mi I tatko mi, site 4 para od crni beli stanaa, duri linii beli se pojavija. So boja za tekstil gi farbav ne be covece nikako ne se vratija vo normala. Za maici zenski se naogja nesto kvalitetno, ama sum zadovolna
Има и избор и нормални цени. Само ме нервираат оние маркетиншките "трикови"- СЕ ОД 299 ДЕНАРИ А на штандот само едни блузички по таа цена,абе тенки,преку нив да те види човек. Цените на производите едни,на каса сосема друго.Среќа што секогаш на каса наплаќаат помала цена бар за 200 денари @duffi има мал дел и постелнина и крпи (во Сити Мол)ама не су застанала никогаш да видам што се нуди.
Мислам дека сега ги прават во Турција. На почетокот кога почнаа да работат тука, мислам дека беа кинески, ама сега не се. И јас купувам за децата оттаму, особено за големиот стално земаме патики. За тие пари солидни се. @referentka, цените си се наведени на соодветни етикети закачени за самиот артикл. Не е можно да се разликува цената на етикетата и на каса, освен ако не пресметуваат дополнителен попуст ( велиш дека е едно 200 денари пониско на каса).