Led Zeppelin

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од maja.kostovska, 10 јануари 2012.

  1. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Лед Цепелин беше англиска рок група основана во 1968 година составена од гитаристот Џими Пејџ, пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам и басистот Џон Пол Џонс. Со својот тежок гитарски блуз-рок звук, Лед Цепелин често се ословуваат како зачетници на музичките правци хеви метал и хард рок, иако индивидуалистичкиот стил на групата потекнува од многу извори и и ги надминува сите останати жанрови. Лед Цепелин не издаваа песни како синглови од своите албуми во Британија, бидејќи претпочитаа да развијат концепт на „рок ориентиран на албуми“. По повеќе од 30 години од распаѓањето на Лед Цепелин поради смртта на Џон Бонам во 1980 година, тие продолжуваат да бидат високо ценети за нивните уметнички достигнувања, комерцијален успех, и широко влијание

    Лед Цепелин беа една од најуспешните комерцијални и влијателни групи во 70-тите години. Популарноста на во почетните години на групата беше засенета од нивниот успех во средината на 70-тите години,и во овој период тие продолжуваат да се дефинираат. Имиџот на групата исто така се смени, како што членовите почнаа да носат пренатрупана, светкава облека. Лед Цепелин почнаа да патуваат со приватен авион (наречен Старшип), ги изнајмуваа целите оддели од хотелите (вклучувајќи го Континентал Хајат Хаус во Лос Анџелес, секојдневно познат како „Куќа на Вревата“), и станаа предмет на многу повторливи рок приказни за неморалност. Една лудорија беше како Џон Бонам вози мотор на изнајмен спрат во Куќата на Вревата, додека друга лудорија беше уништување на соба во хотелот Хилтон во токио, предизвикувајќи групата да добие забрана за престој таму, засекогаш. Иако Лед Цепелин стекнаа репутација на демолирање на хотелските апартмани и фрлање на телевизори низ прозорците, некои велат дека овие приказни се на некој начин претерани. Музичкиот новинар крис Велч вели дека „Патувањата на Лед Цепелин создадоа многу приказни, но беше мит тоа што тие постојано беа вмешани во дела на неодговорно уништување и вулгарно однесување“.

    барав а не најдов тема за лед цепелин, ако е дупла клуч :$
     
    На opethgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Лед Цепелин. Една од поомилените мои групи. Од малечка ги слушам :D Во трето одделение знаете која песна ми беше омилена? All My Love. Зошто? Поради едно мало делче при крајот, со тапани. Сигурно знаете за кое зборувам. Имам повеќе песни, кои ми се убави.

    http://www.youtube.com/watch?v=BcL---4xQYA
    http://www.youtube.com/watch?v=T2M6yV6mueg
    http://www.youtube.com/watch?v=jN-_up5d ... re=related

    А пак кашмир не можам да ја поднесам.. :lol:
     
    На maja.kostovska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.239
    Допаѓања:
    74.862
    Пол:
    Женски
    Zeppelina ис мај мидл нејм.
    Ги обожавам, ми беа дел од секојдневието и благодарение на татко ми (again), пораснав со нив. :lol:
    Стварно сум му благодарна на човеков што уште од мала ме привикнал да слушам вакви легенди и мелеми за уво и психа. :)
    И да, се нервирам, зашто е една од групите чии песни не умеам да ги пеам. :devil:
    Лошковци. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=rrVDViSl ... re=related
    чао!
     
  4. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    ЛЕГЕНДИИИ ♥
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.169
    За групава гледав емисија една документарна, и ако не се лажам доста нивни текстови ги поврзуваат со сатанистички стил .

    Па ако мојт да се пообјасни нешто околу ова ??

