Јас, тој со масло од каранфилчиња со парчиња цимет, светло розева боја е, така нешто. Помага против опаѓање, но има и подобри шампоно за таа намена, а поефтини.
Не би ти препорачала ниеден цврст регенератор Искрено, се вљубив во тврдите шампони и сакав да се префрлам и на тврд регенератор, ама останав разочарана. Не хидрираат доволно, потребно е многу триење на косата со регенераторот и имам чувство дека се измива комплетно. Го земав American Cream после тврдиот Jungle и од него бев за нијанса позадоволна. Би ги пробала другите, потешките во следна прилика, можеби хидрираат повеќе. Имам густа и тенка средна на должина коса која ја мијам фенирам на 3/4дена.
Би сакала да ми препорачате маска за коса , која да ја земам? по можност да не ја слепува косата.Еднаш ми дадоа тестер од Jasmine and henna fluff ама за жал ако не ставиш барем 2-3 пати од маската нема да знаеш дали ти одговара или не. Косата не ми е густа , ама при миење со шампон ми се заплеткува па искрено се мислам дали да земам маска или да си останам на регенераторот American cream
Да , и мене ми се допаѓаше тоа што го имав , јас лично го користев Santa`s belly , тоа беше многу убаво мирисаше на јаболко и внатре имаше некои ѕвездички (ова беше л.едиција т.е. само за зимските празници е во продажба) Провери во Лаш случајно да не го имаат достапно се уште плус на 30% попуст се тие производи сега
Препорачајте шампон/маска за волумен на масна коса? Ако вооошто постои. Ептен ми е слепена горе, освен со тапирање поинаку не можам да добијам на волумен.
Маска за волумен нема , освен ако сакаш регенератор за масна коса се вика Veganese а шампон , Seanik , во тврда состојба е , го имам пробано и со сигурност можам да ти кажам дека дава волумен
Има неколку месеци што го користам тврдиот шампон за коса Jason and the argan oil(тој што мириса на Rose Jam) и стварно косата ми ја прави супер;сјајна,не ми се мрси толку брзо но до толку ми предизвикуваше чешање на скалпот морав да престанам да го користам.Дали некој ја има пробано и дали има ист проблем,или нешто не е во ред со мојот шампон?
За жал сите нивни шампони содржат SLS и можат кај осетлив скалп да предизвикаат чешање и првут. Јас имам пробано неколку Big, Karma komba , Jumping juniper , I love juicy , New и само Jersey bounce ми прави првут..
Фала за одговорот...Немам чуствителен скалп овој е единствениот шампон кој ми го предизвикуваше овој проблем па си реков да го пробам Big ,ама ако разбрав добро од одговоров и тој ми правел сличен проблем?
Да , можно е баш поради состојката , додека не пробаш не можеш да знаеш.. единствено да им побараш тестер па да пробаш.
Девојки, денес бев до Лаш ми треба крема кожата ми е комбинирана накај мрсна склона кон акни. Ми ја дадоа на тестер Vanishing cream, нешто повеќе за кремава? Помага ли? Повеќе ми е за хидратација и имам многу отворени пори, што мислите би ми помогнала? Да напоменам немам онакви акни големи повеќе ми се како ситни нафрлани како да кажам како осип, или би ми препорачале некоја друха на Лаш?
За кожа мрсна склона кон акни ја препорачуваат Vanishing cream јас акни немам , ама ако пребараш низ интернет ќе видиш многу добри коментари од тие што имаат акни , дури има и некои слики како им било лицето претходно и потоа од кога почнале да ја користат кремава , дека многу им помогнала. Јас сум задоволна од кремава , во однос на мрснотијата и хидратацијата е топ. Јас имам користено три креми од Лаш оваа таа Enzymion и Gorgeous. Enzymion е исто така добра ако имаш нешто по мрсна кожа , а Vanishing мислам ок ќе ти биде бидејќи ти треба плус хидратација. За порите , немам приметено нешто да помага , еве и јас имам големи пори и што и да имам пробано досега ништо не помогнало Пробај ја Vanishing , мене ми се допаѓа што вработените ставаат доста производ во тие малите кутивчиња и можеш се убаво да пробаш и да видиш дали ти одговара или не
Да кажам некој збор за последните Лаш прозиводи што ги земав Amazon primer Прво мислев дека е масло (серум) за лице , но ми објаснија дека е прајмер за лице (се нанесува после кремата што ја користите) па решив да го земам да го пробам. Го нанесувам откако ќе се упие убаво кремата , директно на лицето. Мириса многу убаво , а и навистина ја матира кожата без да ја затегнува и сл. Не помага при прикривање на порите. Love island body scrub Пилингов во цврста состојба мириса многу убаво - ме потсетува на некој машки парфем. Се состои од шеќер , какао во прав, сода бикарбона , масло од лимонска трева , а во составот има и песок Едиснтвено не ми се допаѓа што не можеш да го нанесеш на по меки делови од кожата бидејќи гребе премногу , но ете за нозе и стопала е врв! Straweberry whip - сапун за тело Мириса цела бања на јагоди , а кога се бањаш остава црвена боја како свежо исцедени јагоди описов Лично многу ми се допаѓа , се состои од гераниум и јасмин , ама јас само јагодите ги чувствувам. Исто така ов составот има и тофу По неколку користења може да се забележат и црни точки (мене ми личат на чиа семе или афион , а појма немам што се) па така да прави и благ пилинг со предниот дел.
Премногу ставаш, ти се суши скалпот и се иритира, пробај со помалку. Два пати или трипати помини ја косата, се создава сосема доволно пена, ако не е премногу мрсна косата. И јас имав проблеми на почетокот, сфатив дека премногу ставам. Тврдите шампони имаат посилна измивачка моќ од обичните течни шампони, затоа и многу малку треба.