Стварно нема смисла терминот...Чекав чекав и на крај си заспав и не ми е јасно зошто и воопшто ја чекав сепак сонот ми е побитен и сабајлево бев ко исчубана кокошка,цел ден ми е наопаку :Ѕ
Па на крај изгледа ќе треба да ја симнам серијава, а и ако се емитува само во среда нема да можам да чекам по една недела за следната епизода.
Вчера цела вечер го чекав додека почна ваква бев аман, што е касно касно е. Искрено очекував подобра серија. Сега за сега не ми остави некоја заинтересираност за понатаму ке видиме.
Дефинитивно се слагам со вас, касно ја даваат, плус вчера ја промашив не знаев дека секој ден ќа ја има ... мада не можам да чекам јас до после 00ч. Инаку за почеток некако не ме привлече ми немаше некоја страст ми немаше некако поголема акција немаше некој шарм нешто што ќе не држи цело време на окце ... Е сега молам било кој кој ја симнувал да ми даде торенти ама оние слободни без да ми се јавува Травиан и останати глупости. Благодарам однапред
http://kat.ph/lipstick-jungle-complete-season-1-2-xvid-350mb-each-hdtv-t2264766.html Повелеле линк до комплетна 1 и 2 сезона. Јас серијава ја гледав најповеке поради гардеробата, многу ми беа средени тотално мој стил, убави фустани, големи прстени, накит, посебно Nico Reilly
Стварно претеризам со тајмингов на серијава. Па нема смисла, една Долина на волците што не спаѓа во категорија за сите возрасти ја даваа во 10, а оваа серија што спаѓа во категорија за сите возрасти ја даваат после полнок. Нема смисла.
Уште некој да каже дека може да се најде и превод (не мора македонски, може српски, хрватски и шпански дури) и супер ќе биде.
Реприза има ли и од колку часот? И линк некаде каде што можам да ја гледам серијава,без да ја симнувам
Сум слушнала некогаш дека по барање на гледачите некоја серија повторно се прикажува на одредена програма, или се враќа неколку епизоди наназат, како на пример Стаклен дом што ја вратија. Може по барање на гледачите да се смени терминот на прикажување? АКо може како може гледачите да побараат? Еве ако може колку девојки сме на Фемина, да побараме некако да се смени терминот?
И јас сум за да се смени терминот оти ептен е касно пиши дека во 23 и 10 ќе ја дат, а ја дават во 12, нема смисла.
Конечно нешто нормално по ова теливизиите. Аман веќе од турски серии и постојана хистерија, плачење ,кукање . Ова е вистинско освежување. Ептен ми се свиѓа серијава, почнав да ја гледам од втората епизода и дефинитивно не планирам да испуштам ниту една.
Не може да оди серијата во ударен термин зашто веројатно нема да има многу гледаност. И јас сум за повеќе Американски серии ама оваа искрено не ми се допаѓа. Да има малку повеќе акција, повеќе настани и повеќе ликови. Сепак да се работеше за помлади девојки некаде околу 27-35 поинтересна ќе ми беше, вака ми е досадна.
Јас ја гледав денеска епизодата на Сител и ме интересира која сезона е? Се надевам прва и дека немам пропуштено многу, сакам да си имам серија и за на телевизор, не само на компјутер да гледам.
Прва сезона е, ама многу малку епизоди има, така што брзо ќе заврши Прва сезона се 7 епизоди, а втора 13. Трета нема.