Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Leaving Neverland (дискусија)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од DzingrlakaDzikica, 12 март 2019.

?

Верувате ли во изјавите на жртвите?

  1. Да

    56,8%
  2. Не

    43,2%
  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Мене се ова ми личи на еден добар бизнис,толку време се знаело и баш сеа им текнало да излезат у јавност и да снимаат документарец.Не велам дали е вистина или не,не можам да судам на негледан документарец.
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум го гледала документарецот и не можам да дадам конкретен одговор на анкетава, но имам доста читано за скандалов со Џексон.

    Во ниту еден случај не би застанала во негова одбрана, бидејќи фактот дека изградил огромен ранч во кој престојувале деца и сите тие негови игри и блискост со нив е сам по себе језив. Дури и во случај да навистина не ги напаѓал сексуално, језиво е тоа што воопшто имал таква интеракција со деца, тоа е во најмала рака болна психа.

    Но од друга страна, исто толку болно и несфатливо ми е и тоа како и зошто родителите на сите тие деца се согласувале на такво нешто. Кој разумен родител би пуштил толку мало дете на непознат терен со приватно непознат човек да спие и игра во ист кревет или воопшто да го остави без надзор?!
    Мене искрено би ми било сомнително сето тоа, освен секако ако не е правено од некаков интерес со некоја цел, верувам дека како што има педофили има и умноболни родители кои прават такви работи на своите деца.
    Прочитав некаде дека во дел од документарецот едната жртва раскажува како на 14 годишна возраст бил силуван од страна на Мајкл и дома го приметиле со траги од крв на долната облека. Па кај биле тогаш родителите да пријават такво нешто? Со соодветно испитување би се докажало присуството на ДНК и би се поднеле сериозни отпужби против него. Или тогаш им биле исплатени пари за да молчат па сега прават сензација од истото за да заработат на документарецов?

    Не знам... не сум паметна. Од една страна е добро јавно и гласно да се разоткријат ваквите луѓе, ама од друга страна е многу глупаво да се крева олкава прашина откако човекот починал и нема начин било како да се изјасни.
     
    На oblace1, Abeja, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Е, тоа! Фала богу некој да ги спомене родителите. Покрај сето тоа разгалување и внимание кое го пружел на децата, го давал и на мајките. Подароци, телефонски повици, факсови доцна навечер. Им правел филмови од типот „не му треба школо, слушај ме мене, јас ќе го направам ѕвезда“. Сејфчак се уште не може да прости на мајка си, делумно ја обвинува и неа, зашто била заслепена од целата таа слава и раскош.

    Инаку ова со долната крвава облека, можда и нашите медиуми погрешно превеле. Мајкл рекол на жртвата да ги фрли, за да не разберат дома. Мајка му никогаш не ги ни видела.
     
    На oblace1, Alisa22, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Wild, iako e bog i sesirdzija rabotata, jas ne mozam da go gledam i sfakjam Tom Kruz ozbilno od ko skakutashe na kauch kaj Opra i promovirashe scientologija..a za Kevin Spejsi iako go obozavav, ispagja deka negoviot glumacki genij e mal del od relativno zaebana licnost koja seriski zloubotrebuva pozicija i funkcija. A tek za ova govedo. Fakt e deka pesnite se objektivno dobri ama asocijacijata koja ke mi ja nosat nema da zamine radi toa. Sekojpat bi mislela za decata. Nema da isklucuvam radio ama nema ni da plakjam pari da simnuvam ili svesno da searcham. Mozda i deka ne mu bev fan neshto.
     
    На WildMk, PaLaVa, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Здраво Џики. За жал не ми е гледан но во најскоро време ќе го ѕирнам. Знаеш, по малку сум скептик и не можам да коментирам. Конкретно за Мајкл, ми се допаѓаше како пејач, многу го глушав, посебно онаа песна "Give in to me", ја растурав, ми се допаѓаше спотот, песната и човекот си имаше некаков таинствен интересен фактор.
    Како и да е, што не чини, не чини но сепак ќе се воздржам од понатамошно коментирање. Баш ми е мило што читам тема од тебе, фелоу букворм, хехе. Поздрав.
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Mene ne mi e jasno zasto site reagiraat kako prv pat da slusnale za obvinenijava za Michael i ne mozam da sfatam kako nekoj menuva mislenje vrz osnova na eden dokumentarec, FBI 13 godini go istrazuva Michael i ne naogja nith eden dokaz deka e vinoven i odednas se pojavuvaat Wade i James so 5 razlicni prikazni i site padnaa na niv. Jas mislam deka Michael e nevin i normalno povekje kredibilitet na FBI kje im dadam otkolku na Americkive mediumski propagandi gladni za pari. Od druga strana Michael bese ii seuste posle negovata smrts e eden od najmokjnite lugje na svetov i ssite probuvaat da go simnat od tronot uste od pocetokot so izmuslavanje na prikazni od menuvanje na boja na koza (a znaeme deka imal vitiligo) pa se do obvinenijava za pedofilija. Namesto da se osvrnat kon vistinskite predatori i o
    organizirani grupi na pedofilija oni najdoja Michael da go napagjaat, barem za Michael koj e bilioner bi bilo lesno da vleze u tie grupi da bese stvarno pedofil on javno gi pokazuvase decata ednostavno sakase deca, zabraneto li e maz da saka deca?

