Leaving Neverland (дискусија)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од DzingrlakaDzikica, 12 март 2019.

?

Верувате ли во изјавите на жртвите?

  1. Да

    54,5%
  2. Не

    45,5%
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    2.599
    Ајде да дискутираме. Го гледавте ли документарецов? Верувате ли во изјавите на жртвите? Еве темава нека биде за квалитетот на самата содржина ама и ваши лични мислења во поглед на ситуацијата која веќе се тегне со години и години.

    Leaving Neverland ги следи животите на двајца мажи кои тврдат дека Мајкл Џексон ги злоставувал додека биле деца. Изобилува со бааги детални описи, државата Јута дури има и специјален тим за советување на гледачите (во случај да се потресени од тоа што го виделе на екран). Некои од нив навистина дури покажале симптоми на ПТСД.

    Овде ќе го оставам и интервјуто со Опра, After Neverland.
     
    На cresa-jagoda, ane.bella и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    79.217
    Пол:
    Женски
    Не го гледав документарецот иако ми се појавува во нови работи за гледање на HBO go. Ич не ми се гледа и мисли дали било вистина или не. :) Во периодов ми се чини дека еден куп луѓе исполовија,па и пресуди паднаа (Козби) али ова со Џексон упорно се влече :)
    Ги читав коментарите под секоја статија посветени на темата. Читав за фановите што имаа закачено билборди "Facts don't lie. People do". Видов дека се повикуваат на истрага од FBI кои го следеле Џексон пред зилион години и кои, не го уловиле демек па наводно, ради тоа сметаат дека се докажало дека не е виновен. Од друга страна налетав на статија која зборуваше за тоа дека FBI и не баш се труделе да го уловат Џексон пошто, баш во тоа исто време Џексон требало да биде одликуван од тогашниот претседател... го користеле во кампања против злоупотреба на алкохол и шта ти знам... и ради тоа и истрагата била забошотена. Небитно. Цела приказна за човеков ми е напорна. Што и да е,штета што по неговата смрт се бутка да се оконча. Требаше дур беше жив.
    Ама исто така ми е напорно и она..забрана на уметноста на овие луѓе и бришење од историјата.
     
    На PaLaVa, g8lQQk, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    3.565
    Пол:
    Женски
    Не им верувам.Не кажуваа додека беше жив.Ниту кога беше тазе умрен.
    Сега им текнало да раскажуваат.
     
    На Stressed Out, honest girl и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе кажам. Гледајте го документарецот и после гледајте го интевјуто со Опра. Крив е како никој !! Перверзно педофилиште. Се има убаво таму објаснето зашто и како кажале и кога кажале. Безгледање не заземајте став. Мене желудец ми се превртуваше кога го гледав. А сега излегоа и докази дека Реган и ФБИ го заташкале целиот процес во 1993 со тоа што Мајкл побарал да се договори вон суд за цена од 10 милиони долари за детето, по 2,5 милиони за родителите и 5 милиони за адвокатот! Малку е глупаво да одиш да се пазариш со толкава сума ако имаш докази дека си невин!! Еден од двајцата од документарецот сведочел во 1993 во негова корист а одбил повторно да сведочи во 2005 година. Гледајте го филмот.
     
    На cresa-jagoda, m.i.g, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    47.493
    не сум го гледала документарецов сеуште, но што и да бил педофил навистина.
    Ќе престанете ли да му ја слушате музиката?
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.400
    Допаѓања:
    69.443
    Пол:
    Женски
    Има ли торент?
    Ќе го гледам јас викендов, ако го најдам, немам HBO ама би требало веќе да го има по нет. :?:
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Go ima.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum bila fan na MJ. Muzikata si e posebno. Deka bese muzcki genij toa nikoj ne go osporuva. Ama i deka bese pedofil bese i mokjta mu dozvoli da se izvlece. Ve molam gledajte pred da komentirate.
     
    На Alisa22 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    15.531
    Пол:
    Женски
    Досадни се со ова.
    Ми изгледа како додека бил жив и ги поткупувал добро им било па молчеле а сега откако умре сакаат пак да ќарат нешто еве вака преку документарци, реклами, сликања итн...
    Се е бизнис, се е за пари, од двете страни гледано.
    Јавна тајна е дека бил педофил и смешно е што толку години истото "не може" да се докаже.
     
