Мене искрено ме иритираат сите што ќе ги видам што носат некои си фалш марами/новчаници/ташни и што ли уште не , толку уфилмани дека носат оригинал, се мислат кралици на Париз дека се. Реално со нашиот стандард не можиме да си дозволиме да имаме новчаник од 300 евра и тоа е тоа. Или носи оригинал или воопшто не се обидувај да копираш. Си имаме други марки коишто имаат многу убави работи , по достапни цени. А како марка , многу ми се допаѓаат одредени работи , ама сепак повеќе ги сакам уникатните работи и би си купила нешто што го имам само јас, а не пола Македонија (фалш или не)
Алергична сум веќе на логово Стварно незнам шо запнале со таа стратегија логота да го има секаде каде можат и неможат да го сместат. Претеризам. Дури видов погоре на една слика наочари за сонце ишарани со логоа....мислам која е поената, се промовира снобизам? Најнесакам марки кои ставаат нивно големо лого на средина производ (блузи, маици, ташни...). Па не сум јас подвижна реклама п.с признавам би го носела тој розевиот новчаник погоре, ептен ми е срцка. А и часовниците се ставрно добри. Ама далеку сум јас од ова
Ај достате ,кога бев во Белград кај баба ми видов дека баба ми има Луј Витон ташна Ама не и одговарала , рече дека ќе ја смени и јас се сложив со неа
Абе луѓе фалш и лажирање на брендови имало и ќе има. Значи, бев во Италија имаше тезги на кои имаше секакви видови ташни демек Прада, Диор, Гучи, Луи Витон, Шанел и какви се не. Врска нема, кога ќе влезеш во продавница ДЕМЕК истата Гучи што си ја видел низ улиците ја гледаш 290 евра. Воочете ја разликата, а постои ))) или купи оригинал, или не купувај ич таква ташна купи си некоја од овие тука шо ги иаме ние и готово..
Е зошто па сега така ??? добро твое мислење ама веке кога неможис да си ја дозволиш зошто и да не си го наполниш егото со фалш??? ништо страшно добро сепак кажав твое мислење
па шо знам ме нервирааааа се осекам грдо така ме нервира ств, а за тие брендови па и да можам да си дозволам не давам толку пари бе нема шанси
Според мене, дезенов на ЛВ е како за пазарџиски торбички и бабски робички.. Немојте сега да ме нападнете - нели за вкусовите не се дискутира
Добро е и што постојат фалсификати од оваа марка инаки никогаш немаше да носиме чанти со знакот на LV
Ми се допаѓа брендов ама деф.чевлите се за никаде Инаку што ми се случи пред некое време одам сакав да купам торба Луј Витон фалс се подразумева и онака прашувам колку чинат кога ми тропна цена накај 2000 А куферите тераа и на 3500 спрема што е фалс , што е работава си викам ... Ташните се прекрасни паричниците исто , и немам против да си ги купуваме кога не можам оригинал барем да си го правам ќејфот со ова да се залажаме Срамота е за нашите "селебрити фаци " што купуваат од пазар и после се фалат
Уф, оставете ги работите да дишат!! Се живо мора да има знак LV и тоа насекаде по производот??! (шал,ташна,чевли) па тоа ми е толку кичесто и невкусно.. значи тука нема шара, дизајн, тука има само една боја и знакчето LV насекаде ископирано разбирам да има едно,две LV колку да се означи нели...ама па ова... и чантите мене лично воопшто не ми се сфигаат..ко пазарски се некако, кич до бесвест..ми е гајле што е марка, и што е скапо...искрено, и колку пари и да имам, не би купила таква ташна..не дека не сакам да носам брендови, али не ми се допага бе! и тоа фалсификати што прават.. од една страна е добро, бидејки тие што неможат да си дозволат да купат оригинал, си купуваат копија и си се срекни и задоволни.. оние пак кои сакаат да купат оригинал, и секако можат, џабе го купиле..кој ке знае дека е оригинал? и да речете, самите они..да, али што кога можеш копијата да ја земеш, исти изглед, многу пониска цена? некој ке рече, ама ова е оригиналл...ами ај покажи ми по што е оригинал.. можеби би купила нешто, али само ако ми се допага и се поклопува со мојот стил, никако само за да се насликам со LV
Одредени работи ми се допаѓаат од брендов имам една ташничка за преку рамо,инаку копијата се познава и тоа многу ама само тој што го има оргиналот или видел може да го препознае фалсификатот колку ли ,,оргинално ,, да изгледа. Се сложувам со Пирамидка продавницата во париз е феноменална 2 пати ја имам посетено и уживав внатре но во Банкок се далеку пољубезни кога влегуваш 1 ти ја отвара вратата 2 е задолжен да те поздрави(ти се поклонува)3 е задолжен за да ти ги презентира производите,доколку купиш те послужуваат со шампањ а пак доколку си ВИП купувач те контактираат за најновиот уникатен/ни модели ти го презентираат лично на тебе доколку не ти се допаѓа се јавуваат на друг.