Ја отварам темава, бидејќи сакам да прочитам мислења и искуства во врска со оваа козметика, која што сеуште ја нема кај нас. Козметиката е германска и важи за козметика со врвен квалитет. Располагаат со широка палета на парфеми (и машки и женски), пудри, кармини, моливи, сенки, но имаат и здрави производи кои може да се користат во исхраната. Во споредба со Авон и Орифлејм, имаат повисоки цени, но на европскиот пазар важат и за далеку поквалитетни од нив. ова е нивната веб страна http://www.lrworld.com/en/product-world/quality/ а, ова е каталогот на производи за 2012 http://www.lrworld.com/fileadmin/my...a/flashbooks/Collection_2012_AU-NZ/index.html Произведуваат и линија на производи од Алое Вера, за кои се вели дека се поквалитетни од Алое Вера од Форевер Ливинг продактс. Па, девојки... бујрум кој е расположен да каже мислење. Би ги користеле или пак можеби веќе ги користите?
Претходно кај тетка ми ги имам пробано и стварно се многу добри, некои алое креми пробував и креми за лице. Деновиве треба да ми стигне тоа што нарачав од нив (дневн, ноќна и крема за околу очи, парфем, пудра, кармин и некои алое производи). Највише што ме привлече е дефинитивно алоето пошто има производи што се и до 90% алое вера така да нив едвај чекам да ги пробам. Негде во ранг на клиник па може и малку над нив, изнад авон и орифлејм се каде каде. За наш стандард се малку скапички ама сепак јас мислам дека за квалитетни ствари вреди да се одвојат пари Ова им се каталозите за 2014Ч http://www.emagcloud.com/lr/BG_bg_L...gcloud.com/lr/BG_bg_LRCB_0114/index.html#/38/ Цените поделети ги со 1.94 и добивате цена во евра. Се надевам ќе живне малце темава, а кога ќе ги пробам производите ќе ви пишам подетално како сум задоволна. Инаку се размислувам да почнам да работам со нив бидејки може да се заработи солидна сума на пари а имаат и многу доби награди.
Јас работам моментално со LR козметика. За квалитетот немам зборови, навистина вреди да се проба. За разлика од Авон И Орифлејм се навистина поскапи, но вредат за парите дефинитивно. Доколку сте заинтересирани за соработка, за било кои продукти или што и да е во врска со производите на LR ви стојам на располагање.
http://www.lrworld.com.gr/documents/ebook.php?name=BG_bg_14_LR_Love&type=prosfores#/1/ Ако е заинтересиран некој нека пише. Цената поделена со 1.94 е цена во евра
случајно дознав за оваа козметика кога моите родители се зачленија. Пробав некои од нивните производи и навистина се добри. Парфемите се доста трајни, кремовите им се многу добри, а декоративната козметика и јас допрва чекам да ја пробам. гледам нема тука многу луѓе што користат производи од LR