Тоа е некој вид еко-кожа. Имам купено таква јакна пред три години и задоволна сум. Воопшто не е испукана и згужвана.
Јас баш се мислев дали да земам ама гледам ги тргнале. 3 пати пробав и никако не можев да се одлучам.
Различна е должината затоа што има високи и ниски луѓе. Затоа има бројчиња 38L и 38R. Со ознаката L е за луѓе со долги нозе (повисоки), R е за оние со пократки нозе (пониски). Со обелување немам искуство, воопшто не ми обелело ништо до сега.
Јас имам патики купувано, ги начекав неколку пати за смешна цена на попусти, и искрено ги имам утепано од носење. Нормално не се кој знае колку квалитетни, ама за тие пари јас сум барем задоволна. Имам многу поскапи патики купувано кои не ми издржувале толку.
Порано (до пред 2-3 години) машка облека се наоѓаше по некое добро парче. Сега ништо убаво за избор нема. Не знам кај женските како е, ама за машки слабо избор. Во Бугарија во Ваикики има поголема продавница и многу подобар избор. А цените се исти.
Јас имам земано чизми ептен ми се погодија.Секојдневно ги носам како нови се.Искрено не очекував дека ќе издржат толку а ги зедов многу ефтини. Ниту пак пропуштат вода и снег.
За себе немам купено ништо, ама бебешки работи што купив што 2 пати неделно на 90 степена се перат, презадоволна сум. Конче не попуштило.
Една од омилените продавници ми е. Кога и да влезам, не излегувам со празни раце. Баш уникатни парчиња облека имаат и со квалитет досега сум немала проблем.
Цените навистина се пристспни. Порано многу купував. Сега кога и да влезам гледам партали, не знам зошто многу ретко наоѓам некое добро парче. Патики немам земено, имаа слатки модели зимава исто имаше убави чизмички но братучетка ми не е задоволна.
Јас имам купено чизми од Waikiki пред неколку години, многу беа убави, не памтам да се оштетија однадвор, ама пренеудобни беа. Не знам ни како ги доносев зима и пол.