Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Lucid dreams - Луцидни соништа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 18 јануари 2011.

  1. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Ми се десило. Лошо чувство. :doh:
     
  2. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Мислам ми се има порано дешавано,но дури сега дознавам дека имало посебно име за тоа. :?:
     
  3. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Конечно, после толку долго време го имав првиот подолг луциден сон :) (пред околу една неделаа беше)
    Откако го имав првиот луциден сон поминаа можеби 2 или повеќе месеци, а за сето тоа време секоја вечер се обидував да имам луциден сон со помош на техники кои ги гледав на youtube. Една вечер додека лежев така, се почувствувавв како во полусон некако како да го гледав сонот како филм а во исто време бев и будна и размислував(не бе бива за опишување :lol: ). Наеднаш почнаа да ми поминуваат силни морници, и сега незнам дали се тресев, ама во телото осеќав големи вибрации. И потоа се најдов некаде на улица и имаше нешто големо црно и ме бркаше и тогаш сватив дека всушност сум во сон. Ама незнам зошто немав целосна контрола врз она што се слулчуваше...Имав контрола врз некои работи, но не врз се... Потоа почнав да летам и си правев се што си сакав ]:) Убавини :lol:
    Сеуште се обидувам повторно да имам луциден сон, и се надевам дека ке успеам пак, а ако успеам пак ке ви пишам :)
     
  4. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Јас бев полузаспана онака на 20 минути и погледнувам и до мене еден другар лежи не сака да ме пушти сака да ме силува. А јас неможам да го мрдам телото, сакам дасе бранам но неможам и неможев да зборувам. И одеднаш како да се рассонив и сосема другачије се осеќав. Неможев да се смирам цел ден и цела вечер и се прашував што може да е тоа свесно сонување или слично? и после една година дознавам дека тоа се викало луциден сон. сега мие јасно и интересно ми е сега сама се обидувам да имам луциден сон. :)
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Сега скоро имав луциден сон, пред околу две недели. Бев опседната од идејата да го имам,
    и конечно се случи. :)
    Сонував како сум се разбудила во мојата соба, но сум забележала дека собата не е иста туку онаква каква што беше пред околу 4-5 години пред да почнеме да ја реновираме куќата.
    Само што плус беше поголема. Се сеќавам дека кога погледнав наоколу наеднаш ми помина следнава мисла низ главата... ,,WoW човече, па јас
    ебено
    сонувам'' реченицава на англиски. Бев премногу возбудена и не знаев што попрво да направам, односно по која насока да ѓи усмерам настаните на збиднувања, и башка брзав бидејки ми беше страв дека прерано ќе изгубам контрола или ќе се разбудам. :lol:
    Решив да летам. Летав се до дневната и потоа наеднаш како да изгубив контрола и некако се разбудив. :D Ми беше криво што сето тоа не траеше малку подолго, ама сепак успеав и среќна сум поради тоа. :)
     
