London Metropolitan University, MET во Скопје

Discussion in 'Образование' started by Ahoy, Jul 18, 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,781
    Likes Received:
    41,820
    Gender:
    Male
    Од септември идните студенти ќе може во Скопје да студираат на престижниот британски Метрополитен универзитет (London Metropolitan University, MET).

    [​IMG]
    Студентите кои ќе запишат студии, ќе учат и ќе стекнуваат вештини под менторство на врвни британски професори, а во текот на студирањето ќе имаат можност да бидат дел од реномирани компании кадешто ќе ги согледат процесите кои се одвиваат во вистинска работна средина и ќе се стекнат со практично искуство. Од МЕТ велат дека на идните студенти ќе им овозможат најсовремени услови на студирање, техничка поддршка и пристап до онлајн библиотека, каде студентите ќе најдат соодветни ресурси за учење. Главен акцент се става на стекнување на практични вештини, кои по завршувањето на студиите ќе ги зајакнат вашите компетенции на пазарот на трудот

    [​IMG]
    „Среќни сме и горди што ќе им понудиме можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза. Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата“, вели Венди Блоси одговорна одговорна за академски партнерства на MET.


    Информации за пријавување и условите за студирање се објавени на веб страната на универзитетот www.skopjemetropolitan.edu.mk, или на телефонскиот број 02 3140-004.


    Извор: Сакам да Кажам
     
  2. booom!

    booom! Истакнат член

    Joined:
    Jan 9, 2017
    Messages:
    105
    Likes Received:
    19
    Gender:
    Male
    Има некој инфо дали дипломата е целосно еквивалентна со таа на Лондон Метрополитен?