Функционира како и секоја друга социјална мрежа, само ориентирана на кариера и работа. Се додаваш конекции, си ставаш работно искуство, образование, вештини, јазици, проекти, сертификати и самиот профил ти изгледа како еден вид ЦВ. Можеш да праќаш пораки на тие што ги имаш како конекции, ако имаш премиум акаунт можеш и до други преку InMail да праќаш. Опции има за постирање, лајкови и коментирање. Многу компании огласите за вработување и на Линкдин ги споделуваат, па директ на огласот можеш да пратиш ЦВ. Можеш да гледаш во која компанија колку луѓе работат и кои се (ако отвориш листа ќе ти ги даде тие што имаат Линкдин и ја имаат фирмата ставено во тековна работа). Добро е тоа што пред да имаш интервју, ејч ар или менаџерот што те контактирал за интервјуто можеш да го истражиш преку профилот (ако има) и да дознаеш повеќе. Генерално е за нетворкинг, ако си на линкедин не мора да значи дека бараш работа. Еднаш ми се има случено од една чешка компанија ме контактираа, сум била match за некоја позиција што ја имале тековно, па дали сум била заинтересирана, имаше тест и интервју за работава, ама се деси тогаш коронава и ништо не бидна. Секако, никој не нуди работа веднаш штом ќе ти го види профилот, ако им паднеш в очи и ако те контактираат си ја тераат стандардната постапка за вработување, може да е тест за некоја вештина, може да се 10 рунди интервјуа, ми се случило и Myers Briggs психолошкиот тест да ми го пратат, странски компании имам приметено дека применуваат вакви тестови, а МК и не баш пошто попаметни, ако им кажеш кај се гледаш за 5 години, готово знаат се за тебе. Генерално од компанијата зависи каков пристап има и која им е процедурата за вработување. Има и такви што спамаат со реклами во обид да ти продадат некоја коачинг услуга, усовршување на ЦВ и слични ствари.
Мислев дека е нешто до мојата апликација ама изгледа дека е down. Се надевам за брзо ќе се врати во нормала. Ти благодарам на одговорот
И кај мене имаше проблем денес и сеуште има. Дојдов овде да прашам, ама гледам не е само кај мене, изгледа кај сите е.
Сакам одамна да направам профил, ана не знам како да им пристапам на луѓето со покана за конекција. Замолувам за совет зошто стварно ми е срам.
Нема зошто да ти е срам, тоа е мрежа како и Фејсбук/Инстаграм, само идејата е професионален развој. Можеш да почнеш со праќање покана на колеги од факултет, работа, луѓе од бизнес средини со кои си имала допир. Некои што не ти се близки може и да ги поздравиш и да прашаш нешто за кеч ап. Еден совет за почеток, почни со покани на личности кои ги знаеш и се активни на платформата. Не мислам на постови, а тие кои имаат изградено добри профили и имаат луѓе.
Работата е што сакам со регрутери да се поврзам и со фирми кои ми фаќаат интерес за кариерата да си ја развијам. Тие што ги знам немаат профили и незнаат како функционира тоа затоа и прашувам како да се насочам зошто другшија е кога на ЦВ ќе ставиш дека имаш Линкин.
Не мислам дека линкд ин профил те прави покомпетентен. За да си најдеш работа, треба убаво да си го скоцкаш профилот, и да направиш добро СиВи. После активираш нотификации за позиции за кои се интересираш и аплицираш каде сакаш. Јас реално користам активно Линкд ин од 2 години, и носи многу плусови како платформа, ама како линк само оти имаш профил- не.
Не мора воопшто да оставиш порака за да додадеш конекции, мислам постои како опција ама не е задолжителна. Конект воглавно ти е како Add friend на Фб, не мора да се објаснуваш зошто си адднала некого, само клик и сакал нека прифати, сакал нека не прифаќа. Прво почни познаници да додаваш, на пример тековните колеги. Имаш и огласи за работа, се филтрираат по локација, можеш за конкретна позиција има опција да пребараш. За да аплицираш не мора да си конекција на тој што објавил оглас и не мора да ти е којзнае колку среден профилот пошто и така може и сковкано ЦВ како посебен фјал да пратиш на оглас. Можеш да си ставиш на профил образование, тековно и поранешни работни места, волонтерства, пракси, сертификати, вештини, буквално како ЦВ да го направиш. И review има опција да побараш или ти да дадеш на некој профил, на пример од колега/поранешен менаџер и тн. Можеш и follow на компании да правиш и после нивни објави на почетна ќе ти излегуваат (профилите на компаниите се како Pages на фб, не мора да ги додаваш како конекција, само ги заследуваш), има и групи во кои можеш да членуваш. Ако почнеш да користиш премиум, има и курсеви да се слушаат преку Линкедин. Генерално, лесно е за користење, не се устручавај, не е страшно профилот да не ти е среден веднаш, и не се замарај дали познаваш некого за да го аднеш, регрутер на пример. Од 800 конекции, дали 50 ги знам во живо, и уште 50 од слушање и зборување преку други луѓе ги знам, а немам муабет со нив. Другите, да речеме 700, така сум ги аднала или тие ме аднале, ретко кој одбива конекција.