Синоќа си земав тврд шампон за проблематичен(мрсен) скалп, денес се измив но задоволна сум од тоа што го видов и осетив. Многу е рано да кажам дали има ефект, меѓутоа можам да потврдам дека има огромна разлика од обичните шампони и овој. Инаку е 450денари. Би сакала да го имам и чистачот за лице, многу ми се допадна кога ми демонстрираа ,а и путерот за тело... само некако поскапички ми дојдоа, здравје понатаму би ги земала.
Оооо до сега им ја манијачев страната, апсолутно се им обожавам. За матура пред две години добив пакетче, радости живи бев страв ми беше да го искористам. Сапунчето совршено ванилесто, купката исто. Ама за високи цените за наши страндарди барем високи се. Сега се мислам да си земам некој чистач за лице како ова http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... -bare-skin Критика некој? А и балзамите за уста им се преубави исто така, омекнуваат и имаат траен мирис. Само ај реши се да дадеш 500 денари за еден....
Не ми се дава 200-300 денари за сапун па како сака нека мириса. И плус да убаво мирисаат ама ја сушат кожата. Не се ништо посебено за цената која ја нудат. Има сапуни во продавницине, па и од авон што мирисаат исто прекарасно а чинат многу помалку. Добив за еден роденден, еднаш го пробав и од тогаш стои така, не ми се допадна ич, мириса прејако за сапун па и за купака,барем според мене.
О па зар сме имале тема за Лаш?Еве кај ќе ве замарам јас.. Зависник сум од Лаш!Значи буквално ги обожавам!!! Ако ви се верува си купувам понекогаш сама на себе од тие пакетчињата за поклони што се,и се радувам како некој стварно да ми го поклонил а не сама да сум го купила Гревче Ама и дечко ми знае дека ги сакам па често знае да ме изненади. Ги обожавам производите за тело посебно,зошто ја прават кожата прекрасна,мека нежна миризлива Тие сапунчињата,купките,путерите ми иде да ги грицнам некогаш како колачиња ми се ,не знам како некој може да не ги сака Лаш,ја сакам сите да ги имам!И плус се 100% природни производи,немаат никакви хемикалии во нив. Иначе секогаш гледам да купам од најмалите паковања,или најмала грамажа,од причина што сакам сите да ги испробам ,а и најисплатливо му доаѓа.Освен ако знам дека ќе го користaм онака долго,сум задоволна и неќам да го мењам. Еве кој ми се мене омилени нивни производи во последно време. Мa bar-пенлива купка. Honey i wash the kids сапун Од геловите за тушриање омилен ми е Snow Fairy,тој го користам моментално.Одма зад него ми е Its raining man,а и Glogg ми е убав исто.Сакам да го пробам сега и Flying Fox,ме привлекува некако Пилинг,поточно повеќе доаѓа како маска за тело...Glorious Mud Едни од моите омилени нивни производи (Заедно со балзамите за уста)ми се масажерите и путерите..Си се мачкам навечер пред спиење и кожата ми е...благо речено совршена и прекрасно мириса мммм Strawberry Fell Forever,Heavanillly Massage Bar,Soft Coeer... Блазами за уста...Искрено се скапи за балзами да ,уствари може се и најскапите производи од Лаш кога ќе споредиш грамажа функции и сл...ама ја не можам да им одолеам!!! Нема да ги набројувам сите многу ги имам пробано,само ќе кажам дека се запрепастена од пилингот за уста Bubble Gum....Перверзии!!!Иста колекција се со Snow Fairy гелот за тушрање. Од производите за коса,го имам регенераторот American Cream-совршен е!Сакам да го пробам и Retread па ако некој го има пробано нека кажува искуства. Исто ако има некој има користено некои шампони или маски,нека пише,баш сакам да ги испробам. Тајгер-лејди,немам пробано од ниеден чистач за лице,ама многу ме интересира какви се.Ако го испробаш случајно обавезно да ми пишеш како си задоволна.
Од чистачите за лице го имам пробано Herbalism, предобро дејствува на кожата. Малку ми го сушеше лицето затоа што сепак не е наменет за чувствителна кожа (другарка ми ми даде половина од нејзиното да пробам, нејзе и’ беше совршен), но сепак дури и моето лице добро го поднесуваше, за разлика од многу други пилинзи. Многу убаво мириса на свежи билки.
Miss-Independent кога купував од Лаш ми го презентираа чистачот за лице(овој црниот) , а и го испробав на рака, затоа можам да ти тврдам дека навистина ја прави кожата прекрасна, мазна и мека. И јас сум со намера да го купам во скоро време
Тајгер и Мисче јас го имам овој чистач веќе неколку месеци и супер е. Не е ефтин ама долго трае а не е ни до пола.На претходната страна имам коментирано за ова Ви го препорачувам http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... -herbalism
Мис.Индепендент - може да ми кажеш дали регенераторот е за виткана коса? И дали навистина вреди за парите, 700 денари не се малку за регенератор
Некој да сподели искуство со производите од Лаш наменети за мрсна/проблематична кожа? Стварно се двоумам дали вредат за парите, најмногу сум за да ги купам заради тоа што се 100% природни, ми се измори лицето од сите хемикалии што ги имам ставано!
