Lush конечно ја пуштија новата страна и бесплатната достава ја накачија на 1500ден. Беше 1000. Иритантен ми е фактот дека имаат еден факинг штанд во цела држава, имаат трошок од 6 вработени и одгоре наплаќаат достава што може да ги чини 80денари.
Што им е со безобразно покачените цени?! Не знам од кога се, првпат ги приметив сега брзо. На одредени продукти. Пример, Дарк Ејнџелс што го користам со години 550 денари, сега е 700! 200-300 денари плус?? Веќе производ не им купувам
@Beauchamp точно го имам забележано и јас тоа со покачувањето на цените. Мислам дека секоја година ги покачуваат. Исто е и тука во Грција каде што живеам. , шампоните беа 8 евра, сега 9,5 , кремата за лице 19 евра сега 21 , од прилика сите производи им се покачени за 2 евра
Па претпоставував секаде дека е покачено. Али арно малце ги покачиле. Кај вас не е многу. Пример, и оној чистачот со пуканки беше 350/450 ден. максимум во Мк. А, сега е 700 денари. Немам коментар. Иако им се предобри проозводите, сега за сега не им купувам по овие цени.
Необјасниво ми како кога пазарот на органска/природна козметика станува по конкурентен Lush прави вакви испади. И ужасната реклама од Ивана Кнез...
Не е од сега скоро, се е покачено за 150 денари! За квалитот нема збор, ама цените се превисоки а грамажата и големината на производите премала..
Lush нема ни “о” од органско, а за “природно” секако не постои во светот законска регулатива околу тоа кој каде и под кои услови смее да го користи тој назив, па си го ставаат на етикетките сите до еден. Cruelty Free се, исто така и вегански, но далеку се од природно/органско, со сите креми за лице до една со парабени во составите, состојки кои веќе и најефтините дисконтни брендови со производи од по 1€ веќе ги избегнуваат...
Не ни имав поим дека е качен, малце така се шокирав кога ми наплаќаа на каса. Последно го земав по таа цена пред половина година и повеќе можеби. Ај за него се исплати, не е нешто што би го купувала секој месец на пример.
Денес бев.. Катастрофа.. Пред 5-6 месеци беа прељубезни, без да побарам секакви тестери добив. Денес не ме ни видоа дека сум таму, не ме ни прашаа дали ми треба помош. Катастрофа. Си земав таблетки за миење заби. Цената изгледа само на тие е останата иста. Се друго ми се виде прескапо. Се што имам земено до сега е било добро, генерално задоволна од производите.. Ама цените се лудило..
Од Лаш едино се исплати да купуваш ако начекаш попуст. Пред месец дена бев да купувам и си бендисав ствари кои денес си ги купив на 50% попуст . Презабавни се, ама се забегани со цените. Уште ме боли срцето за Once Upon a Time naked лосионот за тело кој го платив 850, а сега е 450 денари. Си се тешам дека споро се троши. Пилинзите за усни им се врв, но 500 денари не ми се даваше за малечко тегличе. Го начекав Pumpkin Spice на попуст и го платив 350 денари Yog Nog naked гелот за туширање го земав за 395 денари, намален од 795. За шумливите купки не давам повеќе од 250 денари (моментално се намалени колекциите за Халовин и Божиќ). Го купив и Aromaco иако не ми беше во план, ама одамна сакав да го пробам. 550 денари е 100 грама, јас земав некои 90 грама - 495 денари. Следно се мислам да купам парфем, ќе ја означам @koritsaki бидејќи ми се вртка во глава дека има користено нивни парфеми.
@sorbet да имам два парфема дома од Лаш. Едниот е Lust , другиот Breath od God. Првиот ми е омилен, мириса на јасмин ама е многу тежок. Мм го обожава кога го носам, ми вика кој Диор , кој Гучи , по убав парфем немам мириснато додека мајка ми ми вика ауу бегај колку тежок парфем , смрди итн Другиот воопшто не ми се допаѓа, го купив без да го мириснам и ете си седи сега скоро цел. Криво ми беше ќе додадев 10 евра плус и ќе си го земев American cream. Овој го имам мириснато и е многу многу убав. Општо сите парфеми им се трајни , само се многу тешки и ако не можеш да трпиш тешки мириси не ти препорачувам да земеш нивни парфем
Lust и на мене ми е тежок. Vanillary, 1000 Kisses и Amelie Mae ми се допаѓаат како ми легнуваат на кожа, но за Amelie Maе ми кажаа дека веќе нема да го увезуваат. Ме интересира каква им е трајноста? Дали вредат за парите? Дали можат да се носат секој ден без да ти се згади од мирисот бидејќи се специфични?
@sorbet Да , според мене вредат за парите (зборувам само за течните парфеми) , овие два парфема што ги имам барем дома , мирисаат цел ден некогаш облекувам блузи што сум ги носела претходен ден и сум ставила ете од Lust и парфемот се уште мириса. Досега не ми се има смачено од мирисов , а скоро секој ден го носам и пола и помалку има во шишенцето. Јас ги имам тие од 30мл. Сум користела и поскапи парфеми - ама според мене овие на Лаш се многу потрајни. Баш го меркам American cream , ама гледам на странава кај нас во Гр само од 100мл го имаат (70 евра кошта) Баш ќе ги прашам дали го имаат тој од 30..
Кај нас (во Грција) во Lush донеле нови мириси - спрејови за тело и парфеми. Баш вчера видов. Сакам да земам еден ама тежок избор За парфем како што спомнав American cream или спреј за тело, се мислам помеѓу BIG и Let the good times roll. Ако некој ги пробал последниве два производа , мирисаат фантазија само трајноста која е се прашувам. Ќе ги тагнам @piglet1 @Noemi ако пробале некој од спрејчињата да пишат
@piglet1 одличен избор , ако мириса како сапунот , тогаш мириса навистина прекрасно. Ќе одам во понеделник па ќе видам кој ќе земам , фала