Па мии треба нешто за чистење на лицето и некоја крема. Ти благодарам а дали може да ми кажеш која цена се чистачот и кремата?
Кремата е околу 1150 ден а чистачот зависи во која грамажа ќе го земеш, мислам 100гр беше околу 600ден Lush имаат веб страна можеш подетално за цените да видиш овде lush.com.mk
Го имав тој Vanillary ама не ми се допаѓаше , мирисот ме гушеше , би ти препорачала да си пробаш на лице место , може тебе ќе ти се допадне..
Една мала рецензија за некои производи што ги купив во август и септември на некој ќе му биде од корист Во август кога дојдов во Ск веќе си имав мал список што да купам од Lush Од шминка , сакав да ги пробам пудрата во прав Emotional brilliance и маскарата Eye rights. Маскарата не ми се допадна баш, ептен што ги издолжи малку трепките , не им даде волумен ниту пак малку да ги навитка. Цената е 995 денари и воопшто не вреди за таа цена. Пудрата е ОДЛИЧНА , за масна кожа е топ. Буквално додека не ја извадам шминката лицето ми е мат. Цената е пак таа, 995 денари и количината на пудра е огромна дури 20 грама има некоја розева боја , ама не се познава на лицето кога ќе ја нанесете , се претопува со тенот на вашата кожа. Наредно што земав е кремата/прајмер Magical moringa. Ја земав со цел да ја користам како крема за лице , и имам приметено во секоја држава на опаковката има различен опис - на таа што ја земав пишува база , додека во Гр пишува крема за лице. Е сега мене не ми одговара да ја користам како крема за лице бидејќи не дава никаква хидратација , но за под пудра е одлична , во кутијата производот е густ , како вазелин буквално , но кога ќе се нанесе на кожа се топи т.е. станува како масло и лесно се впива во кожата - и не остава мрсно туку станува мат. Верувам дека не тие со многу мрсна кожа ќе им се погоди како крема. Иако се топи како масло , не е наменета никако за сува кожа. Нешто ново што земав за тело е пилингот Scrubee и тоа пред неколку дена прв пат го истестирав. Пилингов е преекрасен , мириса на карамела и мед , содржи мелени бадеми , мед , кокосово масло... Не е пилиногт толку јак како Cherrysh , но одлично ја чисти кожата. Досега од сите пилинзи на Лаш сум многу задоволна. И откако оставив околу 4000 и нешто денари на штандот на Лаш , ми подарија сапун за тело , Sexy peel За мирисот немам зборови , мириса многу освежително , на портокал и исто така прави некој благ пилинг , внатре содржи парчиња лушпа од портокал , сапунов е прекрасен и ми е по идеален за лето поради мирисот Најголем мерак имав за чистачот за лице Let the good times roll , го земав во пакување од 100 грама , многу го фалеа дека мириса прекрасно , што не згрешив , мирисот е ФАНТАСТИЧЕН , што ќе немам доволно зборови за да го опишам , мириса на цимет , печени колачи , шеќерна волна , не знам , мирисот е толку јак што цела просторија ми мириса. Внатре има пуканки , секако ставени за украс , со нив пилинг сигурно нема да правите е сега , за мрсна кожа не го препорачувам , дава голема хидратација и имам чувство дека лицето побрзо ми свети по неговата употреба , за сува кожа е идеален. Во иднина би го земала за тело , секако во поголемо пакување и тоа повеќе заради мирисот. Деновиве ги донесоа божиќните производи и тие за Halloween , па очекувајте нови рецензии наскоро
Чистачот е 600 денари 100 гр. Според мене се исплати поголемото пакување , јас го земав тоа малото сакав да видам како ќе реагира мојата кожа инаку малото ми траеше 2 недели
Некој ги има искористено овие желе маските за лице? Се мислам да земам. Или пак дали знаете дали нашиве даваат као тестерце за дома, да си испорбаш малце, па ако ти е таман идеш и купуваш цело. Знам кај Американциве го прават ама не знам дали и кај нас важи ова..
