https://biodevojka.blogspot.it/2017/12/blog-post_8.html Повели драга специјална статија за еден вид на домашна варијанта на Mask Of Magnaminty. Се надевам ќе ти се допадне. Поздрав
Пред две недели ги купив тврдите шампони Jumping Juniper и New Hair, како и Aromaco деодорансот. Иако времето е релативно кратко, можам да кажам дека Jumping Juniper ми е ептен погоден. Шампонот е наменет за масна коса, јас мојата ја мијам два пати неделно, што значи дека не ми се масти толку многу, ама со шампонов уште помалку. Многу малку треба да се направи убава пена која чисти темелно. Косата после миење ми е убава, мека и сјајна и не ми се разлетува многу, забележувам дека помалку ми се електризира, а освен тоа лесно се расчешлува без користење на дополнителни средства како регенератор. Имам тенко влакно, ама тешко се чешла ако ми е заплеткана и не сум ставила регенератор. Обично користам шампони за волумен и за масна коса кои дополнително ми ја сушат косата, ама овојпат не е така. Пак би го купила. New hair го купив повеќе за мм, јас не сум го употребила, ама ќе го пробам. Aromaco е одличен! Топло го препорачувам. Лесен за нанесување, со ненападен пријатен мирис кој не доминира над парфемот, и не менува мирис во текот на денот. Трае и повеќе од осум часа, испробано. Е сега во лето како ќе биде не знам, ама сега засега сум задоволна. Не спречува потење, морам да напоменам. @koritsaki го проба ли 9to5?
@Annath За шампоните и двете ги имам. Тој Jumping Juniper го користев летото и бев прилично задоволна негативното беше што ја заплеткуваше косата и маска мора да користиш. Тој New не ми ја заплеткува косата толку колку што не дава ич волумен. Мислам дека брзо ми се мрсеше косата од шампонов.. а ми помогна во врска со опаѓањето. Останува уште да го пробам тој шампон за волумен или да комбинирам два За лосионот 9то5 , мирисот е мн нежен , ја вади добро шминката (за водоотпорна маскара незнам) само што на крај некако ме печат очите - а не пишува никаде дали може на очите да се користи или не да ти кажам не би го купила повторно баш поради ова
@koritsaki мене jumping juniper не ми ја плетка воопшто, како што прават сите шампони за масна коса и за волумен. Дури не ми ја ни суши, како обичните шампони што сум ги користела. Не користам регенератор, ни капки, ни ништо после бањање, косата ми е како свила. Ептен ми се свиѓа ефектот што ми го дава. А за 9to5 ќе размислам ако пече на очи. Мене од креми за очи ме печат очите, не сум нашла ниеден добар, па не би го купувала средството, барем засега. @wannaBeMomma имаше лошо искуство со тврдиве шампони, дека и ја сушеле косата. Кај мене не е таков случајот.
И мене тврдите шампони не ми одговараат, за жал. Го нарачав Seanik за волумен, мирис нема некој посебен, многу пени, дава супер волумен за што е и наменет, ама ме наполни првут. Го почнав Godiva сега, ќе видиме како ќе се покаже, ама пак не би ризикувала да пробам некој нов. Let the good times roll е најпрекрасниот пилинг за лице кој некогаш го имам пробано. Многу убаво мириса, а кожата после употреба ја остава мека, премека и многу нежна на допир. Препорака.
