И јас за себе скоро ништо немам купено од таму. За деца има многу избор и квалитетно е, но мислам дека робата е поприлагодена кон пополнички. Освен, сега ми текна фармерки имам неколку пара од таму, супер се со квалитет и цена.
Редовно може да се најдат xs блузи, маици....барем во мојот град....а во скопје имам влезено во ваикики во сити мол и многу беше растурено и оттогаш не стапнав....како да не се работи за истата фирма
Често знам во она во Топанско што е Ваикики аутлет да појдам.Во глобала има повеќе избор поголеми бројчиња,ама може да се најдат океј ствари. И доста машки работи исто така,ефтини пантолони и фармерки.Баш за некој смешни цени (500,600 денари). Во овие другиве(нормалните да ги кажам ) зависи коа како,не знам зошто ми е одбивно.Многу непрегледно,чудно.Ствар на вкус,ваљда.
Некој спомна имале убави летни сандали, па ќе одам да видам деновиве. Дали некој има купувано било какви обувки од Ваикики да кажете како ви се погодиле?
Jaс имам купувано и балетанки, и патики, и еспадрили. Во глобала повеќето обувки ми се од таму и задоволна сум. Супер квалитет за тие цени.
Ги разгледав има убави ама ми изгледаат како неквалитетни, мислам од минатите години обувките од Ваикики изгубиле на квалитет
Па за 600 ден патики 500 ден сандали не знам каков квалитет барате. Јас имам патики од таму и супер се. Има сега убави сандали до 600 ден, многу ги купуваат. Има доста избор.
Сум задоволна, не премногу, ама за цента се солидни, втората сезона кога ги носев почнаа да се одлепуваат, ама сепак првата ги изнаносев.
Се слагам. Баш денеска гледав истите работи преку една година ги продаваат. Ништо посебно ново немаат, а и тоа што им е ново е безврска. Порано стално си купував нешто од таму, но сега не знам што им е со облеката у последно време.