Јас вчера бев.има женски и машки интересни работи.си купив палто такво скај подебелко за 1099ден.интересно со патенти.во детско не бев.ама имаше и многу гужва
Имам многу облека од LC Waikiki. Јас лично сум задоволна од брендот. Ако овие парчиња што ги носат во Македонија се едни од полошите, тогаш можам да замислам колку се убави тие кои се продаваат во странство.
Сега на одмор бев во турција и бев во ваикики 70посто е поефтино од тука Фармерките беа од 7 до 11 евра.маички од 3 евра нагоре За дечиња од 2ипол евра нагоре и тоа доста интересни Ако идете натаму влезете испазарувајте си
Истите парчиња се. Пред некое време бев во Анталија и бев во Ваикики, значи истите модели истите цени и истиот квалитет. Сегде носат иста роба.
Имаат добри работи. Пред 2 месеци си купив црно-бели панталони за 700 денари , супер се, како за лето, тенок материјал и удобни.
Од фармерките не сум задоволна,зедов црни и со првото перење избледеа ама затоа се друго што има купено ми се покажа ептен квалитетно инаку често пазарам од таму
Не купувам многу од Ваикики, ама се наоѓаат интересни работи. Нешто по што ми се издвојува од останатите продавници во Скопје ми е услужливоста на персоналот. Толку се сите љубезни, да се чудиш!