Исто, многу брза реакција на сѐ што порачав. Инаку патлиџанчето и јас го добив и мислев дека е сапунче, ама шумлива купка пишува на нивната страна. Со здравје да си ги користиш
После 100 години истражување и читање и јас си порачав. Им пишав на инстаграм бидејќи нешто не ми беше јасно, дечките веднаш љубезно ми одговорија и си порачав тракатаници.
Ве молам да ми помогнете. Стигнав до плаќање, е сега не знам Број на картичка CVV2/CVC2 Ова како да го пополнам?
На Моника Потер како и ја испратиле нарачката vs како мене ми ја испратија. Можеа малце да се потрудат, им оставив 4000.
Да, BIG и Snow fairy, одлични се и трајни (најтрајни од сите спрејови за тело до сега што сум ги користела)
Се е до перцепција. И мене ми стигна во обична кеса. Јас се прерадував на сапунчето/купката и на брзата достава. Дефинитивно Instagram гради еден куп нереални очекувања.А компанииве што мислат дека така ќе се промовираат ги креваат очекувањата на клиентите па после има разочарување од ситници.
Не е до перцепција. Факт е дека се прескапи за држава каде просечната плата е 400 евра. Нејсе, сум поминала и сум купила помалку работи и секогаш ми давале по некое тестерче - сега ништо. Барем сапунот да го завиткале во фолија. Нема да се радувам за нешто што го преплатив, очекувам услуга соодветна на тоа што сум го платила.
Презадоволна од се што имам од Lush досега земано. Само што ми стигна нарачката, поклонче ми е сапунчето и 2 тестеричиња (шампон и регенератор)
Дали може да ми препорачате лосион за тело ама мирисот да му е траен и по можност да мириса слаткасто? И дали некој го има користено парфемот American cream? Описот многу ме привлече па дали вреди да се купи?
Убав е, не ја суши кожата, ама мене не ми е доволно само со сапун да се поминам, самата кожа ми бара нешто плус па ставам лосион за тело.