Неписменост до даска се Толку се занесуваат овие нашиве, ама често си дваат слобода за толку слободен превод тоа чудо некое. Ми текнува на она серијана на А1 пред 100 години што се вика, Барајќи го тато, абе врска си немаше со оргиналниот наслов-Амарте аси. Некој ја изледал цела серија и си решил да и даде нов наслов, абе глупости. Добро е и ова, искрено да ти кажам, се плашам да не биде полошо, имаат луди креативни умови кога не треба
Разбирам слободен превод, има специфичен наслов серијава што е тешко да го преведеш на наш јазик...ама Кармин и високи потпетици
Неписмени бре, неписмени. Модна џунгла би бил најсоодветен, барем според мене! Смешно е да но така се вика
Ако гледаме така, во буквален превод би дошло Карминова џунгла... Но, добар е и овој, можело и полошо.
хаха убава работа уште синхронизирани америчкиве серии да ги гледаме боо ќе го исфрлам телевизорот скроз од употреба...модна џунгла е соодветен превод а и женска џунгла може, кај нас неретко се употребува терминот демек џунгла е со многу жени
Изгледа секој си ја преведува како што сака, за тоа што на Фокс лајф, з аоние што гледаат преку БООМ ТВ навистина е урбани кралици Урбани кралици 21:10 - 22:00 50. канал Fox Life, BoomTV Секси драма што следи три моќни пријателки кои минуваат низ добро и лошо додека се на врвот од своите кариери. Венди е менаџер во филмската индустрија (Брук Шилдс) и прави се што е во нејзина моќ да најде баланс меѓу кариерата и семејството. Нико (Ким Рејвер) е главна уредничка на моден магазин и има за цел да стане главна менаџерка. И Виктори (Линдзи Прајс) дизајнерка која сака да го исполни својот сон и да го најде својот Г-дин Вистински. boomtv.mk/preporacuvame/urbani-kralici-0
Кога видов вчера на ТВ,слушам песна Њујоооооорк и се вртам да џорнам што даваат кога гледам штикла и кармин,и си викам дај боже ова да е Липстик џангл,и кога почнаа да ги даваат глумиците,абе мислам дека ќе се онесвестев од среќа,колку ми е само убава серијава,ама штета што има малку епизоди,не е доснимана,поради тоа што била малку гледана
Ај ве молам ако некој ја најди песнава што оди во позадина на рекламата за новава серија што ке оди на сител да ја постира,нујорк.
http://www.youtube.com/watch?v=0UjsXo9l6I8 Сигурно мислиш на оваа Инаку Сител не знам до каде со нивниот памет и Brothers and Sisters и ова ги даваат касно,битно Малечката невеста да биде во ударен термин Глупости,пак не ќе можам да гледам.
девојки од вечерва е серијата ???? а зошто ако е толку добра немала гледаност во САД !!!! планирам да ја ѕирнам вечерва ако почнува
Сакам да ја гледам, затоа што ми кажале дека е подобра и од Секс и град и од Госип грл ... Кога почнува некој да каже термин? Ќе гледам Шител само ради серијава ... :geek: Готово најдов термин, среда во 23.00.
рекоа наскоро, накај 23 часот ќе биде. И да бидеме искрени, далеку од Сексот и градот, а нема допирна точка со госип. Лесна, е океј е, освежување на Шител од сиве овие глупи, грди туски, индиски серии. Јас ја имам гледано, само ќе ви кажам кратка е. едит Среда Шител тв, екслузивно(мај ас )
Од Сексот и градот не се сложувам дека е подобра, а со Госип не можам да направам споредба, мнгу се различни. Сепак, убава серија е за гледање
Не бе не,сеуште неможам да го сварам Кармин и високи потпетици...абе со кој памет жити се И дај таму нападнете на сител страницата да ја даваат порано,па може ќе не послушаат
Ај,дојдов уште малце да се потуфкам,абе шо волку касно ја даваат не ми е јасно...пишува од 11,тоа значи 11 и 30,и додека да заврши 12 и 30 ...се надевам дека репризата ќе биде преку ден,човек на раат да може да ја изгледа.
не трае саат, одвај 40тина минути, ама имаш право со реклами они два саати можат да ја направат. Ако не ви се чека сименте си ја од нет и ќе ја гледате во било кое време до денот или ноќта, башка до сега би требало да има превод на српски, ако не на македонски.