Епа затоа реков се забележува. Што значи дека би имало слика со симптом на виталиго. Јас неам видено, ако најдеш пушти.
https://face2faceafrica.com/article/how-michael-jackson-struggled-with-vitiligo-and-turned-white Ах еве гуглав малце. Навистина имал витилиго. Како и да е, пак беше груб во фаца.
Одсекогаш Мајкл за мене бил како личност од друга димензија Нит песни сум му слушала нит сум сакала да го гледам Страшно грдо суштество и доста језиво барем за мене зборам Ете и имало зошто Додека бил жив имал пари и мок па така да се ова неможело до крај да испадне на виделина Сигурно голем број чуѓе имал поткупено со пари за да тоа остане у тајнос од родители,полиција судиии обвинители Парата го врте светот
Buckle up Buckaroos! This is gon' be a long one. Изгледав целосно пред два дена, изгледав интервјуа, видеа... Едноставно, кога ќе се закачам за нешто, сакам да ископам до дното (колку што е возможно, нели). На документарецов, од 0 до 10, му давам минус 7. Џабе истрошени 4 часа на два лика и нивните забегани мајки што пробуваат да ја оживеат онаа стара слава со „еднаш бевме битни ликови во животот на Мајкл“. Се наслушав само фалење, па „Ме злоставуваше, ама имам само пофални зборови за него ко човек“. Чекај, што?! Оној Сејфчак прв тужел, ама гледајќи каков изгубен лик е да склопи реченица, јасно е зашто се јавил на Вејд да помогне оти он (Вејд) се смета себе за мастер манипулатор (самиот вели, пошто толку време демек манипулирал со сите дека меѓу него и Џексон немало ништо непристојно)...и биднало весељево што биднало. Вејд имал шанси да тужи 2005 и 2012та, ама сведочел во корист на Џексон. Зошто? Пошто 2005 Џексон беше жив, а после се надевал дека ќе го земат во кореографската легација, а-у. Кога видел нема ништо од тоа, сакал книга да издаде за злоставувањата, ама никој не се нафаќал оти им звучело многу нелогично. И тоа кога не успеало, дошло до ова. Дотогаш, братот сакал и свадбата да ја прави на Неврленд... зошто некој би, знаејќи што спомени му носи тоа место, еве не знам... (нели вика не е потисната меморија, туку само добро лажење ударал). Друга небулоза: Дури после 2012та се освестил(е) дека тоа било сексуално малтретирање. Цитирам: „Добив син и почнав да си замислувам како на син ми јас или некој му ги прави тие работи, и по некое време почнав да се грозам и сфатив што е.“ Башка што ова е ужасно грозно да го изјавиш за сопствено дете, па значи уште и тврдиш дека си го лажел психијатарот дека немало ништо, и на факинг 30 години ти тропнало во тиквата што е педофилија. А што? Дотогаш имал секс со кој го погали малку оти така мислел дека треба? Детето го направил не знаејќи дека сексот е интимен акт? Се венчал бидејќии....? Сериозно? Човек што опасно се снаоѓал во бизнис светот, бил врвен кореограф во доцни 90ти и рани 00ти, па и љубовник на Бритни... на 30 години дознава што е педофилија и дека е погрешно? Дајте друга приказна, ова е смешно и жално за сите вистински жртви на насилство. Билион долари лежат ако го добијаат случајот, ама пошто во Америка постои закон каде до 3 години може да тужиш (а неговите 3 прошле во рани 90ти) и да се земе ко валидно, единствен легален начин е да го активираш пак случајот ко штотуку сфатена траума, поддржана, и до степен психијатриски докажана. Малце касно научиле, ко вода е јасно. Пак ќе речам, чудак бил, никогаш ништо не се знае. Тој тврдел дека спиел на под или во друга соба кога децата заспивале во кревет, ама нели, пак се сведува на негови против нивни зборови. Најмалото му е од сурогат мајка, што значи дека е можно и никогаш да не се виделе, а со документите и легално се откажала од било какво старателство или контакт. Првите две му се со Деби Роу, најобична медицинска сестра што ја сретнал во болница на третманите за витилиго. Не се знае дали децата се со инсеминација или преку односи, ама биле претежно пријатели, немало некој брак од љубов. Ова е малце чуден дел што ме тера да помислам дека имал некакви интимни проблеми што го правеле таков чудак. Факт е дека имал чуден живот, без детство, само пред камери, ама пак ќе речам, повише ќе поверувам на приказнине за Сциентологија и Зета Македонија отколку на овие двојица силовани.
Кажал во емисијата на Опра дека има витилиго.Дијагнозата била потврдена и по аутопсијата. Што имаше јак,интересен глас,имаше.Малку се приметуваше дека психички не е во ред,но дали стварно до тој степен за кој го обвинуваат... Не викам не,можеби стварно бил педофил,но чудно е што дури сега жртвите пошироко зборат за тоа.А,и без конкретен доказ,не е во ред да се суди.
