Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Lucid dreams - Луцидни соништа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 18 јануари 2011.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Мене луцидните соништа ми се случуваат на периоди , и тоа токму оние периоди кога психичката енергија ми е на работ на исцрпување (пред важни настани ,под стрес и сл.) и ми е потребен добар ,навистина добар одмор.

    И тогаш мозочево мое ме послушува и ми го дава заслужениот одмор преку луциден или вивиден сон ( кај мене ,тоа му доаѓа како надграда за преживеаното ).

    Вивидните соништа ми се далеку почести ,чувствувам допири ,мириси ,звуци и тоа многу ми се допаѓа.
    На моменти ми се враќаат работи за кои сум мислела дека ми се заборавени ,или пак ми се јавуваат одредени ситуации кои на единствен начин ми пробудиле некои специфични чувства и пресреќна сум кога сонувам таков сон ( ми имаат кажано како сум се смеела гласно во сонот ,а памтам дека истото ми се случувало и на сонот )

    Бидејќи во налет на инспирација пишувам поезија ,ми се има случено да станам од сон со целосно создадена песна и во збрки да барам нешто за да ја запишам . Е дотолку ми се живи споништата.

    И секогаш од секој таков сон извлекувам многу важни животни поуки ,особено за актуелните проблеми.
     
  2. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    И мене ми се случувале вакви луцидни соништа, повеќе кога бев помала, сега не се сеќавам дека сум имала некој..а сеуште паметам,како помала, еден период константно сонував луцидни соништа, па така една вечер во сонот, неколку пати ми се случе да сфатам дека сонувам,се обидов да се разбудам, успеав,или барем мислев,дека претходно научив како да се будам себеси, па сфатив дека повторно сонувам и така натака неколку пати, си помислив крај е со мене,и кога се разбудив конечно, мислев се преродив,пресреќна бев..
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш мислам дека имав Луциден сон.
    Не знам за што беше, само знам нешто лошо се случуваше и си викам сон е ова, не се плаши.А инаку често знам некогаш убаво кога сонувам нешто да се прашам дали е сон, ама се убедувам дека не е.Не знам дали ова спаѓа во Луцидни. :?:
    А инаку ги имам и тие Вивиени често, сонот буквално е како реалност, со звуци, со јасни слики, со мириси.
    Баш пред некој ден сонував со братучед ми сме пробале марихуана, и на чај имала вкус. :rofl:
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Многу често ми се случуваат и незнаев што се пред да ја прочитам темава.

    Тоа си го имав сфатено како нормално. Значи во одреден дел од сонот(најчесто наутро) сум 100% свесна за тоа што го сонувам, сама одлучувам што ќе се случи и сл. И баш ми е интресно.

    Инаку како што напоменав мноооооооооогу често ми се случуваат, дури незнам дали е нормално тоа.
     
  5. girl-in-love

    girl-in-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пред некоја вечер сонував како одам по некој пат и разговарам со другарки и свесна сум дека сонувам, свесна сум што зборувам,па имало дупка на патот паднав и се разбудив,пак заспав и повторно истиот сон ама сега другарките ме прашуваат како сум,дали се повредив зашто паднав(во дупката). :?:
     
  6. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    добро е што постои темава.. и да кажам и јас дека имам луцидни соништа.
     
  7. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Пред десет години го сонував најпотресниот сон .. А сеуште се сеќавам на него ... Ме прогонуваше непрекинато .. Одев и по бајачки, 300 чуда, но тие само успејаа да ме смират, а не да направат да го заборавам.

    Ја сонував мојата тогаш почината баба, во старата куќа на село, како пере алишта во корито пред влезната врата на куќата, додека во куќата имало куќна слава. Излегов надвор, и тогаш ме здогледа и тргна накај мене, пробав да вреснам, но устата како да ми беше сошиена, ни звук не излезе, а солзи , порој ...
    Втрчав во куќата и со погледот побарав помош од мајка ми , која здогледувајќи дека плачам, дотрча и ме праша што ми е , а јас успеав да кажам само : БАБА ! и ја одведов до влезната врата, а од баба ми ни трага ни глас ...

    Незнам дали е луциден сон, но според тоа што го велите, дека од луцидните соништа се сеќаваме и на најмалите детали, заклучив дека мојот сон спаѓа тука.
    Дали некој од вас знае/може да го протумачи сонот ?
     
  8. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Дали луцидните соништа може да ги сонуваш истовремено со уште некој, бидејќи читав на еден форум дека сонувале ист сон и двајцата биле во сонот. ???? :^) Дали ова има врска со луцидни..како и да е интересно е хаха!
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас имам читано дека овие соништа се сонуваат ако се разбудиме и повторни си легнеме... или ако се будиме на секој пола саат :)
     
  10. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Лани немав толку луцидни соништа али годинава мислам срамота. Сонував ме силувал некој, срамота се до детали запамтив, кога станав имав многу чуден израз на лицето... Срамота!
     
