Ќе ти кажам накратко тоа што ќе ми текне...требаше да вечераат Виктори заедно со вој нејзиниов италијанецот или што и да беше (тој со плавите очи) и со ќерка му...Виктори им закасни и вие ја чекаа пред врата,таа ќерка му воопшто не ја поднесува Виктори и цело време арогантно се однесуваше...татко и на Нико се појави да и бара помош за брат и,бидејќи во затвор отишол...за таа вест ќе дознаат колегите на Нико и ќе и предложат да отидат кај човекот и да го распрашаат,ама не знаат дека тој и е брат на Нико...Нико ќе се спротиставува,и овој Грифин или како и да се викаше црнецот,што работи со неа,ќе и запне,и на крај Нико ќе му ја каже причината за која треба се спротиставува...на забавата Венди ќе отиде,ама нема да може да влезе бидејќи кога го виде овој Грифин,неможеше да издржи,оти нели ја отпуштија и ќе си отиде дома и ќе им ја каже на децата причината поради која ја отпуштија...Виктори одвај ќе се види со овој нејзниниов и со ќерка му на забавата,и оваа ќерка му нешто ќе се налути и ќе си отидат од забавата,а Виктори ќе остане...и мислам дека ќе се скараат заради ќерка му...толку беше
Ааа вчера беше многу убава епизода,Вик колку беше среќна,само штета што на крај остана без двајцата. А и Нико размислува дете да има машала. Не можам да дочекам да го догледам до крај баш ме занима дали ќе има дете и со кој ќе остане Вик.
Преубава ми беше вчера Виктори во невестинскиот фустан, бтв омилена ми е. А Кирби шо е згоден мајкеми. Не знам зошто ама мене името Кирби ме потсеќа на правосмукалка, оние што одат по домовите да презентираат
Ај ве молам ако знае некој да ми каже која епизода беше во петокот, не ја гледав и сакам да си ја симнам од нет ама незнам која по ред е фала
Прашање до редовните гледачки на серијава: Која беше песната вчера што ја пуштија на крајот од епизодата кога пиеја на скалите кај Вик? Знае некој?
Ја изгледав цела и многу ме разочара,тоа што како без крај е серијава,како недовршена И друго сакав да кажам,лелеееее како се облака т.е. ја облакаат Виктори уф уф се сакам
И тоа како Спојлер мислам дека во последната епизода ќе биде нивната свршувачка, не ми текнува баш точно, ама битно заедно ќе бидат
И недостигаат сезони на серијава! Ја изгледав, ама некако ко недовршена ми остана. Сакам уште! Многу поразлична од Сексот и градот, иако на моменти и фали некаква возбуда, интрига... Освен крајот со Виктори и билионеров се некако ми беше предвидливо...
Вчера заврши серијата на Сител ... колку глупо! Недовршена е серијата, таман се навикнав на неа - таа заврши!
Серијата на сител заврши зошто толку се епизоди или они ко по обичај не ги откупиле сезоните до крај?
Како заврши вчера? При крајот кога дадоа реклами сум заспала и после кога се разбудив видов само како даваат делови од тоа што се дешавало во серијата и толку , заврши после Некоја да ми раскаже Има?
Да, заврши. Не зашто Сител нејќе или нема средства да ја откупи цела серија, туку серијата е толку - 2 сезони. А што се случи последната епизода: Спојлер Имаше забава по повод свршувачката на Виктори и Џо, беа нејзините родители. На забавата дојде онаа рамазената ќерка на Венди пијана, се расправаа со Венди т.е она сама се расправаше, и викаше дека сака се да има под контрола, дека татко и отишол на турнеја за да се одмори од нејзе, и кажа дека нема да се врати ради нејзе. Кирби правсмукалката дојде кај Нико, се гушнаа, ја баци во чело и така се овековечи серијата ... Ах да, и на крајот Џо збореше со мајка и на Виктори и ја праша дали има слободна црква кон средината на април во нивното место. КРАЈ НА СЕРИЈАТА
Мене па крајот баш ми беше комплетен некако, посебно кога ги дадоа сите убави моменти од двете сезони. Со тоа баш како да ја заокружија цела серија.