@calliope мала корекција на твојот пост. Прво го тужеше Робсон во 2013 па после неговото гостување на тв емисија Today, Сејфчук го тужел во 2014 година. На двајцата им е одбиена тужбата заради технички причини, но никаде не се отфрлени обвиненијата како неточни.
Никогаш не посакал белец да биде, не треба да бидеш фан на Мајкл за да знаеш колку бил против расизам и колку песни има направено како пропаганда против расизмот. Мајкл имал витилиго тоа е потврдено и со аутопсијата која му е направена имаш на интернет резултати од аутопсија можеш да провериш ако те интересира, на пример ја пред да се изјаснам за нешто проверувам дали е точно за да не се избламирам. Уствари после документарецов сфатив колку е лесно да се манипулира со луѓе, само треба да си режисер со јаки врски, исценирај филм добро изрекламирај го, пушти тажна музика во позадина и толку сите ќе поверуваат без разлика каква приказна е, не дај Боже да земеш да истражиш нешто околу случајот... али да имаш смелост да ги потцениш ФБИ сериозно треба да ти фали даска. Гледам многумина велат ете фановите го бранат по секоја цена, а тоа е најмалку точно затоа што баш фановите имаат најмногу истражувано за случајот. И не ми е намерата никого да убедувам у нешто на крајот од денот сите си фрмираат свој заклучок ама да дозволам да правам заклучоци врз база на само еден документарец стварно ми е потценување на интелигенција. Сега Таџ Џексон внукот на Мајкл прави документарец во кој што ќе бидат вклучени и сведоци и негови телохранители и ФБИ истражители кои ќе зборуваат за случајот баш тогаш предвидувам дека сите кои се изјаснија и се откажаа од Мајкл ќе бараат извинување само не знам со кој образ.
Да го тужеше у 2013 одма откако го одбија да настапува на шоуто во чест на Мајкл кое се одржа у 2012. Технички причини?
Супер за тебе. Јас ако нешто не знам, прашувам и се интересирам повеќе за да дознаам,а тоа не значи дека се бламирам. Веројатно не ме следеше доволно напишав дека прогуглав и истакнав дека навистина имал витилиго. Јас пред да напишам нешто, ги читам сите страници па изнесувам мислење. Но, ти си пример дека на форумов не треба да пишувам ништо. Извини што споделив мое мислење базирано на тоа што знам, нема повеќе да коментирам. Ти ветувам
Да, за најстарото дете се пишуваше дека наводно почнало да покажува знаци на витилиго (ова беше уште пред неколку години). Најдов некои слики на интернет.
Дали овде потврдува дека МЏ не му е биолошки татко? http://m.tmz.com/?adid=zergnet-main-lp#!2015/10/22/prince-jackson-biological-dad-michael/
@honest girl, мислам океј е. Да не се препуцаваме, темата е отворена за дискусија. Никој не го оспорува Мајкл како родител. Ако син му не го оспорува, кои сме ние?
Ne ok e ali se nerviram koa nekoj se fakja za tie stvari kao boja na koza, kako izgledal i dali imal bioloski deca a se zaboravaat site humani dela koi gi napravil. Ocigledno e deka Paris i Prince ne se melezi znaci ne se bioloski a za Blanket ne mozam da tvrdam ali ttoa e nevazno bitno oni go opisuvaat kako najdobar tatko.
Фрик беше,то никој не го оспорвит,ама дека ги злоставувал децата никогаш немат да вервам,уште 300 документарци нека излезат. тој се осеќаше ко дете,сакаше да е опкружен со деца и да се дружит,се друго ми се бљувотини.
Ја не можам да разберам, кој нормален возрасен човек прибира рандом деца да му спијат по дома? Многу е сомнително. Од друга страна па, која нормална мајка остава децата да спијат у соба со возрасен непознат маж, без разлика што бил јавно познат лик. Забегана работа, од која страна и да фатиш.
Сувишно е да се зборува за талентот, гласот и она што го има направено во однос на музиката, го смени правецот, инспирација и мотивација на денешниве пејачи, а за движењата, енергијата и танцувањето како да е од друга планета. Добитник на најмногу награди во музичката историја како и синглови со најмногу недели поминати на врвот на топ листите. МЏ уште од најрана возраст 5-6год е во музичките води, по турнеи, настапи што практично ја нема поминато фазата на детство, затоа го изградил ранчот каде престојувале болни деца, што остава простор за сомнеж дека ги злоставува децата, а и голема е веројатноста тоа лесно да биде прифатено како вистина кај народот. Израснат од страна на строг родител кој го има психофизички малтретирано, кажува и сам дека му простува и дека токму неговиот татко е најголем кривец за неговиот успех. Сум гледала многу интервјуа, мене ми гледа како премногу ранлив, срамежлив, заробен во некој негов свет за нас обични смртници неразбирлив.