Јас имам испробано три Fomo , Bunny moon , Just to clarify Првата ја имав купено , наменета е за чувствителна кожа. Мириса многу убаво на ружи Bunny moon , Just to clarify ги имав на тестер , првата е за сува кожа , втората за масна плус има некои ситни гранули и при миење го тријам лицето , прави благ пилинг. Многу ми се допадна мене. Сега ќе ја земам Rudolph , мириса прекрасно на чоколаден пудинг и ми ја понудија како супер за мрсна кожа. лимитидирана едиција е , затоа мора да ја испробам. Единствена негатива е тоа што малку тешко се мијат од лицето ама не ми смета мене.. Инаку даваат тестери секаде овде во грчкото lush поготово со секое купување ми даваат по 5-6 тестери и во Мк даваат
Да се надоврзам за желе маските јас имам комбинирана кожа и ја користев Bunny moon прекрасна е. Последно испробано од Лаш ми е Jumping Juniper тврдиот шампон за коса. Го користев Karma Kombа па Seanik од кој воопшто не бев задоволна и се чувствував неизмиено, па пак Karma и сега го тестирам Juniper. Мирисот е прекрасен, чисти одлично(остатоци од сув шампон,лак), дава волумен, не ја пресушува косата, но сепак Кармата ми останува фаворит. Имам нормална до масна коса, издржувам три дена без проблем повеќе никогаш не ја оставам.
Јас како заразена со Lush , ќе ви пишам мислења за уште некој производ (има доста за рецензирање , сега ќе одделам некои производи) Спрејчето за тело Snow fairy го користам секој ден , нешто послатко немам помириснато , не трае долго мирисот што е очекувано за еден спреј за тело , околу 2 часа , но кога ќе го нанесам на работа многу ме имаат прашувано кој мирис го носам Кога сме кај шампоните за коса , имам два на Лаш , Jersey bounce и I love juicy. Првиот е составен од морска сол , јајца и др , и можам да кажам дека дава многу многуу волумен , за коса што се сплескува по еден ден од миење како мојата е супер , и за мрсна коса е екстра. Вториот мириса на тропски овошја , манго , папаја , ананас , цела бања мириса со саати и исто така е одличен за масно теме , ама не дава толку многу волумен како првиот. Jersey bounce е во пакување во црна кутија од 330 гр додека другиот има три разни пакувања од 100 , 250 и 500мл. Јас го имам најмалото колку да го испробам. Да напоменам дека по користење на шампониве го користам регенераторот за коса Veganese кој е наменет исто така за масна коса , не е воопшто `тежок` за косата колку и да ставиш , при миење убаво ја расплеткува косата и дава еден убав сјај. Buche de noel е чистачот што го користам моментално , одвај чекав да излезе во продажба за да го купам , лани го имав на тестер и кога дојдов во Скопје не успеав да го најдам - беше распродаден. Се состои од мелени бадеми , брусница , мирисот е феноменален , јас уживам додека го користам на лицето , нанесувам еден мал дел и го мешам со малку вода се прави како паста и го нанесувам на лицето. И седам така 5 минути уживајќи во мирисот мириса празнично , на печено благо со бадеми , торта неопишлив е мирисот. и нормално го земав најголемото пакување што постои За туширање го користам моментално желето Santas belly , го купив за ќерка ми ама нормално дека и јас си го користам малку е тешко за користење , знае да ми `избега` од раце , не сум љубител на желеа за туширање искрено ,ама толку многу сакав да го пробам се состои од сок од јаболки и црвено вино Има внатре некои ѕвезди што при миење испаѓаат и ги наоѓаш по телото
Продолжение.. и дај бе женски пишете нешто , само јас пишувам овде ги повикувам членовите што ја отворија странава да се појават и да продолжат да пишуваат Gorgeous крема за лице Од кремава побарав тестер (не е воопшто евтина- најскапа е од сите креми на Лаш) , ја препорачуваат за зрела и комбинирана кожа , лесна крема е , се впива многу брзо во лицето , мириса прекрасно (како сите креми на Лаш) на мед , а содржи многу убави состојки како свеж сок од ананас , лимон , портокал ,маслиново масло , миртова смола , масло од нероли итн. , јас имам мрсна кожа и не ми свети лицето воопшто , одлична за под пудра. Сега