  6. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас сум имала мнооогу такви сонови и интересно ми било/е :D .
    1.Прво кога почна сонот не бев свесна ама после кога почнаа да ме бркаат како да се разбудив во сонот и знаев дека е сон и си викав цело време „ајде разбуди се, разбуди се!„ зошто ми беше страв и тогаш ми текна дека можам да правам што сакам... во тој момент на сонот таа вампирката што ме бркаше ќе поминеше покрај мене и ќе ме видеше, а јас само си помислив да станам невидлива и таа ме одмина и јас така радосна се разбудив :D
    2.Ги сонував баба ми, дедо ми и вујко ми (кои се починати) и знаев на сонот дека се починати и искористив да се гушнам со нив и дознав од нив некои информации кои не ги знам во реалниот живот а се точни (ја прашав мајка ми) :?: .
    3.Не бркаше некое зомби -јас и некои девојчиња и сега мислевме како да му се одмаздиме моите идеи беа најдобри (зашто знаев јас што зборам :D ).
    4.Како сум била на гости со другарка ми и од ѕидовите почнаа да излегуваат пипци некои и другарка ми излезе од станот преку тераса а јас си се симнав и си отидов дома свесна што се случува 8) .
    Имам уште многу други сонови во кои сум сваќала што се случува те. дека е сон и јас ги контролирам работите.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ми се избриша мислењето. Ајде пак одново. :(
    Изгледа пред некој ден имав луциден сон.
    Го сонував бившиот кој сакаше да се врати пак со мене. Во реалноста не сакам, а во сонот се мислев што да правам. Додека се мислев, ми текна дека ова е сон и си реков во сонот дека што и да направам не е важно, сон е. Откако го реков тоа избегав во друг сон(не знам дали вака треба да се каже ова :tmi: ) и таму сонував една неостварена симпатија, и тоа како ја бакнувам. Свесна бев дека е сон и посакував да е реалност, едно време за малце и поверував дека е реалност бидејќи беше многу вистинито, допирот беше толку реален. Дилемата ми е дали беше луциден сон, бидејќи бев свесна дека сонував, или вивиден бидејќи беше толку вистинито и реално. И боите беа, дури и влакната на раката што си ги гледав беа реални. Ајде де :D :tmi:
     
  8. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе се жалат дека луцидните соништа, се лошо чувство, а не знам зошто. Мене баш ми се допаѓа кога имам луцидни соништа.... интересно е :D
     
  9. gjyste

    gjyste Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Мене ми се има случено да сонувам некој сон, па потоа за кратко да се разбудам и кога ги затворам повторно очите продолжувам со сонот кој сум го сонувала.. Дали е тоа Луциден сон или е кога во сонот си свесен дека сонуваш? а исто ми се има случено да сонувам дека сонувам нешто и во сонот го раскажувам на некој сонот што сум го сонувала...
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова моево денеска било Луциден сон или Астрална проекција. :| Немав слушнато за АП, само за луциди соништа.

    Не знам како се случи, со другарите пливавме во вода. Мислам, се обидувавме да излеземе. Лелееееееееее како да кажам, нешто како да ни се имаше случено бродолом, бевме во еден океан, а брановите нон-стоп не плискаа, не можвме да излеземе, се плашевме дека ќе се удавиме, наеднаш дојде еден толку силен бран, што не однесе дури на копното. Станавме сети мокри, така стоевме 2-3 минути (Внимание: не стигнавме на остров ко Робинзон Крусо, туку на едно урбанизирано место. :!:) и наеднаш како некој да ме плисна со вода и си реков на глас: ЈАС СОНУВАМ! Тогаш целосно се убедив дека сонувам. Па решив да почнам со забавата. :rock: Не, најсериозно. Пред нас имаше некаква зграда, како банка нешто, хотел, и со еден другар отидовме до таму. Излегоа едни ликови од турски серии :lol: И јас почнав да им зборам разни глупости, свесна дека е сепак сон и дека се ќе помине. Ми се брзаше, зашто не сакав да се разбудам и забавата да заврши. Не ми текна да летам и такви невозможни работи, за жал. После не памтам, сигурно сум се разбудила.

    Ама дефинитивно не ми е прв пат. На секој втор сон си спомнувам: Да не сонувам јас? Ама мислата веднаш ја отфрлам, не знам зошто. Ретко кога да се убедам дека сонувам. А сега веројатно сум била сигурна бидејќи можам 100% да гарантирам дека никогаш не би се нашле во бродолом или што и да беше тоа со друштвото. :D Тоа само на сон.

