Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Lucid dreams - Луцидни соништа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 18 јануари 2011.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ми се има случено...
     
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Имам доживеано. Последниот ми беше вака - Бев дома, се спремав за да се бањам. Влегов во спалната (во втората бања дома ни се влегува преку спалната а за чудо никогаш се немам бањато таму :D :D ) И таму блезе и другарка ми и брзо се покрив и и роков да не ме гледа гола :D Пoтoа влеговме во едно како џакузи, ама беше големо како базен и бевме сите другарки (и не бевме голи :D ). Кога излеговме од таму беше како кога се излегува од маркет во Пештани (на одмор бев таму). Разгледав се околу мене и си реков „Чекај, ова е луциден сон. Можам да контролирам во сонот и да правам што сакам“ и за да проверам дали сум во право им велам на другарките „Ајде за ФлоРида“ :D И тие прифатија. Од паркираните коли го одбрав најубавиот џип влеговме, јас на возачкото и како што е редот се дојде до мењачот и убацувам јас ама не гледам како, гледам право и одеднаш џипот почна да вози рикверц, притискам јас гас, тој уште побрзо почна да оди рилверц, сите автомообили позади мене ги смачкав а џипот ни гребнат, притискам кочница не сопира, притискам кумплук успори и кога да видам убацен во рикверц. Го ставам во прва и конечно тргнаме на напред :D Потоа сопрев и се раздвоивме за да прошетаме јас забегав во едно село и се разбудив и за жал ФлоРида ни на сон не ја видов ама беше јако :D
     
  3. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Пред некоја вечер сонував сон за кој не сум сигурна дела е луциден. Знам само дека не беше обичен сон.
    Сонот беше ваков. Се разбудив (на сонот) и пред себе ја видов собата иста како и на јаве. Наеднаш видот почна да ми трепти и не можев да гледам убаво. станав и седнав на креветот. Се фатив на образот и видов дека имам температура. Сакав да ја викнам мајка ми но не бев сигурна дали можам да отидам до другата соба сама. Викнав по брат ми за да ми помогне но гласот ми беше тивок, зарипнат и шиштеше.
    Знаев дека нема шанса да го разбудам па решив сама да отидам кај мајка ми. Мислите наеднаш ми се насочија на ламбата. МОрав да ја вклучам. Бев уверена дека така ќе ми биде подобро. Станав од креветот и тргнав но веќе не можев да си го почуствувам телото. Како да лебдев многу бавно. Едвај да изминав еден метаркога решив прво да го пуштам телевизорот а потоа ламбата но набрзо сватив дека нема да можам да го приклучам дугмето. Во моментот кога повторно помислив на ламбата повторно ги отворив очите. Сонот како да почна од почеток. Повторно бев легната во истата положба и гледав во собата. Сакав пак да станам но овој пат не можев. Телото не ги слушаше моите наредби. Во мигот кога дадов најсилни напори ги отворив очите и ја видов повторно собата пред мене исто како на сонот но овој пат на јаве. Додека сонував мал дел од свеста ми кажуваше дека е ова сон но јас го занемарував зошто единствена желба ми беше да станам од креветот и не ме интересираше ништо друго.
    Дали е ова луциден сон?
     
  4. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Да да, и јас постојано сонувам така ПОСТОЈАНО :tmi:
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Офф само јас неможам да доживеам..:( А многу сакам..Што да направам?
     
  6. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено неколку пати ама секогаш било кратко,неможам да го контролирам.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Долго време немав доживеано луциден сон, и еве сега конечно. Сонувам како со тетка ми лежиме кај нас на спална и си муабетиме. И мене после некое време ми текнува дека таа е почината. И си реков во себе, дали ова е сон. И проверив со часовникот. Прво погледнав беше 12:15 а веднаш потоа 12:17. Знаев дека сонувам, но немав никаква желба да направам нешто, само го продолжив истото. Тетка ми носеше чизми кремасти и таа наеднаш исчезна а чизмите останаа. Јас ги облеков , бидејки многу ми се свигаа и наеднаш се запалија неколку свеки во собата и пламенот одеше во мене. Сфатив дека тоа е знак да ги оставам чизмите и се разбудив. Долго време не ја сонував, сега прв пат а нејасно :?:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ми се има случено и воопшто не ми се допаѓаат... |(
     
  9. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Сакам да ми се случат, ама страв ми е :lol: Бидејќи и така сум паничарка по природа, незнам како ќе изреагирам кога ќе сфатам дека се наоѓам во Луциден сон :o
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Најсмешниот мој луциден сон :$

