„Loki“ е новата серија на Disney+ која е за истоимениот лик од стриповите на Marvel. Loki е во продукција на Marvel Studios. Премиерата на „Loki“ е закажана за 11 јуни и серијата ќе има 6 епизоди. Loki е дел од четвртата фаза на MCU. Настаните во серијата се одвиваат после случувањата во филмот „Avengers: Endgame“ од 2019 година, по крадење на Tesseract од страна на Локи. Алтернативна верзија на Локи е доведена во Time Variance Authority (TVA), бирократска организација што постои надвор од времето и просторот, и го следи временскиот ред. Тие му даваат избор на Локи: да го избришат од постоење или да им помогне да го поправат timeline-от, а со тоа да спречат голема закана. Локи останува заробен во сопствениот криминален трилер, патувајќи низ времето и менувајќи ја човечката историја. Главни улоги : Tom Hiddleston, Sophia Di Martino, Richard E. Grant, Gugu Mbatha-Raw и Wunmi Mosaku.
Конечно ја завршив. Втората сезона дури сега успеав да ја изгледам. Морав по „наредба“ од Марвел оти им дадоа на фановите домашна задача да ја изгледаат серијава и некои филмови за да им биде појасен филмот Avengers: Doomsday. Многу ми се допадна развојот на Локи, од лошко до неверојатен херој. Доби тешка задача. Ликовите се генерално океј, освен што ја расипаа Силви. Ме иритираше со тоа нејзино кил, кил, кил расположение. Аман, милијарда пати ѝ се кажа дека не смее и пак не слуша.