    Еднаш на сред сон си спомнав: Да не сонувам? И тоа веднаш го потврдив. Поодамна беше, не се сеќавам како сум се убедила. Ама тогаш со сето свое срце посакував да не се разбудам бидејќи ми беше првпат. (Не прв пат за луциден сон, туку прв пат да сакам да останам во сонот). Да појаснам:

    Моето прво искуство со луцидни соништа беше кога некој ме бркаше, трчав многу силно, тогаш се скрив некаде, ми текна дека е сон, ама немав многу време за мозгање, зашто оној кој ме бркаше можеше да ме најде. И тогаш веднаш си кажував: Да се разбудам, да се разбудам, да се разбудам, да се разбудам... Ама ништо не помагаше, се штипев, се корнев, ги затварав очите силно, рацете во тупаници, броев до 10, пак ги отварав мислејќи дека кога ќе ги отворам очите ќе се разбудам. И тогаш не знам како се разбудив. А кога се разбудив, имав солзи во очите. Чудно, бидејќи во сонот не осеќав како да плачам, можеби, можеби сум плачела, којзнае. :)

    Сакам пак да имам луцидни соништа, многу е интересно, само да не се како првиот, скраја да е. :geek:
     
  11. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Ми се има случено да сонувам луциден сон..

    Ова беше кога имав 6-7 години, но за чудо УШТЕ СЕ СЕЌАВАМ :^)

    Беше лето, а насекаде имаше снег. Чешмата беше замрзната и сите беа собрани да ја поправат .. И одеднаш јас реков ЕЈ, ПА ОВА Е СОН, КАКО МОЖЕ СРЕД ЛЕТО ДА ИМА СНЕГ ?! И му реков на сите тука, ама тие не ми веруваа дека било сон :D

    Следниот, бев на село.. Имаше мали прасиња кои зборуваа со мене и ме викаа некаде.. Одеднаш се сетив дека е сон и отидов со нив.. Потоа си правевме муабет со нив и тие ми кажуваа каков бил животот да бидеш прасе, бла, бла..

    Од тогаш не ми се има случено да сонувам таков сон.. Бидејќи читам дека имало некакви техники на Јутуб би ве замолила да ги споделите и со нас :$
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Некои работи за луцидните сонови ги објаснив во темата за астрална проекција. Овие неколку дена се припремувам за луциден сон свесно, секоја вечер се будам неколку пати и си ги забележувам соновите. Претходната вечер бев толку блиску, како што течеше сонот и одеднаш почнува да ми станува се чудно, како тоа да не постои и само што се сетив дека сонувам, најверојатно од преголема возбуда веднаш се разбудив. Но упорноста секогаш се исплака, не се раочарувам и не се откажувам. Во продолжение ке постирам некои работи за луциднити соништа.

    http://www.youtube.com/watch?v=G7t_tDeET-8
     
  13. fifila90

    fifila90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки. Не знам дали ова што ќе ви го пишам спаѓа во оваа тема. Пред 2-3 недели почнав да доживувам соништа додека сум будна . Кога ми се дешава ова ме облива врела вода , рацете ми се тресат мислам дека срцето ќе ми излезе и наеднаш ми излегуваат слики од соништа што сум ги сонила многу оддамна. Ова чувство обично ми трае околу 10-15 секунди . Дали некој има нешто вакво слично доживеано?
     
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Машки
    Никогаш не ми се случило а сакам да се случи.. :/
     
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Па ако сакаш можеш. Постојат методи и техники како може да се постигне
     
  16. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Постојано ми се сучува, сонувам а свесна сум за тоа дека сонувам, порано се плашев а сега научив да го контролирам тоа.
     
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.998
    Пол:
    Машки
    Како? :D
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    На оваа страна што ке ја ставам во прилог можеш да најдеш се што те интересира за луцидните соништа


    http://lucidnisnovi.blogspot.com/
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Јас досега неколку пати во сон сум се прашала дали сонувам, но не верувам дека тие беа луцидни соништа :?: Како и да е, многу сакам да имам вакви соништа, како што читам, интересно било :lol: А дали во луцидните соништа можеш да правиш се што сакаш? :D
    Едит: Сега сфатив дека ноќеска имав вивиден сон :lol:
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818