И јас ја загледав серијата,многу е интересна во стилот на Сексот и градот.Малку ме нервира времето во кое се емитува а и овие сител вечито каснат саат време.Демек во 23 ќе почне а секоја вечер во 12 ја гледам.
Во моментов почнува на Фокслајф пак да се прикажува па за оние на кои им е доцна на Шител може да си ја гледате овде
Стигнав до 3 епизода од втората сезона и да ви кажам не е лоша серија. Само некако изборов на глумци им е потфрлен. По мене Нико и Џо односно глумците би ги тргнала, место нив други. Хмм иако се просечни немаат шарм некој ... Другото е одлично. Вики ми е најсимпатична ... онака е умерена ко лик во се.
Јас ја изгледав уште кога ја видов некој да ја предложи тука на форумов, па дека само 2 сезони, одма ги изгледав. Кул е серијата и две сезони биле доволни.
Кога видов дека Сител рекламира некоја поинаква серија бев можно ли е? почнав да ја гледам,интересна ми е Иако целиот акцент паѓа на девојките мене момците ми се моментот. Ми се допаѓа Кирби,неговиот карактер поточно и тоа како совршено ја освојува Нико а исто ми се допаѓа и Џо.Типот ми е многу моќен а воедно и многу секси
Ммм преубава серија,ја гледам секоја вечер. Многу ме изнервира другарка и на Нико кога ја навреди за мајчинството,не размисли пред да каже. А и сепак мислам дека маж и на Нико ја изневерува,незнам зошто така ми мириса работава. Се надевам дека сум во право,барем ќе бидат квит.
И јас мислам дека ја изневерува, пошо го нема скоро ич покрај неа. Цело време е на пат, не ја осудувам Нико, 25 годишен љубовник имала, па што? И‘ се може. Најсимпатична ми е Вик, добри комбинации прави и онака најпозитивен лик ми е. Инаку ја гледам на сител, ми одговара терминот, лесна серија е, тамн завршувам со учење и се релаксирам малку Ме интересира уште колку епизоди остаанаа, знае ли некој? За преводот на името на серијата нема да коментирам, ќе кажам само фејл.
Не ја следам редовно серијата, понекогаш само ама морам да искоментирам оваа девојката на Јапонка ми личи малце, модна креаторка е изгледа не знам како се вика ама е ПРЕУБАВА и многу убаво е облечена секогаш кога ќе ја видам, секогаш е скоцкана. Прекрасна е.
Да а и овој Кирби згоден е башка ич не треба да се кае. Инаку и Вик е интересна,само уште некој згоден тип да си најде,тој не и чинеше.
Значи серијата има само две сезони. Нели? Читав позитивни коментари па ја симнав од нет и ќе почнам и неа да ја гледам.
Спојлер Не сум сигурна баш дали и го намести, но како и да е цело време знае што се случува за да се разведат без таа да земе дел, а тој да продолжи со една студентка
Почнав да ја гледам серијава зашто ми е некако light и кулирачка. Вик ми е fave, дури и се пронаоѓам во нејзините постапки. А мажот на Нико... ilent: Страв да те фати какви се‘ мажи постојат на светот! А да, и дека никогаш не треба да жалиш машко
Денес ја догледав. Интересна во секој случај. И мене Вики ми е нај симпатичен лик. Не е лошо и 3 сезона да снимат м?