Го робав, според сликава http://static.fjcdn.com/pictures/Lucid+ ... 454160.jpg Лежев некое време немрдајќи се и концентрирајќи се на дишењето, и си повторував дека ќе имама луциден сон.Ушите почнаа да ми зујат и слушнав ко некоја мелодија, и се чувствував многу чудно, ама бев свесна. Ми текна дека многу што пробале од таа слика заглавиле кај парализата, и се исплашив и решив да престанам. Телото почна да ми работи речиси одма штом му наредив. Кога станав се чувствував чудно, немав халуцинации, ама си легнав до сестра ми оти ми беше страв. Моето прашање е дали оваа техника е правилна, и што се случувало во мојот мозок таа ноќ. Спојлер Се извинувам што се цитирам, ама незнам како да го изменам мислењето
Не сум имала вакви сонови,ниту астрална проекција,но,во последно време имам многу чудни сонувања. А,инаку би сакала да имам луцидни сонови,но и ме е страв бидејќи читав некои ствари и за ЛС и за АП. Инаку,пред недела дена,малце шашаво ке објаснам,но пред недела дена или повеќе ми се случи следново: Се будам,гледам околу мене се што има,но во главата имам слики,исто како да сум во сон.Свесна сум дека е сабајле,треба да станам и да одам да мијам заби но сепак не можам да станам,како да чекам да ми заврши сонот,бидејќи јас гледам се што е околу мене ама живеам во сонот.Истото ми се случи вечерта кога се разбудив преку ноќ,и се подгинав во седечка состојба.Се загледав во вратата,требаше да одам во ВЦ,но се замислив и исто,слики имам во главата и буквално,ама буквално во главата си водам дијалог,а гледам во вратата од мојата соба,и не го мрдам погледот од една точка.Ама во главата сонувам.Не сум свесна дека тоа не е реално,нити пак можам да се контролирам во сонот,едноставно сонувам со отворени очи.Исто како сега да замислувам во главата дека водам разговор со симпатијата ама тоа било на некое повисоко,пореално ниво.И потоа станав,отидов во ВЦ и кога седнав на шоља сфатив што уствари се случило,и се освестив.Се чудев на самата себеси во каква заблуда сум била. Се надевам ме разбравте,и ако постои некое име за вакви сонови,кажете. А,имам едно прашање,дали во ЛС можете буквално се што сакате да правите?
А добро зошто сите летате во луциден сон. Само јас пуста веќе неколку пат треснувам. Ама не навистина сфаќам дека е сон и се качувам некаде, скокнувам и бум на земја. Ми здосади па.
Аман бре, зошто си прекинала? Не си свесна што имаш пропуштено. Си можела да доживееш астрална проекција. Веќе си почнала до некој степен да ја доживуваш таа фаза, веднаш штом ти почнало зуењето. Имено нормално е да се чувствуваш чудно бидејќи отвараш нов портал или премин кон една поинаква фаза. Инаку, никој не заглавил кај парализата, не се плаши. Слободно терај даље следен пат, може ќе си го видиш и телото ако почнеш да лебдиш над него. Само не прекинувај, се е океј со тебе. И следен пат ако успееш, пиши ни тука што си доживеала. Поздрав.
Ќе може ли некој да ми појасни некои работи во врска со луцидните сонови? Синоќе имав многу јак луциден сон. Одеднаш се освестив дека сонувам и се обидов да ѝ кажам да другарка ми (во сонот) дека ова е сон и на сите околу мене, а таа не ми веруваше. Но не можев се да контролирам во него и тоа е чудната работа На почетокот на сонот имав целосна контрола врз него, но потоа снемав контрола и не ми се исполнуваше тоа што ќе го посакав. Друго кога истражував за луцидните сонови имаше дека ако многу се возбудиме со сонот заради тоа што е луциден можно е да се разбудиме и ако почувствуваме будење во сонот да почнеме да се вртиме во круг. И јас за чудо почувствував дека се будам и во сонот се сетив на тоа и почнав да се вртам и не се разбудив (два пати го направив тоа, дури и се препнав и паднав во сонот). На крај другарка ми ме праша дали можам да се разбудам и јас изнервирана заради тоа што не можев да го контролирам сонот ѝ кажав на другарка ми дека ќе се разбудам и ги отворив очите. Е сега не ми е јасно зошто немав контрола врз сонот и дали луцидните сонови имаат значење? На пример во луцидниот сон имаше пеперутка и дали пеперутката го има истото значење како и во обичниот сон?
