Јас во петокот начекав убави бебешки комплетчиња , кога купував за едно бебуле . Искрено марамите за на врат , од оние како моторџиите што имаат , ми останаа во очи . Купив две за бебушот , ама се каам што не купив и за мојте . Брзав , и ете не купив .
Не е потполно ист. Има некои работи што ги има во еден, во другите не. Но доколку ти е за број пример можеш да се обратиш да проверат во која продавница го има.
Се' што сум купила од Waikiki се' уште носам и е со супер квалитет. Кога и да појдиме со дм си наоѓаме по нешто. Ми се допаѓа и тоа што на раат можам да си разгледувам без да ме следат продавачки, прашувам само ако ми треба друго бројче. Дефинитивно омилено место за шопинг.
Дали во Василики имаат гифт картичка односно да платам и да ми дадат картичка со одредена сума која што ќе можам да ја дадам на поклон на некој.
Има попуст ама е толку растурено што треба труд за да најдеш нешто. И не е до продавачките туку до нас.Ние правиме неред. Има рафтови т.е. закачалки со ептен намалена гардероба дури по 199 ден за памучни блузи, ама треба време да ги најдеш.
Отко е коронава немам влезено во Ваикики. Таму се почитува сиот вирусен протокол и не ми се чека ред надвор, а и кога нема редици, сите тие мерки ме потсеќаат на вирусот и тоа ме одбива. Влегувам во бутици кај што нема народ.
Јас купив пролетта чорапа чизми од кај нив. Малку ме фати дожд и ми се одлепија на некои места, не беа баш ефтини 1650ден.
Дали имате приметено дека на нивната официјална страна алиштата се поефтини од мк? И тоа за 300-400денари
Досега два пати имам купено чизми од Ваикики....Добри се за суво време, на дожд едните ми пропуштаат, другите не се дрзнувам да ги пробам на такво време....но на суво можиш да ги носиш со години. Барем мене така ми се погодија.
Никогаш не наоѓам нешто што ми се допаѓа, а влегувам одвреме навреме додека разгледувам/купувам. Едноставно моделите не се мој стил, а често немаат ни доволно мало бројче. Инаку верувам дека квалитетот им е добар.