Legacies (2018)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од iloveyou29, 23 септември 2018.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    29.916
    Пол:
    Женски
    legacies-s1-600x450.jpg




    За сите љубители на сериите The Vampire Diaries и The Originals, најавено е ново продолжение на овие серии.
    Во оваа серија, главна улога има Hope, ќерката на Клаус и Хејли. Таа е нов вид, измешано од вампири, вештери и врколак...
    После настаните во серијата The Originals, Hope оди во школа за надарени. Таму има суштества од сите врсти и ги учат како да ги контролираат своите натприродни способности.

    Првата епизода од серијата се очекува да излезе на 25.10.2018

    Какви се вашите очекувања од оваа серија? Дали планирате да ја гледате?
     
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав првите три епизоди што се до сега излезени. Ок се сега за сега, не сакам да судам прерано ќе и дадам можност на серијата да ме импресионира.
    The vampire diaries ми беше супер серија и баш се израдував кога слушнав за оваа серија.
    Почетокот на Legacies ми е некако тинејџерски, не дека на The vampire diaries не беше таков, ама кога почна во 2010г. јас бев тинејџер и ми беше интересно да ги гледам тие средношколски згоди и незгоди помешани со фантастични елементи, ама пак сега во Legacies, која е серија што очигледно дека ќе сакаат да ја гледаат гледачите на The vampire diaries и коишто се пораснати вака ко мене може да се разочараат кога ќе видат повторно тинејџери во школо.
    Сепак, како што реков, ќе и дадам шанса на серијата, ќе изгледам уште некоја епизода да видам како ќе се одвиваат настаните.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Larson

    Larson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Машки
    Јас пак , ја немам гледано The Vampire Diares но знам што одприлика се случува во неа. Почнав да ја гледам The Originals директно и сега Legacies ги изгледав првите 3 епизоди и прилично ми се свиѓа серијата сега за сега
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Зошто, зошто ја упропастија The Originals, со овие глупости.;(:headbang: Не ми се верува. Тинејџерски глупости. Не ни почнав да ја гледам. :swear::emo:
     
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Ќути жити се... пропаст жива. И за тинејџерите ова е надраснато. Подобро ќе си пушатам картун нетворк....
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Баш, боље картун :rofl: Да не знаеш некоја блиску барем до Originals, освен A Discovery of the Witches??? :?:
     
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    iZombie ти е нешто во тој стил. Се работи за девојка која е хирург. Оди на една забава на која се случува масовен масакар и кафр што ќе биде инфицирана со зомби вирус. Ќе и побели косата и тенот. За да живее присебно ќе мора да се храни со човечки срца, ако не ќе стане агресивна. Па ја напушта работата како хирург и започнува да работи во мртовечница-единствениот начин да јаде човечки срца без да убива. Меѓутоа хранејки се со срца добива визии од животот на човркот кому му го изела срцето. Па така кога ќе изеде срце на човек кој бил убиен, ќе има визија за убиецот и ќе му помогне на полицијата во разрешување на убиството, притоа глумејќи дека е видовита. Потоа ќе открие и други како неа, богаташи, кои намерно биле заразени со зомби вирусот само за да влезат во ланецот на еден бизнис за брзо богатење на поединци кои ги снабдуваат богаташиве кои не сакаат да станат убици. А како тие поединци ги наоѓаат срцата? Си убивање на бездомници, меѓу кои и деца.... доста интерсна серија. Ова би бил на кратко воведот. Завршена е. 5-6 сезони мислам беа. Не се сеќавам точно. Добро е тоа што нема да чекаш да излезе нова епизода или сезона...

    Друга серија од тие што моментално ги пратам и најмногу ме заинтересира е Manifest. Се работи за семејство кое било на одмор во Јамајка и треба да се вратат во Њу Јорк. На аеродромот ги известуваат дека направиле грешка во резервациите, резервирале повеќе седишта од што има места во авионот. И нудат 400 долари за тие што ќе го одложат нивниот лет со следниот кој е за половина час. Дел од семејството решава да оди со првиот, а дел со вториот лет. Тие што тргнаа со првиот лет имаа страшна турбулеција која кратко траеше. Кога пристигнаа ги пречека полиција која им кажа дека тие тргнале во април 2013 и слетале во 2018. Значи ги немало цели 5 години. И не се ни ден остарени. Нивните блиски врќе ги преболиле и си нашле нови партнери во животот, па се чувствуваат како отпадници. Слушаат гласови кои им кажуваат да направат нешто и кога ќе го послушаат гласот секогаш од тоа излегува да спасат нечиј живот или нешто слично. Владата постојано ги прати нивните животи со цел да ја разоткрие мистеријата каде биле цели 5 год.
     
  8. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Леле ги знам и двете, Зомбито една сезона изгледав после со други серии се зафатив и ја забораив. А Манифест пред некој ден една епизода и некако не ме навлече, не ми е нешо ново, се е веќе видено ала Lost. Тоа е... ќе барам даље... фала!
     
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Јас па Lost не сум ја гледала. А ја имам многу слушано. Можеби затоа ми е интересна :D
    Со среќа во потрагата :hai:
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.484
    Допаѓања:
    18.749
    Пол:
    Женски
    Скоро ја открив серијава, да знаев дека е со Hope Mikaelson уште одма ќе ја почнев бидејќи The Vampire Diaries и The Originals ги имам гледано 3 пати сигурно.
    Интересна е серијава, ги имам гледано сите епизоди кои се искочени до сега, чекам нови :inlove: :inlove:
    За да се сфати целата приказна за Хоуп, мислам дека треба бар The Originals да се изгледа.