Реинбоу, не знам каде си го прочитала ова дека треба да почнеме да се вртиме во круг ако не може да се разбудиме!? Ама претпоставувам дека тоа истото го кажал/напишал некој кој се плашел дека ќе заглави при луцидноста, па затоа поставил еден ваков вид ,,самоконтрола'' кој по сугестивен пат би требало да ве насочи. Мада не знам реално кој би се сетил на ова али океј. Како и да е, ти во иднина не се плаши дека нема да се освестиш бидејќи тоа е речиси невозможно. Освен во случај да имаш некои сериозни здравствени проблеми, па истите доколку луцидниот сон се претвори во кошмар да заврши кобно. Но, шансите ова да се случи се 10 према 90%, така да уживајте. Имено, околу толкувањето, значи секој сон носи некоја јасна или скриена порака во себе. Само што разликата е во тоа што кај луцидните соништа ние пробуваме да ја активираме потсвеста, па преку неа некако да дејствуваме. Еве, конкретно ти Реинбоу (бидејќи гледам дека сонот ти е врзан околу пријателите), е показател дека ти се многу важен дел од животот. Со самото тоа што ги известуваш дека е ова сон а тие се заглавени, ти и во реалноста можеби се трудиш да им пренесеш некаква порака околу нешто, од кое стравуваш дека ќе се случи, или едноставно моментално доживувате сега некој нестабилен период во кој потајно се плашиш дека би го извлекла подебелиот крај. Сепак ова е само претпоставка, не дека јас знам што се случува во твојата потсвест или приватен живот, туку само нагодувам. Како и да е, да не должам многу околу толкување, туку сакав да кажам дека луцидните соништа се исто така и мошне корисни, бидејќи не само што ја збогатуваат и развиваат имагинацијата, туку го издигнуваат и нивото на перцепција, бидејќи тука веќе добиваме моќ скоро до детали преку визуелизација да го запомниме нештото. Затоа, овие јас ги сметам како бенифиции од луцидноста... Исто така, мора да се надоврзам каде што спомена Реинбоу, дека постои шанса одвреме - навреме да се губи контрола врз луцидниот сон, па така тој истиот многу лесно да се претвори во кошмар во случај да се исплашите! Затоа моја препорака би била да бидете екстремно внимателни, па додека имате луциден сон да не помислувате на лоши работи бидејќи голема е веројатноста тие истите да ''дојдат'' по вас во некоја уште по fucked up верзија. Но, ако сепак се случи да сте свесни а да не може да контролирате, тогаш пробајте само да бегате од нештото кое ве ''гони''. Подолу ќе ви приложам видео да видите за што станува збор, и ве молам да го погледнете сите вие кои имате интерес, а не само Реинбоу иако моментално на неа и реплицирам. Од друга страна пак, тоа што губите контрола не мора ама баш ништо да значи! Бидејќи дури и на искусните кои константно доживуваат епизоди луцидност може да се соочат со истиот проблем. Така да немојте да мислите дека сте нешто помалку од нив кога ја допирате оваа фаза ''помеѓу'' бидејќи сепак добивате прилика за доградување свесност а и тоа е нешто. Го нагласувам ова од причина што луцидноста е за степен повисока од обичниот сон. Тоа е така бидејќи овде веќе станува за еден вид точка каде сите наши стравови, желби и фантазии се во потенција да оживеат. Е сега, единствено од нас ќе зависи колку ќе бидеме фокусирани, т.е. колку концентрација ќе имаме да го водиме сонот успешно. Имено Реинбоу да не заборавам да кажам исто така дека ти си била некаде на таа граница помеѓу што ја спомнав погоре! Т.е. си била на граница - обичен и луциден сон, па затоа и си губела контрола на моменти. Патем, во идина кога ќе имам време ќе ви пишам и трикови околу тоа како намерно и успешно да почнете да доживувате луцидни соништа. Ако сепак заборавам а вие имате желба да знаете, потсетете ме ќе пишам. Исто така не знам, дали знаете има и еден трик со часовник! А тоа е дека доколку сонувате часовник (без разлика дали во обичен или луциден сон), тој никогаш нема да биде правилен во однос на стрелките и подреденоста на бројките во круг. Или стрелката ќе се врти во обратна насока или бројките ќе бидат измешани. Зошто е тоа така не знам, но претпоставувам дека се должи на ниското ниво концентрација кое е мошне тешко да се воспостави во сонот. Инаку, за крај еве го и видеото кое ви реков дека ќе го постирам. http://www.youtube.com/watch?v=pZ6VLtD7uy8
