Од 30 артикли на штандот само ЕДНА е 299 @Annath реагирав за цените и ми кажаа дека немаат време да ги менуваат постојано. Олеснително е што се повеќе од 200 денари поефтини производите ама пак да знаев,на попуст од три производи ќе ми останеа 600-700 денари и ќе си одберев нешто плус. Иначе,ми објаснија дека секој вторник имаат попуст на машка гардероба,среда на детска,четврток на...и при таква динамика неможат да стасаат да менуваат постојано.
И да има само еден артикл со цена од 299 денари, логично е така да напишат. Впрочем, секаде во светот е така, не само во Ваикики. А во однос на цените, ако навистина е така, наводно немаат време да ги менуваат - е па зошто се вработени? Ама не ме изненадува, нашиов народ си е така научен, изговорот за немање време е најлесен. Знам дека кубурат со персонал во Ваикики, ништо ново, ама тоа не е изговор.
@Annath сега ме смири малце . Избегнувам кинески обувки па затоа. Многи се убави чизмите, ама сеуште неиспробани оти син ми упорно сака во патики да оди иако надвор истура дожд.
За мене немам ништо купено од таму, за ММ и за ќерка ми сум купила доста работи! Особено ми се допаѓа детската колекција, баш убави и штосни парчиња, убави бои, интересни дезени! Мене и цените ми одговараат, ако споредам со она кое го купувам од помалите ,,обични,, детски бутици ми доаѓа Ваикики и поефтино! Тренерки Брезе за малата купив 1200 денари (обелеа на третото перење, кој ги користел знае што зборам), тренерки искомбинирав од Ваикики за 1000 денари ем поубав дезен, ем за нијанса поквалитетни! Не дека нема да се расипат и овие од Ваикики , обелуваат и они знам тоа, ама пак подолго ги носиме! Всушност, како ќе се погоди, едни хеленчиња скоро ги земав од ваикики, па ептен никаков материјал, нерастеглив! Ако како бренд ги споредам со пример H&M секако не се коментира квалитетот, но вака како бренд на нашиот пазар мене ми одговараат и како цена и како квалитет!
@referentka @Annath Гледам за тоа сте муабетеле па да прашам - кои работни денови има попуст на женска гардероба? Дали беше среда или четврток, како одеше?
Едно време во среда имаа попусти, ама дали беше само на женска гардероба не знам да ти кажам право. Ај ќе прашам, па ќе те информирам точно, ако не ме претрка некој
Ај ако разберете, пишете. Или кој било ако знае. Ќе купувам јакна, па и 10-15% не се малце, ќе можам и едно шалче успат да земам.
Влегувам често и понекогаш не бендисувам ништо, а понекогаш бендисувам многу работи. До сега имам купено 2 производи и сум многу задоволна. Едниот е џемпер/наметка со качулка и мислам дека ми е омиленото парче облека, преквалитетен е, многу добар материјал, башка изгледа интересно. Вториот производ е пролетно/есенска шушкавец јакна за на дожд која сум ја користела на невидени дождови и никогаш не пропуштила. Да имав почесто пари верувам дека до сега повеќе работи ќе купив од таму. А мајка ми има купено најмалку 10 блузи и многу е задоволна, константно се враќа во ваикики. Според импресиите на членовите погоре во темата, изгледа треба панталони/фармерки само да се одбегнуваат. П.С. Тој ден со попуст што е (четврток за жени?) значи при бирање на облеката сами да си направиме пресметка со попуст бидејќи нема да биде запишан на самото место? Туку на каса ќе ти потврдат?
Прашав. Конкретно попуст само на женска гардероба нема. Секоја среда има попусти, ама на одредени артикли, не на цел асортиман. Попустот е за машка, женска и детска гардероба, зависно од артиклите. @MissChievous јас па имам едно десетина пара панталони и фармерки од Ваикики, меѓу кои и трудничките. Најпогодени ми се, квалитетот им е ок, ама и бројчињата ми се погодени, оти имаат опции(бројчиња) за пониски и повисоки, т.е според должината на нозете (пример 38R и 38L). Откако купувам во Ваикики не кратам фармерки и панталони. А порано морав да ги кратам секогаш, а со тоа се губеше и оригиналниот модел.
Многу работи купувам од тука. Чизми кои ги зедов лани од таму сеуште се здрави и во добра форма, ама чизми кои ги зедов годинава едноставно чудно ми седат на нога, ама се сепак квалитетни. Најчесто купувам фустани, и ќе излажам ако кажам дека се лоши. Многу работи купувам од таму и сум многу задоволна. А ова со попустите денови, има и во Битола? Јас па немам забележано.
Мислам дека важи во сите продавници. Ама скоро секогаш имаат намалување на одредени артикли, нема период кога воопшто немаат попусти.
Jas totalno se razocarav od Waikiki. Bluzicka za deteto 3 pati oblecena cela izblede. Moja bluza torba se napravi. Sakav nesto da smenam mi dadoa formular da popolnuvam so potpis pa objasnuvanje zasto menuvam. Pa ova nikade ne sum videla. Sum menuvala na nekolku mesta nikade nisto ne ti baraat samo fiskalna i da e vrateno vo predvideniot rok.
Тоа им е за нивна лична евиденција. Инаку, во Ваикики враќаат и пари. Без проблем. Во другиве продавници не е баш така. Плус, тука никогаш сум немала впечаток дека треба да се објаснувам зошто нешто враќам или менувам (како во другиве продавници) Едноставно, пополнуваш фомулар и ти менуваат или ти враќаат пари. Квалитетот 90% им е солиден за парите. Имаат и неквалитетни парчиња, ама поголемиот дел што сум купила (а претежно за мм и ќерка ми купувам) се покажал солиден. Како што кажав, односот цена - квалитет им е Мене ми смета што мора во истата продавница во која си го купил парчето да го враќаш. И што немаат ист асортиман во сите продавници, па мора да ги шетам сите за да најдам тоа што ме интересира.