http://looklet.com/ Откако се отвори темата за Polyvore, одлучив да отворам тема за мојата моментална опсесија. Сигурна сум дека многу од вас веќе имате слушнато за оваа страна (па можда и одамна сте активни членови), но оние кои немаат ОБАВЕЗНО да пробаат. Уште еден интересен сајт каде што можете да ја покажете својата креативност, својот стил и уникатност Откако една другарка ми кажа за странава, јас еноставно се заразив. Да, тоа е најубавиот збор за опис! хахахахах Секогаш кога имам слободно време седнувам пред компјутерот и почнувам со креирањето, се губам во светот на модата! Многу е едноставно за користење и пред се многу забавно Ме интересира дали вие сте членови таму? Па ако сте покажете ни некои од вашите ракотворби Ајде јас да не останам должна ќе постирам некои од моите креации и ќе ставам линк до мојата "страна" http://looklet.com/user/623002/looks Се надевам ќе ви се допаднат! Поздрав <3<3<3
Ееј, па интересна била страничкава. Си направив неколку комбинации ама не се зачленив, ме мрзеше а и после ќе се навлечам на ова па што ќе правам. Јас се некои рокерски комбинации правев и добри беа, ама ај сеуште сум почетник, можеби ќе се зачленам, ќе се научам и јас. Само да не ми стане зависност, ко фемина и фејсбук.
Росоњерче со сите модни страни си во тек Браво Јас сега се зачленив на оваа страна и направив еден модел, ама луѓе три ташни сум ставила Па не се гледаат од позади се, ама после кога видов
Сум и ја, ама нешто ја запоставив во последно време (се ориентирав кон Поливор повеќе ) Спојлер * И таму сум La_chicka кој сака нека ме add Еве некои мои
Не е лоша станава, имам профил и на неа, но ретко го користам. Мислам дека Луклет со Поливор неможе да се спореди. На Луклет има помал избор на гардероба и нема многу креативност, а на Поливор, барем ќе се потрудиш твојот сет да изгледа уникатно, сепак има поголема слобода во комбинирање... Луклет е океј, ама Поливор за ништо на свет не го давам Спојлер Океј, не баш за ништо
Сите креации што ги видов изгледаат навистина прекрасно!!!! И јас се сложувам со коментарите дека polyvore е подобар, пред се затоа што има подобар и поубав избор за облека и (особено!) обувки . Но мене некако побрзо ми оди правењето на комбинации тука. Се надевам дека ќе го подобрат изборот на облека тука Еве пак нешто од мене
Еве го мојот прв look на странава како за проба и да прашам каде се ставаат позадини? Инаку прекрасни ви се изгледите :up:
^ каде што бираше модел , до тоа квардатче има и background квадратче и таму ќе си избереш До него има и effects квадратче, тоа е за дополнителни ефекти на сликата
Девојки јас да прашам каде ги наоѓате креациите на другите за да ги гледате ?Можеби е смешно прашањето,но сега се зачленив и уште не ми е се јасно Фала однапред.
еве го и моето. ми се свиѓа сајтото но има слабо избор на облека и позадини за разлика од Поливор кој има неноермален избор, ма што да ти текне има.