    Значи , да пообјаснам, значи критичариве анализирајќи им ги песните откриле дека имаат доста длабока метафора поврзана со Сатанизмот.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.737
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Легенди се ! Навистина! Едни од моите омилени бендови,само што песните ми се малку потешки за пеење,и никогаш неможам да си ги пееам. :(
    Е сега песна која од секогаш ми била фаворит ми е,па и изведбава :

    http://www.youtube.com/watch?v=dmKeIlJq4gM
    :rock:
     
  7. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    377
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    37.484
    Пол:
    Женски
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    601
  10. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.503
    Допаѓања:
    4.543
    Пол:
    Женски
  11. SinclairChaos

    SinclairChaos Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Кралеви може ли да се каже? Пораснав со нив на многу начини. Колку и клише да звучи ова, нивното творештво ја обележува музиката како уметност. Да се спои лиричен рај со ангелски глас = puking rainbows.. Во контраст со денешната музичка уметност во која за обична двотактна песна се потребни 10 продуценти и 20 текстописци на 2 реда муабет кој се повторува, често жално прост, Цепелинциве НЕ СМЕАТ да се споредат воопшто. Класа, би кажала.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    37.484
    Пол:
    Женски
    Led Zeppelin - Stairway To Heaven
    Led Zeppelin - Kashmir
    Led Zeppelin - Whole Lotta Love
    Led Zeppelin - Babe I'm Gonna Leave You
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Значи да се разбереме: Цепелин се еден од малкуте бендови што ми се приврзани за срце.
    Нема да двојам песни,затоа што сите се совршени,само би го додала соло проектот на Роберт Плент,и тоа е навистина прекрасно.
    Кога се слушаат Цеп,треба да станете со рака на срце,океј?
    А вие што ги знаете само Stairway to heaven,Whole lotta love и Babe I'm gonna leave you,посебен круг во пекол за вас. :rofl:
     
    На Готичарка и RockNroLLGirL им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Ауу извини. Не знаев дека за да слушаш некој бенд, мора цела дискографија да им ја владееш. Фала што не‘ просветли нас „посебните“ грешници.
    Ништо лично @SweetChild , сум среќавала и други мислења од истиов калибар по други теми. Не сите имаме исти омилени изведувачи, што не значи дека си го изолираме слухот од другите изведувачи. Ако песниве кои ти ги наброја се најмногу маркетиншки промовирани, нормално дека голем број на луѓе ќе ги знаат само нив три. Што не им го ускратува правото да кажат дека знаат кои се Лед Цепелин или пак да коментираат во темава.
    Туу брее вие музички dying обожаватели, бетер од страсни спортски навивачи сте станале:D Ајт еве ви двочасовни видеа.

     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Не,не е поентата тоа дека за да слушаш некој бенд треба да им ја владееш дискографијата,целта ми беше да посочам дека не треба да ги набројуваат Цеп како омилен бенд ако им ги знаат само тие три песни,а ова е случај со многу луѓе.
    Да,можат да кажат кои се и дека ги слушаат,ама до омилен бенд има уште ред други работи коишто треба да се запазат.
    Не,не сум dying обожавател,само кажувам некои работи.И да,мислењето не беше наменето за тебе лично,ниту пак за некого,туку беше напишано за пошироката јавност што го прави горенаведеното,а ако не приметуваш,проследено е и со малку сарказам.

    П.С-Што е со сликата на видеото?
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    @SweetChild знам дека мислењето не беше наменето за мене, зашто постот погоре ми беше прв во темава.
    Сарказмот, без грижа, доволно векни леб сум изела за да можам да го забележам.
    А сликата, погрешно сум се изразила, па ете ти недоразбирање. Тоа всушност не се видеа, туку двочасовни споеви на песни, а фотографијата си стои во позадина дури си течат песните, кои јас лично уживав дури ги слушав. (Ретко гледам видеа на ЈуТјуб; воглавно ги слушам.)
     
    На SweetChild му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.072
    Пол:
    Женски
    Немам збор за нив. Прекрасни. Оваа песна убедливо најдобра.

     
    На Jasta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    370
    Колку ли само тајни и мистерии крие ова феноменално парче музика. Самите цепелин до ден денес ми се мистерија. Од чудните дешавки во нивниот приватен живот, конекцијата со делото на Алистер Кроули и тако даље и тако даље. Лед Цепелин е бенд за сите времиња. Грев е ако не ги почитуваш.
    Абе нема песна што не чини!:smoke:
     
    На КикиМаус, LovelyGirl3 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    66
    И јас го делам истото мислење со тебе. За да го разбереш бендот за што е неговата музика мора да ја слушаш комплетно нивната дискографија, самиот Роберт Плант мразел да се објавуваат синглови и зборувал за тоа дека треба да се слуша цел албум.
     
  20. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    66
    Лед Цепелин сатанисти?:rofl: Изгледа си гледала некој христијански документарец чија цел е да го оцрни рокенролот.