Деновиве ја изгледав првата епизода и можам да кажам дека Вејд лаже. Сега и онака е мртов и не може да му се суди, ама голем пејач да е толку осамен без ниту еден пријател. Пречудно, дури и за неверување. Им го следев говорот на телото, движењата и се друго за да проценам и најмногу заклучив дека Џими е жртва на педофилија од Мајкл. Човекот многу емотивно и потресно зборуваше, дури и рацете му се тресеа. Во секоја реченица ако слушате внимателно имаше застанувања и враќање на минатото, да ги избере вистинските зборови за да ги пренесе јавно, забележав дека го воздигнува бидејќи на почетокот му се допаѓало, но со тек на годините додека растел тоа му било тешко прифатливо. Кај Вејд видов само љубомора. Тој на почетокот вели:"Да,јас го знам Мајкл и ме злоставуваше." - толку. Ако навлезете подлабоко тој не му бил голем фан туку повеќе го гледал како потенцијален џокер за напредок во кариерата. Дури и мајка му ми е чудна ептен. Не велам дека не е злоставуван ама не можев да го проценам подлабоко, нешто не е доволно искрен. Што се однесува до Мајкл не ја сфаќам потребата од спиење во ист кревет со некое дете? Која е потребата од молење на некоја мајка да го остави своето дете една година со него? Ќе ја изгледам и втората епизода па ќе напишам мислење...