  11. Twetty

    Twetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Јас имав Вивидни сонови и мислев дека полудев. Не знаев дали е сон дали е реалност дали сеќавање, а беа пререални :worried: И точно ми траеаа 1 год. Сега одвај се сеќавам на сон или многу се матни
    Сакам да имам ЛС ама никако да успеам да контролирам :(
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Сега дознавам дека имаат име, иако многу често ми се случуваат. Баш летниов период кога поради жештините се будам по и 100 пати на сабајле се уште по зачестени. Кога сонувам убав сон и насреде се разбудам, потоа како сама да си велам, ајде пак да заспијам да видам што ќе се случи... и пак си заспивам и истиот сон продолжувам да го сонувам. Тогаш како да сум во благосостојба. |-)
    А пак кога имам кошмари, во кулуминацијата, нели кога треба да се случи најстрашното, си велам самата на себе - Не плаши се Лолипоп, сонуваш!!! и почнувам самата да си се будам...Не знам како да опишам... почнува некој глас во мене да ми вели - Разбуди се, разбуди се!!! Многу е чудно. :|
    И да, секогаш речиси до детал ги памтам соништата.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Знаете колку пати се имам прашувано да не е животот само еден луциден сон?! :D
    Ми се случил и мене ваков луциден сон, но не таков каде што ќе се разбудам во сонот, а всушност уште сонувам. Имам читано и слушнато дека чувството било како вистински да си се разбудил и стануваш во сонот, си тераш обврски една по друга дури не сфатиш дека уште сонуваш. Мора да е доста забегано. :lol:
    Исто не знам дали е спомнато во темава дека овие сонови можеме и сами да ги предизвикаме така што телото ќе го заспиеме, додека умот ќе биде свесен што прави, што звучи доста страшно. Јас не би предизвикувала ваков сон на сила, бидејќи чувството дека си окован за креветот мора да е застрашувачко.
    Сепак кога мене ова ми се случи беше доста интересно, си исполнив некои неисполнети желби во сонот и иако бев свесна дека сонувам ми беше како да гледам мој режиран филм и максимално уживав во тоа. Прекрасно. :)
     
    На Cloee и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Прекрасна тема :) Ми се има случувано повеќе пати, многу лошо е што потоа целиот ден се чуствувам ненаспана и збунета, а најинтересен ЛС ми беше кога сонував како сонувам сосема различен сон, too much for me :D
     
  15. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    После долго време конечно имав луциден сон, но беше многу краток ;( Лежев така полу заспана и наеднаш се најдов во автобус и почнав да се прашувам како тигнав овде и сватив дека всушност имам луциден сон. Се обидов да не паничам многу зошто читав дека тоаке те разбуди. И баш во тој момент влезе мајка ми во собата и од промаја се лупна вратата и се разбудив ;( Сеа ке пробам пак :lol: Надежта последна умира :lol:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Последниот луциден сон ми беше-
    Јас бев маскирана во принцеза на бал и играв. Имаше уште 4 прекрасни дами. Сите бевме облечени во фустани со скапоцени камења.. и накит со многу дијамантии .. :inlove:
    Игравме и пиевме нешто. Не послужија со јадење но не земавме,се заблагодаривме само.
    Бев навистина свесна дека сонувам..
    Се разбудив и повторно заспав со намера да си го довршам сонот..
    Имаше и втор дел. :lol:
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    После некое време денес сонував луциден сон.
    Сонот почна најнормално т.е. како и сите обични. Сонував како разговарам со блиска личност, таа почна да ме провоцира за кавга и одеднаш си реков-Крејзи, остани мирна, ова е само сон.
    Одеднаш станав способна да контролирам се што личноста кажуваше, значи го кажуваше тоа што јас претходно го мислев. :o Буквално јас и ги читав мислите. Потоа се разбудив, сакајќи да го продолжам сонот, се завртев на другата страна, заспав, и пак истиот сон од таму каде што застана.
    Се разбудив како во некое бунило, повеќе уморна отколку наспана. Сум забележала дека вакви работи ми се случуваат кога сум многу изморена. Ама интересно е, несекојдневно, понекогаш и застрашувачко. :)
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми се случиле, па дури и во сонот да сум свесна дека сонувам.Иако соништата ми се премногу живописни, но вакви сонови не ми се случиле.Незнам како знаете во сонот дека сонувате.А луцидниве соништа се случуваат некако поради замор или сами по себе се случуваат?
     
  19. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    до пред неколку години,ама баш секој сон знаев дека сонувам.па дури си ставив во глава дека е сон треба да е црно бел,па така секогаш соновите ми беа црно бели и точно си знаев дека сонувам :D
     
  20. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Ехеее, често ми се случува :)
    Дури сеа коа го гледав клипот сватив дека тоа му било името... не е интересно и обично..знаеш дека спиеш па и од 3 кат да рипнеш знаеш дека ништо не ти е досадно е. :)