    Дојдоа актерите од Ангели серијата и си зборев со нив на шпански. Во еден миг: I'm dreaming!!! :!: И со оглед на тоа дека во претходните искуства (2 страни поназад) не ми текна да летам овојпат ми текна и се возбудив цела и брзав. Се качив на креветот, скоооок.... БУМ! Трес, бам, пљуф, плас! Ауч... :wasntme:

    I believe I can fly .. :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=ig4fUOBwsbU
     
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ми се има десено од поодамна,тогаш бев тинејџерка и уште се немав бакнато со никој а во сонот често сонував машки и знаев дека сонувам и си правев што сакам,се бакнував со некој :lol:
    а во маало имав еден симпатија и сонував како одам во неговата куќа и го барам таму а бев свесна дека сонувам,еднаш во сон си реков сега ќе летам и летав како хероите во акционите филмови,врз зградите од покрив на покрив и стварно беше јако 8)
    Сакам паааак ;( ама нема незнам зошто
     
  12. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Мене ова одамна ми се случи.Памтам кога укапирав дека сонувам почнував да правам што сакам.Летав и се направив навидлива. :lol:
     
  13. nena.24

    nena.24 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас сум имала луцидни сонови ама едноставно ја многу се возбудувам кога ќе сфатам дека сонувам и веднаш се разбудувам :worried: http://www.youtube.com/watch?v=QLoDtRdJohM
     
  14. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Синоќа мислам дека ми се случи ова чудо.Сонував дека сум го изневерила дечко ми,и се разбудив,станав се измив и повторно легнав.И пак почна истиот сон,само што јас бев свесна што сонувам и го сонував тоа што го сакав.Наместо изневерување сонував дека тоа е некоја грешка,заблуда.. дали станува збор за луциден сон?
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Не луѓе, вие немате луцидни сонови.
    Вие преку сонот доживувате несвесна Астрална Проекција.
    Гуглајте, пребарувјате и ќе сфатите за што ви зборам. Има многу луѓе како вас. Дури може и да се усовршите ако постојано ви се случува тоа.
    Да станете свесни и да патувате каде сакате во светот/низ времето.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Тоа сакав да пишам од одамна, ама се премислив, да, астрална проекција доживуваат, чим спомнуваат дека си го виделе телото во сонот и сл., е астрална проекција, несвесна.Познавам ваков сличен случај, каде личноста се видела себе си во сонот, откако и се случи тоа знаеше што е.Така да, не им е луциден сон.
     
  17. janovska1

    janovska1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    18
    Многу често имам Луциден сон и Астрална проекција првите неколку пати ми беше малку морничаво, но веќе не ми е. :)
     
  18. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум имала ни луциден сон, ни астрална проекција. Всушност еднаш се видов себе си во сон. Еднаш пак, продолжив да сонувам од кога станав, ама не сум сигурна, затоа што не се сеќавам на ништо друго. Чисто се сомневам дека беше луциден.
    Баш би сакала некогаш да ми се деси нешто вакво, затоа што ептен ме интересира како изгледа.
    Имам читано многу работи и за астралната прекција, ама не верував во тоа. Сега гледам дека многу од вас сте имале.
     
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Незнам ова дали е Луциден сон но веќе втор пат ми се случува. За првиот пат имам пишано поодамна во темата.

    Значи легнав да спијам сабајле во 4:30, а во 5 мајка ми станува за работа. Неможев лесно да заспијам и потоа нешто како да се замислив па сум задремала. Во еден момент ја гледам мајка ми како на коленици седи на подот одма до мене, до мојот кревет и ме масира по нозете. Јас сакав да се тргнам и да кажам нешто но неможев... како да бев здрвена, парализирана. И одеднаш на цел глас извикав Мамооооо.. и се околу мене снема, се разбудив, а мајка ми од таму ме праша: "што е да не ме сонуваше"? Јас од срам и реков дека не сум ја сонувала туку дека сум викнала за да и кажам да ми остави пари за упис на факултетот.. |(
     
  20. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Сакам да прашам, дали на пример, ако вежбаме некоја вештина, на пример некое движење од кореографија, таа вештина ќе ни се подобриво вистинскиот живот? :wasntme:
    Иначе јас вечер ќе пробам да го доживеам ова, и ако успеам, прво нешто што ќе го направам ќе биде да го гушнам дедо ми. :)