Мене не ми прија. Немам лупење буквално, ама има некоја реакција. Кожата е како изиритирана и се перути. Дефинитивно не е за мене, не ми е ниту практичен за употреба. Си зедов антиперспирант во спреј (оној виолетовиот од Кам, декларацијата му е ок, нема алуминиум) и толку со експериментите од Лаш.
Ако не си сменила детергент или нешто од препаратите за нега на тело, можно е да е од него. Јас го баталив. Прекинав да го користам неколку дена, се повлече иритацијата и кога пак се вратив на него, ме снајде истото. Пробај така, па ако не чини менувај.
Изгледа. Јас стварно немам приметено промени, ама парчето стик во последно време има остри рабови и нонстоп го сечам пред да мачкам. Уште ми е првото, купено во ноември, оттогаш без прекин го користам секојдневно. А твојата кожа може реагира на некоја од состојките. Не секогаш реагираме убаво на нешто поприродно, напротив.
Може слика од тој од Кам? И како си задоволна? Штити добро од потење? И дали прави таква нептијатна миризба (како некои други без алуминиум, пр Балеа)?
Хмм немам ни јас некој проблем со Аромако , го користам 7 месеца а сега го земав второто пакување. Во врска со острите рабови @Annath и јас го имам приметено од кога почнав да го чувам во тие ќесичките за замрзнување , изгледа се суши така повеќе и мора да се потсече малку..кога го чувам во тој самолеплив целофан го немам овој проблем
Шала на страна, си мислам да не е од содата. Има сода бикарбона во составот. Мене таа ми е добра само за лицето и тоа во одредени комбинации, за по тело јок.
Vazi li kaj nas uslovot ako odneses 5 prazni kutii od proizvod so oznaka deka ke dobies maska gratis?
Има некаде продавница или преку интернет се порачуваат производи? Сапун сакам Имам целулит. Стрии и сува кожа. Па нешто да ми предложите. И да колку им е трајноста на производите во смисла дали брзо се трошат?
Девојки, дали сте го користеле Dark Angels од LUSH? Сакав да го земам пред некој месец ама дечкото таму ми го препорача Aqua Marina и го земав тој, ама немам никакви резултати. Се мислам сега дали да го земам овој Dark Angels, дали вреди? Имам масна кожа со акни
Да јас го имам користено супер е мн убав чистач , поготово за тие со мрсна кожа ама многу ме нервираше тоа што цела бања ја правеше црнила, и некако мн тешко се измива од лицето. Јас мн сакам да го пробам Herbalism чистачот и тој е наменет за мрсна кожа.
Не знам зошто темава не е толку активна , многу членки овде ме `заразија` со производи на Lush ,а сега ги снема пишувајте жени мислења да не се караме Кога сме кај Lush , ќе направам еден update , да пишам што имам друго користено последниве 2-3 месеци кога бев во Македонија купив доста производи на Лаш. Бидејќи беше Велигден , имаше нова линија на производи. Решив да пробам два сапуни , Carrot soap и Honey i washed my kids И двата сапуна ми се допаднаа како мирисаат , но искрено одбегнувам да купувам сапуни бидејќи полесно ми е за употреба гел и сапуните многу ја сушат кожата. Мирисите им се фантастични , тој со морков ми мирисаше на свежо направен сок од морков а другиот на карамела и мед ги потрошив и двата ,но повеќе не би купила сапун од Лаш. Го купив и пилингот Cherryish - составен од семки од цреша и чоколадо. За мирисот ,немам зборови едноставно сакав по цел ден да го мирисам. Прави одличен пилинг , јас сум секогаш ЗА пилинзите со големи гранули , да се осети на кожата дека правиш пилинг , единствено негативно што при крај почна да се рони , дали јас правев грешка што по употреба не го ставав на суво место ,можеби требаше да се исуши како што треба. Го земав и шампонот Wash behind your ears , кој беше лимитидирана едиција , мириса на лимон и тоа многу јако. Буквално го имав како украс досега а и цела соба ми мирисаше на него Го пробав дури завчера , шампонот е одличен за мрсна коса. Штета што беше л.едиција. Кремата за раце Lemony flutter ме спаси ладните месеци и се колнам во неа. Таква ми е работата , што морам постојано да ги мијам рацете , па ми се сушеа , ми пукаа од ладната вода , едноставно ме спаси од сувите делови на рацете. Мириса на лимон , како некој колач со лимон , составена е од масло од авокадо , путер од манго , масло од лимон, масло од лаванда.... Ја препорачувам доколку имате многу многу сува кожа на рацете. Маскава за лице Mask of magnaminty е мој фаворит кога се работи за маски за лице , заедно со Cup O coffee. Одлична за мрсна кожа , буквално уживам кога ја нанесувам. Мириса на ментол , на билки интензивно и при измивање обавезно правам и пилинг. Составена е од масло од пеперминт , масло од невен и ванила.
Ќе направам и јас апдејт на што користам/ев. Го користев Seanik тврдиот шампон со алги и морска сол за волумен и се вратив на Karma Comba. Не ми даваше волумен, мирис, почна пак да ми се мрси косата на втор ден. Со кармата пак е под контрола работата. Нема да го повторам. Го пробав Big шампонот меѓутоа тежок ми беше за нанесување, не би го купила. American Cream регенераторот за коса - барав регенератор од Лаш и најискрено се заљубив во мирисот. АМА - само мирисот е ефектот за жал не ми дава убаво чувство после миење дека имам ставено регенератор на косава. Премногу количество ставам со надеж за ефект ама два месеци нема. Примам препораки за нов регенератор (дефинитивно не од тврдите.) Angels on Bare Skin трето пакување трошам, најдоброто нешто што и се случило на мојата кожа. Aqua Marina е како кремаста верзија на Fresh Pharmacy исто со каламин, не мириса убаво но е ефикасен, го купив за кога сакам да го одморам лицето со кремаст чистач од ексфолирачкиот AOBS. Bunnymoon желе маската за лице. Прекрасен мирис на ванила и мед, маска за хидратација на кожата премеко, нежно и хидрирано го остава лицето и многу мала количина е потребна. Си сечкате мало парче го растривате на дланка во допир со топлината се растопува и нанесувате.