Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Leaving Neverland (дискусија)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од DzingrlakaDzikica, 12 март 2019.

?

Верувате ли во изјавите на жртвите?

  1. Да

    56,8%
  2. Не

    43,2%
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Да де, враќање е, само какво. За овие е после затвор :D А други се оние социјално исклучени... ранливи групи.:D
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Za Spejsi te razbiram...apsolutno vo omilenite glumci mi beshe. Mi se odmiluvaat i luge vo obicen zivot a kamoli nekoj shto ne go znam sem na ekran. Ne si zamisluvam deka ne e govno od choveka. Ama sigurno nema da tw ubeduvam da ne go gledash:P
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
  4. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Не сум го гледала, ама тие луѓе што сега тврдат дека ги злоставувал се жалеле и кажале за ова претходно некогаш или сега прв пат? Ако после тоа што им се десило одма реагирале тогаш можеби верувам дека тоа им се случило. Ако сега прв пат кажуваат, тогаш не верувам.
     
    Последна измена: 14 март 2019
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    E pa ima i prethodno nekogash - togash na vremeto sho se zalele deca. Niv im veruvash? Ako kazat vtorpat?
    Neli plati nekolku milioni na nwkoi familii Majkl, chandler se vikashe momceto mislam
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски

    Погледнете го видеово. Во најмала рака, језиво..
     
    На oblace1 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    38.336
    Пол:
    Женски
    И ова ми е страшно мене. :o
     
    На oblace1 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Самиот начин на изразување, како кажува дека сака да спие со деца, делењето кревет е најубавото нешто на светот е доста језиво. :(
    И да не е точно сето тоа, никако не ги оправдувам тие родители кои за пари ќе ги пратат своите деца да спијат во креветот на друг маж, макар и да немало никаков сексуален контакт.

    Да претпоставиме дека не е вистина, сепак целата замисла негова и согласноста на родителите е погрешна.
    Језиво.
     
    На cresa-jagoda, Animali, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    18.961
    Пол:
    Машки
    Овој ми е чудак, иако ми се допаѓаат и ги слушам неговите песни, општо како личност никогаш не сум видел некое интервју или баш овие погоре видеата... сеа видов и ми падна чудно, никое дете не се држи за рака со пријател, не особено се некој што може да му биде татко.


    Инаку што се однесува на целокупниот проблем околу ова, најголеми виновници според мене се родителите на децата, па како може да пушташ свое дете кај некоја ваква личност?
    Единствено нешто е да успеат некако да го искористат и своите деца да станат познати или богати, или пак еве сеа да измолзат пари.


    Своеволно пишувам без никаква поткрепа ниту интерес понатаму да истражувам околу сето ова, но знаеме како светот функционира особено онаа темна страна, а тоа е подмитување на полиција или било што. Не знам едноставно типот ми е ептен чуден, однесување или како појава, на самото видео ми дава така некои чудни вибрации.... па и муабетот. Деновиве ќе го изгледам филмот, и ако може да ми прати некој линк?
     
    На Alisa22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    112.913
    Пол:
    Женски
    Во тоа е поентата. Вејд Робсон кажува дека му понагал во кариерата дека многу постигнал со негова помош, не негира тоа, ама исто така си имало своја цена. Инаку мајка му на Вејд била опседната со Џексон. Кога Вејд добил награда да оди во Америка оваа одма го побарала МЏ зашто претходно се запознале кратко, кога 2 години пред тоа Вејд кој тогаш имал 5 години победил на некое такмичење за деца имитатори на Џексон. Мајка му буквално го сервирала детето на Мајкл и без око да трепне го оставила да спие кај него само 5 дена!! И кога ја прашале дали би го оставиле синот со друг така, она вика ама тоа е Мајкл Џексон.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не сум фан на Мајкџ Џексон, ама затоа сум фан на Marilyn Manson и мојата тинејџерска љубов Твиги Рамирез беше обвинет за силување на поранешна девојка. Си ја призна вината и по кратка постапка си доби шут-карта од бендот. Не ми е проблем да ги слушам. Пејачот на Lostprophets е во затвор за педофилија. Кој сака да му се упропасти и денот, и неделата, и животот нека чита повеќе за случајот. Штом разбрав, избришав се што имам од нив и ни една нивна песна немам слушнато повеќе. Разликата е веројатно што едниот е басист и не се приметува толку во песните, додека на другиот му го слушаш гласот и не можеш да се дистанцираш.

    Вуди Ален ми е одвратен. Р. Кели? Страшен ми е кога ќе го видам, морници ме полазуваат.

    Leaving Neverland го немам гледано, и не планирам да го гледам. После Surviving R.Kelly и Lorena, навистина немам емотивна моќност да гледам злоставување. Сакав да ги гледам и Ted Bundys tapes ама и тоа ќе чека некои посреќни времиња.

    Како што јас ја разбрав смислата на #metoo движењето, целата поента беше да им се даде глас на жртвите. Дотогаш скоро секогаш кога некоја девојка (и поретко момче) ќе истапеа со својата приказна, веднаш беа пресекувани со тоа дека или бараат пари, или бараат слава, или дека се одмаздуваат. Како што почна #metoo, жртвите конечно почнаа да бидат ислушувани. Меѓутоа, тоа не значи дека секоја жртва по дифолт ја кажува вистината. За потсетување, Рози МекГован беше најгласна кога почна #metoo ама после се испостави дека не толку одамна ич немала проблем да застане во одбрана на педофилот Сaлва. Нормално, играла во негов филм, кариерата е битна, малите момченца нека бркаат работа. Ејжа Арџенто, на почеток гласноговорник на #metoo, подоцна беше разоткриена и самата како педофил. Затоа, на став сум да не се избрзува, да не палат клади пред време и се убаво да се истражи.