Крајот на декември се фарбав со кната на Lush Caca Noir , црната кна за коса. Ја земав 995 денари од штандот во Сити мол. Девојката ми објасни дека при првото ставање треба целата кна да се стави но секако дека не ја ставив целата туку изреднав 3 парчиња и ги потопив со зовриена вода , ја нанесов на косата и седев со неа 5 саата. Веднаш приметив разлика , не ми паѓа косата како претходно уште од првото користење , но нијансата не ми се допадна баш , добив некоја темно кафена нијанса а очекував баш црна. Не останав целосно задоволна. Сега имам уште 4 парчиња ќе ги искористам но повеќе нема да купам
Имате ли пробано некој од цврстите регенератори? Го користам Karma Komba цврстиот шампон, за нормална до масна коса и сум задоволна веќе втор месец не ми е до пола потрошен. Дава волумен и денови после миењето, ми го намали мастењето, одличен. Единствено ми фали мирис во косата кој го имав кога користев Нивеа шампон на пример, затоа барам добар регенератор од Лаш. Ги пробав и Fresh Farmacy сапунот за лице, одлично чисти го смирува лицето, но тешко пени и ми е непрактичен. Herbalism е совршен чистач за лице остава неверојатно мека кожа и навистина се чувствува дека чисти. Следен за проба ми е Angels on bare skin. 9to5 лосионот за чистење шминка чисти со еден потег водоотпорна маскара туш и сенки, не пече на очите, препорачувам. Imperialism кремот за лице - јас инаку користам Eucerin aqua porin - овој го добив тестер, убав крем, не масти го освежува лицето мислам дека за летниот период би бил одличен, сега како да ми фали уште малку хидратација. Го поклонив Kalamazoo чистачот за лице и брада на дечко ми прекрасно мириса на ананас, тој е задоволен. Инаку можат да го користат и лица без брада го пробав и јас неколкупати одлично чисти не го пресушува лицето.
Fresh Farmacy - чистач за лице за мрсна кожа и кожа склона на акни. Во последно време немам акни, па не знам дали многу помага за нив, но инаку е одличен. Има критики дека откако ќе го измиеш имаш чувство дека сеуште ти е на кожата, но мене лично не ми смета премногу. Убаво ја чисти кожата и остатоците од шминка. Tea Tree Water - Тоник за лице, го купив заедно со сапунот и сум презадоволна од тоа што оваа комбинација на производи ми прави на кожата. Лицето ми изгледа многу почисто. Инаку имам проширени пори, флекички од акни. Чајното дрво помага за акни и црвенило. Откако ќе си го испрскам лицето и ќе се исуши си го чуствувам лицето стегнато и тоа малку ме нервира, но не е ништо во споредба со придобивките. Мислам дека и кожата помалку ми се мрси, но рано е да се каже. Ги користам 2 недели. Cherryish - сапунче - пилинг за тело. Многу слатко изгледа во форма на срце е. Има и чоколадо во него. Воглавно сум задоволна, фино мириса и колку толку ми помогна за ситни брунчиња по рацете. Ми дадоа и тестер од кремата Enzymion. Малку е за да дадам целосна оцена. Ми изгледа добра, го хидрира лицето, а бргу се впива. Но, се мислам меѓу неа и vanishing cream. Ако ги има некој користено на мрсно лице нека ми помогне при изборот.
Прави волумен шампонот Big? И колку време трае? Мене Whipstick балсамот за уста многу ми се допадна, одговара на сува кожа и мириса многу убаво
Да освен што прави волумен , не ја мрси косата. Од сите Лаш шампони што ги пробав досега овој ми се допадна и тој Seanik кој што исто така е за волумен само е во тврда состојба. Мислам дека состојките им се исти. Да знаеш дека после миење со шампон да ставаш регенератор или маска за коса бидејќи многу ја заплеткуваат косата шамоните на Лаш. Биг ми траеше нешто помалку од Сеаник , околу 2 месеца
9to5 го користам подолго време. Имам остелива кожа но со ова немам никаков проблем, ниту кожа ниту очи. Чисти се и го остава лицето меко и мазно. Пробав во меѓувреме некои други, и органски и неоргански, и пак се вратив на ова. Единстено кое ми се допадна е тој на Биодерма, но не му давам предност поради хемикалиите
Може глупо ама немам претходно ништо купувано од Лаш, па да прашам. Еве конкретно за Аромако тврдиот дезодоранс, можеш да кажеш ти колку грама сакаш да си земеш или како иде кај нив?
Има парчиња во разни големини , мислам најмалото парче е 100 грама , има и поголеми парчиња ако сакаш , а сите што сум ги гледала се веќе исечени ;
Од кој тврди дезодоранси сте најзадоволни и како се нанесуваат? Планирам цела козметика да ја менувам кон нешто поприродно, па ќе почнам од дезодорансот.
Од Aromaco Втор пат го купувам , трае во просек 6 месеца и се нанесува директно на кожата , не треба да се наводенува.