за сега не би ја купувала , и Vanishing кремата ми врши работа , поготово помага многууу при акни. Крема за очи - Enchanted cream Кремава ја купив во нормална количина , претходно ја имав пробано од тестер и ми се допадна и по потрошената крема на Кларинс решив оваа да ја земам. Во составот нема анти ејџ состојки , но мислам дека ми е многу рано за нешто такво , вработените во Лаш ми напоменаа дека пред се за да не се создаваат брчки околу очите треба кожата да биде добро нахранета и кремата што ја користиме да дава добра хидратација. Задоволна сум од кремата - малку пумпицата ме нервира што при стискање излегува малку повеќе производ од што е потребно , ама гледам се да искористам нормално. 45 грама е така да долго ќе ми трае и за таа цена 20 евра , според грамажата не е воопшто скапа. Составена е од бадемово масло , мед и лаванда Tea tree water - лосион за лице со акни и масна кожа Лосионот го купувам два пати - убаво го чисти лице , не содржи алкохол така да не го суши и масти дополнително лицето. Акните ги смирува и ако има постоечки ги суши. Од кога почнав да го користам лосионов , акни не ми се појавуваат содржи во составот чајно дрво и грејпфрут. Christingle body conditioner - Исто така и ова го имав на тестер , претходно кажав дека не ми се допаѓаат овие производи за туширање во вид на крема , но мирисот е прекрасен , освежувачкиии , мириса на мастики , на ментол ама многу многу силно. Го произвоедуваат и во naked производ , па очигледно е дека би го земала така. Содржи масло од ментол , шеа путер , грејпфрут.. Овие новогодишните производи се кој од кој поубав , не можам да издвојам дали овој повеќе ми се допаѓа или Snow fairy гелот за туширање. За нега на тело го испробав овој производ , секако во вид на крема Once upon a time , мириса на зелени јаболки , свежи , измиксани. Освежувачки мирис , погоден за утро кога не можеш да се разбудиш и мирисот ти помага , леле ама објаснување дадов Исто така го користам и масажерот за тело Tender is the night , кој има многу сува кожа ќе му биде одличен , но внимание , мирисот е претежок за мојот нос и гледам да го потрошам , не би го купила пак Дава одлична хидратација , тоа немам збор , дури сум слушнала дека не е погоден производ да се купува во лето бидејќи сам од себе се топи на повисоките темеператури
Пред некое време ги набавив Vanishing крем за лице и tea tree water имам мрсна кожа склона кон акни, Како го ставате тоникот го прскате на лице или на памукче па на лице? И дали да очекувам подобрувања од овие производи?
добро ти благодарам, мислам дека ти ми ја препорача во темата за креми и истражував имаше многу позитивни мислења и ги нарачав. Ќе пишам за резултатите
Први мои производи од Lush. Тргнав да земам сапун за лице, се вратив со плус лосион за тело и тестерче крема за лице за сува кожа. Лосионот, односно кремата за тело ме воодушеви, ја пробав на раце, прекрасно хидрира и дава убав, здрав сјај. И чистачот за лице на база на бадемово млеко е предвиден за суво лице, и мислам дека ќе ми одговара, ја пробав на кожа. Кремата за лице Celestial допрва ќе ја тестирам. Ги погледнав состојките, доминираат природните и органските, ама имаат и такви кои ги формулирале како безбедна синтетика, во кремата за лице има и пропилпарабен. Чисто информативно. Во секој случај, мислам дека направив убав избор.
@orevokrsacka супер избор , и двата производи ги имам пробано , чистачот за лице го имав во најголемото пакување од 240гр и го потрошив пред некоја недела , а кремава за тело мириса на зелени јаболка штета што ги нема во продажба цела година
Имате ли пробано некој од нивните цврсти регенератори? Моментално го користам цврстиот шампон за виткана коса Brazilliant и засега сум задоволна, убаво пени, има добра измивачка моќ и косата ја осеќам баш чиста, а истовремено не ми ја суши и локните ми се убаво оформени. Конкретно го гледам Jungle цврстиот регенератор затоа што тој се препорачува за сува, виткана и разлетана коса, но и да сте пробале некој друг, споделете искуство