    Uste od prviot slucaj so Jordan Chandler u 1993 se znaese koj e motivot na tie sto go obvinuvaa... PARI. Jordan pokasno prizna deka tatko mu dosol do ideja da go obvinat Majkl za da mu zemat golema suma na pari, koj e vo tek so slucajot i koj istrazuval znae a koj gradi mislenje vrz osnova samo na eden dokumentarec ne go smetam za validen dokaz.
    Najlesno e da obvinis mrtov covek sto ne moze da se odbrani. Koga bese Michael ziv Wade svedocese deka nisto nemalo megju niv a sega veli ne bil svesen sto mu se slucilo, prikazni za mali deca.
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На elimkd, Abeja, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    IMG_20190312_135744_838.jpg IMG_20190311_153504_063.jpg IMG_20190311_153504_062.jpg IMG_20190311_153504_064.jpg IMG_20190311_153504_061.jpg
    IMG_20190310_125057_829.jpg
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.940
    Пол:
    Женски
  9. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Sum slusnala ti si istrazila nesto za slucajov podaleku od dokumentarecov?

    Ne znam dali znaes ama Wade Robson praese pari od imitaciite na Majkl i koga u 2012 go otkacija da nastapuva na sou za Majkl on ja smeni prikaznata zayoa sto vekje nemase od kade da vlece pari.


    Kako da prikacam video? Na you tube go nema go imam u files. Ima video na instagram kade fbi investigator kazuva kako ispituvale 500 deca koi bile so Michael u Neverland, ako za vas FBI ne e seriozna organizacija togas ne znam koj e.
     
    Последна измена: 13 март 2019
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.940
    Пол:
    Женски
    Jas odsekogas bev sigurna deka e pedofil i perverznjak. Mene ne mi e otkrovenie ova. Veruvaj. Samo mi e milo deka nekoj otvoreno prozbori i kje im dade hrabrost i drugite da se javat.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    A kako bese sigurna bez dokazi? Mislis Intuitivno sigurna?
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Сеуште не го гледав документарецот, ама читав многу работи за него.
    Значи како ја што ја гледам ситуацијата цела е дека ДА тој е можеби педофил и се тоа неведно, но како можат во оваа ситуација да го обвинат? Тоа не било силување! Како можело да биде силување кога децата упорно се враќале кај него? Јас не велам дека тие го разбирале тоа, ама мислам би требало да сфатат дека нешто не е во ред. Плус кога порано давале сите интревју сите го бранеле ко БОГ да е, а сега го нема па ајде удри ќе му ја уништиме и славата.

    Живи смешки.

    А и какви родители се тие бе ти се молам? Тогаш ги прифаќале парите за да бидат замолчени, а сега нема кој да ги да ги финансира па ајде ке почнеме да зборуваме. Да биле вистински родители ќе кажеле уште тогаш! А и овие двајца као силуваните? Молчеле толку декади и сега сфатиле дека се силувани, дека мораат да ја откријат вистината?
    Не знам целата ситуација некако ми е премногу чудна, од нигде никаде излезе дека бил се и сешто. (facepalm)
    Нити сум му некој голем фан, нити ја слушам неговата музика нешто многу, ама мислам хелоу размислете со логиката малку? После 30 години или колку и да беа ќе кажувам дека сум силувана? Кога сите докази ги има (нема)? Hmm... weird....:^)
     
    На Alisa22, PaLaVa и calliope им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    После толкава галама, еве симнав да ги изгледам двата дела. (Два се, нели? Нека ме оправи некој ако има уште.) Не сум огромен фан на Мајкл, ама никако не можам да поврзам дека е од калибарот на Бил Козби или Оу Џеј Симпсон. Па, и они биле миленици на публика, богаташи со тешки врски, па ништо од тоа не им помогна да се види што чудовишта се.