    Спомнав клади. Тажната реалност е дека за Мајкл Џексон нема да може да се запалат клади. Поминати се 10 години откако е починат. Можеби бил педофил, можеби не. Можеби луѓево кои сега излегуваат со обвинувања се жртви, можеби се опортунисти. Не биле деца кога под заклетва сведочеле, едниот бил 22, другиот уште постар. Идентична ситуација како со Киша. На што да веруваме, која е вистинската „вистина“? Вистината што ја кажале на суд, под заклетва, или на вистината што ја кажуваат сега кога финансии се во прашање? Зошто да не се лажеме, жртви или не, дечкиве од случајот на Џексон дебело ќе си ја наплатат новата вистина.

    Нема да гласам на анкетата. Едноставно не сакам да одам против изјавите на жртвите ама да бидам најискрена, моментот да се тепаш за карти за погреб, да си дел од сите трибути, да го фалиш и воздигнуваш злоставувачот и во моментот штом те одбијат за работа, е дури тогаш да ја кажеш вистинската вистина (и да го тужиш имотот за милионски суми) тоа е тоа што ме спречува да им верувам апсолутно без трошка сомнеж.
     
    На faye, Stressed Out, do-re-mi и 8 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    112.913
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa другиот не сведочел вториот пат. Само кога бил дете. Не сакал да сведочи, т.е одбил затоа што не сакал да го гледа пак МЏ.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Мајкл Џексон ми е многи крипи. Постојат две варијанти. Или фабрикуваат случај да земат пари или навистина се случило.

    Истото моментално се случува и со Роналдо и ред други селебрити личности.
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.160
    Допаѓања:
    112.913
    Пол:
    Женски
    па редно е бе да излезат на виделина прљавите работи кои ги правеле.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Го изгледав документарецот...
    На-две сум и јас...

    Не би си дозволила да кажам дека лажат, пошто немам срце, додадно да трауматизирам жртви (фигуративно).
    Ама не би рекла ни дека не лажат, пошто секогаш има можност за мотиви, кои и не се баш за 'машала'.
     
    На ane.bella и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    18.961
    Пол:
    Машки
    Го изгледав филмот и настрана што би го земал со доза резерва на типот што изјавува, ама сепак мислам дека нешто не било во ред со Џексон.
    Многу чуден тип ми е, особено она на крајот што го дознав, односно земал по едно момче на извесен период и после тоа друго. Јас си имав некое мислење, со оглед на тоа што низ минатото имаше доста полни весници и списанија со него, дека земал деца, мислев се во групи и едноставно.... на некој чуден начин си мислев е опседнат со дечиња и ги сака, ама не на овој начин, доколку е вистина.


    Од друга страна пак, ФБИ да ги потцениш и сомневаш, освен ако не биле подмитени тоа време, зарем толку не можеле да најдат ДНК или нешто слично?


    И ме интересира дали сопругата односно мајката на децата негови е жива и што има да кажи? Исто едно време кружеа информации демек таа била како сурогат мајка, тој донирал само спрема колку да му биле како маска за сето ова што го правел?


    Како и да е, иако ги слушам неговите песни, многу чуден тип ми е, особено кога погледнав некои интервјуа на јутуб па и филмов....


    А од друга страна пак ме фаќа нервоза и ептен големо обвинување кон родителите на децата, па господе боже како може да го пуштам детето со некој возрасен да се зближи толку..... едноставно не ми е логично!
     
    На nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Уште одамна се знаеше за ранчот Neverland.Само на јавноста и беше лесно да го свари тоа, сакам да кажам не се замараа.

    Почнувајќи од тешкиот живот на самиот Мајкл, детството, татко му, проблемите со расизмот човекот едноставно беше чуден.
    Негова огромна желба беше да биде белец, ги правеше сите можни напори и конечен резултат се унакази.
    Од прекрасен човек со кафена боја на кожа се направи чудовиште.
    Пуста желба да не се двои од останатите.

    Потоа се створи ранчот, па едно дете,па девојчиња, па момчиња од нигде никаде ќе излезеше статија "Мајкл со ќерка му,Мајкл со син му", се тоа ми беше чудно.
    А каде се мајките?

    Со години се шушкаше дека е педофил. Едно, две три обвиненија се пунеа таблоидите и после штама.
    Се почудно и почудно,си имаше пари,дрога, лекови се што посакаше.

    Но, човекот беше со чуден менталитет. Буквално.
    Зошто?
    Не им дозволуваше на девојките да излегуваат од дома без да ги покријат лицата и тоа со бело крпче(марамче).
    Имаше слика од поодамна и имаше изјавено дека не сакал да им ги гледаат лицата.
    Потоа, не им дозволувал да излегуваат без него никаде. Имале homeschooling.
    А имале се што посакале.

    Не сум фан, никогаш не ми се допаѓал како личност, со бројни скандали.
    Тоа што беше талентиран и имаше глас што беше квалитетно искористен си е башка.

    За педофилија не можаж да тврдам, ме заинтересира документарецот при слободно време ќе го гледам.

    Мислам дека во емисиите на Опра не пласираат невистинити материјали.
     
    На theowndemon, nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.023
    Пол:
    Женски
    Не дека сакаше да биде белец.Боледуваше од витилиго. Сфатил дека болеста му користи,па отишол на третмани за скроз да му побеле кожата.
    Можеби бил педофил,но тоа што жртвите дури сега појасно говорат е чудно. :^)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    18.961
    Пол:
    Машки
    А каде е неговата сопруга/жена/мајка или мајки на децата негови?
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се забележува виталиго не може резултат за недела две да има од третмани. Барем јас така мислам.