На сите ли трудници му се појавува линеата и папок испакнат? Јас само си гледедам освен што ми расте стомакот немам такви промени...
И јас се прашував пред некој ден истото и кај мене нема ништо само го гледам како расте ај си викам може рано е
Јас со првото имав , сега немам а од денес сум 35- та недела така да не верувам ни дека ке се појави, а за испакнат папок ниту со првата бременост ниту сега
Ее мене од тој папак испакнат ми е страв имам дупче од пирсинг ама со години не го носам и се си мислам ке ми прсне кожата
Сега сум 34та недела и дури сега мааалку се познава линијата и ептен малце ми се издаде папочето. Сосема индивидуално е. Јас пирсот го извадив околу 28ма недела за некој преглед, ама океј си е дупчето, не е ни зголемено. Дури мислев да не зарасне.
La linea negra таман кажува колку треба да се преполовам после пораѓај. Имам ама ептен бледа. Ќе исчезне скроз, нели? Се надевам и од косава ќе ми го снема сјајов црвен. Ај за трето поубава ќе бидам.
За првото ми се појави од кога влегов во 6ти, средина на 6ти така нешто, а сега немам уште, значи рано е Да да исчезнува брзо
И јас немам. Што жени ќе бевме сите наопаку. Е папокот ми е чуден имам како голема владбнатина и очекувам секој ден да се отвори како вулкан.
Папокот се испакнува зависи од конструкција. А линија имав, и уште ја имам еве 5месеци од пораѓај. Избледена ама тука е.
Со првата бременост имав линеа негра (мислам се изгуби после 6 месеци), а пупакот беше само развлечен, што вика Фримајнд како вулкански кратер Со втората бременост не се појави линеа негра, а пупакот почна да се испакнува малку, но бидејќи е длабоко сечен немаше можност многу да се испакне
Имав и јас линеа негра преку цел стомак. И уште ја имам ама избледвит веќе. А папукот ич не ми се испакна.
Јас ја добив linea negra многу подоцна,накај 7 месец почна да се познава тек накај 9ти убаво се оцрта...и сега после пораѓај сеуште ја имам...викаат се додека цица бебето ќе стои,којзнае дали е така..
И мене ми се појави дури сега (31 недела) тоа е вертикална црта што ти го дели стомакот на два дела така? Кај мене е до долу до пубичната коска .. Бледо кафена, имам бледо-бел тен можеби затоа.... А папокот ми е кусо сечен и само малку е испакнат....