    Првиот дел еве си тече и паузирав да кажам дека I'm not buying it засега.
    Чудак, секако дека бил. Малку необичен, малку повлечен, кикотлив на секоја ситница. Но тоа е профил на човек кој самиот немал детство и бил малтретиран.
    Можеби и ги допрел непристојно, не можам глава на гилотина да ставам. Дека и таквото допирање е неправилно, секако дека е. Ама, има огромно ама тука - гледајќи ги мамичкиве со каков жар зборат за тоа како децата го сретнале и они биле пресреќни да се дел од таа слава, повеќе добивам впечаток дека им годи вниманието од овие 5 минути спотлајт, отколку да раскажат приказна која, ако е вистина, ни малку не е за толкави насмевки и пофални зборови за некој што наводно им ги малтретирал и пореметил децата.
    Може ќе сменам мислење по изгледаното, ама засега ми е голема медиумска прдешка на едни те исти ликови да добијаат малку внимание и пари.
    Ќе пишам кога ќе изгледам.
     
    На MagsDestiny и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.940
    Пол:
    Женски
    Види, потполно ве разбирам вас фановите на МЏ, тешко е да се соочиш со тоа дека некој кој си го обожавал и си мислел дека е безгрешен, се испоставува дека е перверзен и педофил. Не си само ти со ваков став. Мене од секогаш ми бил одвратен и језив. Со тоа гласот, со појавата. И кога 1993 и 2005 излегоа обвиненијата, потполно ми се вклопи сликата. Така да, ок е твојот став. Не сакам да те разубедувам како и јас што не сакам да ме разубедуваат.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    Ако е виновен треба да биди јавно кажано - да, педофил е. Идеално ќе беше ова да излези дур е жив зошто ќе сносеше одговорност и ќе сносеше последици од неговата болест. Сега само име се влечка, се отвораат стари рани, ама ако, ако бил педофил - да се знае јавно, иако закаснато.

    Ама, која е смислата да не се слуша неговата музика, ако некој тоа му причинува задоволство? Или пак, ако има во некоја серија пројавено, да се избриши, како да не бил? Апсурдно е, глупо е, нема смисла. То е чиста пропаганда и ако некој има добар уметнички живот, треба да остани како таков и да се раздвој од приватниот.

    Пак ќе речам, никој не сака да биди асоциран со педофил, и ако дур беше жив тоа беше установено, мал број луѓе би биле асоцирани со него, би го избегнувале, сега е малку касно за поправки.

    Исто така, слушање на негова музика не асоцира некој дека го поддржува Џексон и неговата потенцијална педофилска историја, едноставно значи дека му се допаѓа песната. Пак ќе речам, ако беше жив, ќе постоеше протест кон неговата уметност, не зошто не му вредат песните, туку зошто ќе беше докажано дека е педофил и 1) никој не сака да е асоциран со педофил; и 2) никој не сака да поддржува педофил. Под поддржува мислам финансиски зошто ако некој гледа/ слуша/ поддржува уметност на некој, обезбедува тој некој да добие пари. Пари со кои можи да заташка иден случај во иднина.

    Како и да е, со план сум да го гледам филмот неделава.
     
    На sweet-cherry, candy.cane, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Еве, ако не се лажам ти студираше психологија.:) Баш сакам да прочитам твој коментар откако ќе изгледаш.
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да се вратам и да пишам како пример за Спејси, добро што некој го спомна.
    Џексон никад не сум го сакала, слушала итн. И не ме погодува многу ако престане да се пушта неговата музика. Али, не е правилно и не е во ред. Бидејќи, еве Спејси, мене ми недостига ликот во House of cards. Јас сакам да го гледам во филмови и серии.
    Да, крипи е ликот на Андервуд и толку добро му легнуваше што, мал милион пати имав помислено дека природно се однесува и дека тоа не е ни глума.
    Има и други познати, скандалозни ликови, педофили кои и ден денес творат. Ги има Роман Полански, го има Вуди Ален....Козби, еј!
    Тоа што јас ќе ги гледам во филмови, ќе им ја слушам музиката, нема никаква врска со тоа дека јас ги поддржувам во педофилството. На сето тоа гледам само како на уметност. А, си постои систем кој треба да ги спречи да го прават тоа во иднина и кој треба да ги ресоцијализира, доколку е возможно.
     
    На PaLaVa, calliope, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    I Weinstein praveshe umetnost ko taka. Ne e poentata da se zakopaat filmovite koi gi produciral tuku da prestanat da mu se polnat dzebovite. Dzekson e mrtov ama i mrtov zarabotuva nekomu.
    Jas go spomnav Spejsi. Fantastichen glumec ama napagjal i koristel cak i maloletnici. Ako snima ushte, a verojatno ke snima, sigurna si deka nema pak da proba nekomu da mu uvali jazik vo grlo nepokaneto? Nadvor od pozicija na mok, ke mu gi dade nekoj zabite u race...ama neli, vlijatelen pa se plashat...fuj...
    A za resocijalizacija, problemot e shto i predobro bea socijalizirani i zashtiteni predhodno.
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Извини ама, у мој речник ресоцијализација значи откако некој ќе си ја издржи казната :wasntme:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Izvineto ama, resocijalizacija znaci vrakjanje vo opshtestvoto. Izvini me i ti.:D