    На Alisa22, PaLaVa, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Го гледаше филмот? Или само така кажуваш?
     
  11. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    4.521
    Допаѓања:
    11.315
    Пол:
    Женски
    Ех, да беше само тој. Нему му излезе муабет во јавност.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    15.531
    Пол:
    Женски
    Така само кажувам.
    Филмови се прават секој ден.
    Еве бидејќи нема да го гледам набрзо сигурно, имаше некој доказ од место на настанот, на пример како го злоупотребува?
    Верувам дека има големи шанси да е вистина, ама сето ова е маркетинг. А случајот ако можел да се реши ќе се решел одамна. Со толку пари и моќ, мислиш ќе оставел некој доказ?
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Имаше. Ама подобро не го гледај да не ти се урне сликата за безгрешниот Мајкл. Нели она што не си видел и не си слушнал не се случило.
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    15.531
    Пол:
    Женски
    А додека Мајкл Џексон бил жив, го немало доказот?
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    За сите прашања го имаш филмот. Јас нема да го прераскажувам.
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    2.599
    Не се согласувам со тебе, @zhap4e. Факт е дека човекот бил легенда и талентиран, оставил големо наследство зад себе ама ако изјавите се точни, светот треба да знае дека оваа суперѕвезда (и покрај талентот) била далеку од добар човек. Ако бил педофил, тогаш сите вклучувајќи ги и неговите најголеми обожаватели треба да го симнат од пиедестал.
     
    На oblace1, nena2010 и Abeja им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    79.217
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека многу подобро ќе беше да беше симнат од тој пиедестал дур беше жив. Сега кога е починат ми е буквално сеедно, искрено, иако сакам да биде и формално на папир дека бил педофил. Ама, забрана да се пушта негова музика, па уште и од Симпсонови изваден... за мене сето тоа е како перење на нечија совест. Ликот беше оставен да твори и да прави богатство и да го користи истото тоа богатство за да потплаќа и малтретира деца. А, дека секој треба да знае дека бил педофил, треба.
     
    На oblace1, theowndemon, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    4.521
    Допаѓања:
    11.315
    Пол:
    Женски
    Мајкл Џексон во 2000-те медиумски генерално беше покриван со потсмев. Дури по смртта воскресна суперѕвездата.
     
    На Gosh, zhap4e и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    2.599
    Се сеќавам на времето како медиумите го претставуваа: екстремно чуден и жртва на неговиот татко. Мислам дека беше најпознатиот фрик во шоу бизнисот. Списанијата беа полни со приказни за тоа како носот му паднал сред продавница, како правел чудни работи бидејќи немал детство (екстремен пример на Петар Пан синдром), колку е сам и тажен. Дека е жртва на индустријата, фамилијата, расистичкото општество, луѓето околу него...

    Сето ова погоре предизвика луѓето главно да го сожалуваат. И затоа не ми е чудно што се уште има некои кои застануваат во негова одбрана.

    Факт е дека тој бил емоционален манипулатор кој злоставувал момчиња КОИ ГО САКАЛЕ, а не агресивен отмичар. Го болдирав зборот зашто како што спомнав погоре, оперирал по шаблон. Мета му биле најчесто млади, бели момчиња. Не девојчиња. Затоа муабетот „Мајкл едноставно ги обожаваше сите деца“ паѓа во вода.

    Земете предвид дека на ваквите жртви им е потребна терапија со години пред да можат да се соочат прво со самите себе и она што им се случило, со семејствата (оти никој не ги спомна мајките?) а тек на крај и да излезат пред светот. Многумина од тие жртви на крај и никогаш нема да излезат пред јавноста, во случајов она што ги натерало жртвите да прозборат било раѓањето на нивните синови.
     
    На oblace1 и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    21.683
    Пол:
    Женски
    Apsolutno. Imase vicevi imase parodii .. znaci se znaelo ama se zataskalo!! Mokjta i parite pravat se! Da ne se lazeme, Oprah znaela i kjutela i taa e kriva. Site do eden sega sto sikacaat kako pecurki treba da se vodat za vinovni. Od menađer koj gi ciatel gnasotiite za pari do advokatatkiot tim kon debelo bil olaten da go brani da potplakja. Tek kje izleze na videlina se. A za toa so muzikata.. malku mi e preubeliceno. I Jerry Lee Louis bil so 13 godisna pa pak muzikata negova opstana.