Минатата година сестра ми беше во Њу Јорк и ми донесе како "поклонче" LV чанта...леле девојки немате појма колку се израдував..секаде ја носев со мене...Потоа дечко ми ми подари шалче LV... предобро стојат... Едвај чекам да дојде зима да си го носам пак... Секако малку се скапички но вреди за чувството кога носиш било што од LV....
LV LV LV LV LV LV LV LV LV LV Не ги можам, кич невиден. Секоја втора девојка има фејк Витон ушто полошо и од оргиналот. Премногу ми е ова на цела ташна нивното лого, па стави еден дискретно знакче и готово, а ова вака.. Ма нека вреди и цело мало богатсво, јас не уживам во нив, ми изгледаат као ,,Еј види ме носам Витон (фејк)"
Имам неколку ташни (ОК де, на мајка ми се ) оригинал и фала богу го немаат знакчето насекаде по нив. Исто така имам и паричник и многу го сакам. Морам да кажам да, многу се квалитетни посебно едната ташна е многу практична бидејќи и да ја флекосаш веднаш се чисти било што. И морам да искоментирам, ме нервираат оние чантички со логото на брендот насекаде по нив. И да е оригинал, и да е од пазар мене тоа ми е некако глупаво.
Од сите можни светски брендови, овој ми е најодвратниот. И да ги имам парите не би фрлила ни денар, грозна ми е и само помислата на логото.
За маркава се имам изјаснето веќе. Кич, покич, Луј Вуитон. Арно ама, ама! морам да признаам новата кампања им е шеќер, ептен креативна. И таа со Баришников им беше убава ама оваа ми е баш слатка За разлика од она што го нудат Larger than life се вика.
Ах за мене да имам ОРИГИНАЛ Луи Витон ташна би било рај, ама џабе ти е и да имаш оригинал кога сите ќе ти викаат дека е фејк,посебно во Македонијава. Само затоа што се знае какви се копии постојат, ако на некого му кажеш дека е оргинал и колку си ја платила, "дефинитивно" ќе ти поверуваат!
Најмногу го ценам тоа што никогаш нема попуст. Истиот производ и по 10 години ќе ја има истата цена. Укажува на квалитет, а не мода. Што се однесува до моделите, класичните не би ги одбрала за себе, повеќе сакам нешто како на пр. Alma чантите од SS 2013: Планирам во блиска иднина да си набавам една ваква (само да се одлучам за боја) и сум сигурна дека ја нема секоја втора во градов купено за 200 денари (од такви ми се повраќа). Едвај чекам.
^^ На брачеда ми и пуштија од Австралија иста ваква само црна, не знам дали е оргинал, ама мислам дека е купена околу 900-1000 долари
alma bb i spedy 25 во циклама боја ми се убедливо фаворити.Aлма е околу 1100 евра горе доле некое евро ама другата е 1800 евра што е мн многу е.Iнаку баш ми е гајле дали некој ке мисли оти ми била фејк кога јас ке знам дека е оригинал.A точно е дека луис витон е моментално најмногу копирана ташна особено на балканот
Од далеку се гледа која е оригинал, а која е копија. Таа што треба да си знае си знае(сопственичката), за другите баш треба да ви е гајле. Ако не знаат да проценат што е оригинал, не ни треба да ја имаат.