Скоро секоја вечер имам луцидни соништа, лееееееетам Свесна сум дека сонувам, па правам се што ми е срам да гп направам кога сум бодна Ама најјако ми е летањето ..... Нешто ми се случи, ама незнам што е: ( ) Утрово кога се разбудив, (беше 10:55) си реков да подремам до 11, го направив алармот по 5 минути, и замижав.. Почнав да слушам музика (во сонот), ама незнаев дека сум во полу-сон.. Мслев дека ми ѕвони алармот, па ги отворив очите и музиката престана а поминале само 3 минути од коа замижав (беше 10:5
Грешка си ме разбрала, не ме беше страв дека нема да се разбудам, туку ми беше страв дека ќе се разбудам бидејќи почувствував како да се будам, а не сакав да се разбудам бидејќи ова сепка беше луциден сон, а скоро секој сака да има луциден сон Едно време се обидував да предизвикам луциден сон, ама не успеав и се откажав, сега се случи спонтано. Тоа со вртењето го видов во ова видео http://www.youtube.com/watch?v=llw717IARpQ Го знам и јас тоа со саатот, едно време јас така успеав да имам луциден сон. И исто има уште еден трик, да се испишат бројки од 1 до 5 на прстите од дланките и кога ќе погледнете во дланките (во сонот) броевите ќе ги нема. И благодарам многу на објаснувањето
Незнам каде да го ставам ова ама утрово ми се случи нешто. Мајка ми ме буди како по навика секој ден наутро за на факс, утринава ич не ми се идеше и јас си се свртев си заспав дали пола час повеќе незнам. И наеднаш свесна значи се будам во некој друг свет, јас одам се движам во некое школо а сум свесна дека е непознато за мене, никој нема. Сум имала само ајфон во розева футрола ништо повеќе. Неможев да видам друго. И некој ми шепнува Бубаче разбуди се, сонуваш, ама јас така здрвена бев неможев и сега другата јас во тој другиот свет како оди паѓа во сон и јас поминувам низ некоја како да го наречам временска порта нека биде и се разбудив целата испаничена и реков јас идам на факс па што сака нека биде. Што е ова? Прв пат ми се случува и сега ми е страв да легнам да спијам.
имам пробано прво ми беше страв но после се обидов повторно и успеав да се вратам на местото каде што застанв малце беше тешко но успеав
Ви се има случено некогаш,да легнете но само телото да ви спие?Мислам,еднаш пробав.Лежев 10минути без да мрднам со заторени очи.После тие 10минути можеби и фазла,нешто чуствувам како да ме трга за палецот,потоа слушав како некој пее и од таа песна ми се повторуваше сликата со гитара со некој човек..Не можев да се разбудам и да си дојдам при свест..Уште еднаш не ми текна да го повторам овој начин..Но и ми се има случено без да сакам јас,спонтано..Тогаш беше уште пострашно...Не знам дали ќе верувате,но оставам на вас! И,бев свесна за се што се случува но едноставно не можев да мрднам ни да викнам помош ни слично..
Зошто е опасно аκо може неκој да ми објасни? Инаκу еднаш имав нешто κаκо луциден сон, ме бρκаа едни чудаци и дуρи и лицата не им беа κаκо на ноρмални луѓе и си виκам во сонот ова не е можно, сигуρно сонувам,ама сепаκ за сеκој случај да пρодолжам да бегам.. што е сигуρно сигуρно е и пρодолжив да бегам и после изгубив κонтρола и пρодолжи ноρмален сон. Се имав обидено да постигнам луциден сон ама бев зафатена тоа вρеме и си одложив за летово, ама сега читам опасно било нешто, κаκо може да е опасно, ќе ми κаже ли неκој?
Non stop imam vakvi sonista od dvata vida, nitu znam nesto za niv dali e opasno, nitu nisto.Samo znam koga sum premorena mi se slucuva ova. Ali cool e
Jas vcera imav luciden son . Sonot go sonuvam po tretpat godinava , prviot i vtoriot pat bese obicen son , no vcera bese poinaku . Sonuvav kako stojam pred nekoja mala crkva - manastir , so stara kambana , i porta so resetki ( mala porta bese ) nad portata imase vence so ubavi raznobojni cvekjinja , kako onie sto se stavaat nad vratata koga ima svadba vo nekoja kukja . Odednas slusnav maski glas , koj mi rece : " ti ke bides kalugjerka " , a nabrzo posle glasot vidov kalugjerka kako mete okolu crkvata ( koja inaku bese daleku od mene ) . Togas si rekov : " jas sonuvam , ova e son " istata minuta se razbudiv , ispotena i zacudena . Ova prvpat mi se slucuva .
Јас имам доживеано луциден сон еднаш,многу пати сум пробувала но не ми е успеало освен тој пат,и секогаш пред да почнам да пробувам да имам луцидни соништа си викав дека едно нешто што сакам да го направам е да отидам дома кај симпатијата.Кога го доживеав сонот,се најдов пред училиштето,бев комплетно свесна дека ова е сон и дека можам да правам што сакам и одма почнав да одам кон куќата на симпатијата која се наоѓа во близина но почнав да губам контрола и се разбудив.Траеше кратко ама навистина беше прејако искуство.