КаврГрл мене ми е супер.Косата ми е иначе оштетена скроз,дека се фарбам шатирам пеглам виткам,а и пририодно ми е благо виткана(што само по себе значи сува)...хаос.Ама ептен убава ми ја направи косата,мека свиленакаста а со тоа и локните сами по себе добиваат поубава форма нели,иако не е наменет конкретно баш за виткана коса мислам дека И плус како мириса....сон! Иначе сакав да ти кажам да си земеш прво помало паковање,има 100г за 300или350 денари така нешто,да го пробаш,па ако ти се погоди ондак можеш да си купуваш од поголемото паковање Јоулен,јас пишав дека немам користено некои чистачи за лице и слични работи,ама ете некои од девојкиве имаат пофалено некои.Исто и една другарка ми го има пофалено спрејчево. Се води како чистач,ама уствари е спрејче за смирување на исфрлувања,акни....За проблематична кожа.Го мириснав нема некој посебно убав мирис,малку како некоја минт камилица нешто,ама на другарка ми ете и помогнало ептен
Пак јас,ви кажав дека ќе ви досадам на темава уште однапред Дојдов да ви ја пофалам купкава,т.е. шулива купка Think Pink. Значи не можам да опишам кои прекраснотии од мириси се собрани во неа,уфффф да можам секој ден би киснела во када со неа.Кога ја пробав одма купив друга.И таа отиде денеска,морам пак да купам во брзо време Рај е купкава..после еден напорен ден ,најдоброто нешто што ќе ви се случи,рехабилитација. Впрочем како и сите купки на Лаш,ама мене оваа до сега најубаво ми мириса. Се замозаљубувам во себе после купкава,што би рекла Пирамитка. Еве го и текстот за неа од Лаш. Инспирација за Think Pink е истоимената песна во филмот “Funny Face” во кој глуми Одри Хепберн, која на Марк му е симбол на убавина на овој свет. Иако е розева и содржи мирис на ванила и тонка, суптилна лаванда и бесрамно весел нероли, Think Pink не е еден од нашите слатки мириси; таа повеќе потсетува на високо префинет парфем за елегантна жена со луда смисла за хумор.
Женски бе дај пишувајте на темава,се осеќам као некоја напаст,ова ми е трето мислење по ред Сакав да прашам дали некој користел некои од маските/третманите за коса Jasmin and Henna... или H'suan ven Hua? Сакам да си земам една од овие две,ама не можам да се решам. Од една страна девојката ми ја препорача како по регенрирачка таа H'suan ven Hua ама мене не ми се свиѓа мирисот,одвратен ми е,а таа Јасминот прекрасно мириса. Од друга страна Hsuan..иако е поефтина скоро у пола цена, паковањето е само за од 2до3 миења,ама максимално смее да се користе 6недели годишно,што би му дошло 2 паковања. Ама ај за цената не ми е,него не знам зошто повеќе ме влече таа Јасминот а знам дека таа другата повише ќе ми помогне.Од истава причина-мирисот, го купив American Cream место Retread а знаев дека е подобро тоа. Се надевам некој од вас користел некоја? Спојлер http://www.lush.com.mk/image/cache/data/h/s/186-03-08-2011_LUSH01_0047-500x500.jpg Спојлер Смирување и омекнување за разбушавените бранови. Нанесете ја на коса оваа наша маска со јасмин 20 минути пред да ја шампонирате косата. Вашата коса ќе добие сјај, тело, еластичност и форма. Посебно е добра за оштетена и заплеткана коса.
Јас пред еден месец си го купив пилингот Bubble Gum и одличен ми е А после тоа уште еднаш отидов и си го купив American Cream, исто така ми се погоди, преубаво мириса и прекрасно ми ги дефинира локните Инаку Miss-Independent, јас се мислев дали си земам маска и уште се мислам, па ако земеш некоја пиши да знаеме како ти се погодила. Јас верувам дека нема утка со Lush, сигурно и маските им се убави, прочитај reviews на интернет, може тоа ќе ти помогне да се одлучиш
дури сега гледам дека имало тема за лашохолици hsuan е супер ако имаш фарбана и сува коса - нема утка инаку кој не го пробал под итно ова да го стави на списокот јас го открив пред 2 недели, малку е скапичко ко за туширање ама каква ја прави кожата и како мириса http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... 9/id/1250/ТУШИРАЊЕ-Креми-ro’s-argan-body-conditioner
Ќе си го купам регенераторот за коса,тој оргазмичниот ме заинтригиравте.Иначе имам користено од тие купките за када како топки и стварно се супер.
Eве уште еден лашохолик Jас дури сега дознав дека сме имале лаш продавница во градов,и веднаш заминав да купам работи,не сум јас за да влезам внатре,се ке изнакупам Tуку земав ова Turkish Delight Smoothies-крема за туширање прво се збунав,не знаев дали е лосион за тело или се тушираш со него,а тој за туширање бил Mека ја прави кожата,и доста се чуствува мирисот и цела бања мириса,само мирисот не ми прави многу мерак,многу на рози ми мириса,јас очекував поблаго да мириса Hе би го купила пак Bubble gum lip scrub Mногу убави ги прави усните,ја отстранува мртвата кожа и ги прави неверојатно меки усните,и што е најважно многу убаво мириса,ми доагаше да си ги гризнам усните Sultana of Soup Oвај ми е прв сапун што го имам пробано од lash,и многу убаво ми мириса,на зимски мирис но не јак,туку онака мириса чисто и ме потсека на зима :geek: Karma komba Tврд шампон,прв пат го пробав и за сега убава ми е косата Kе пишам пак каков е Mе интересира како мириса овај путер за тело,го има некоја користено Creme anglaise? A и ме интересира за кремите за лице,какви се? Mе интересираат овие две Celestial и Skin Drink? Aко ги има некоја користено нека пише
Мене тврдите шампони ме ставаат во дилема малку. За една употреба ли се само? Некако мали ми се чинат (+ и скапи се)
Велат дека можеш со нив да се измиеш 80 пати, така слушнав баш на некое видео на јутјуб, само малку да протриеш на косата веднаш прават пена
Ај јас нешто да ве прашам. Имам користено 2 сапуни и бев задоволна од мирисот, едниот со ментол летен беше сапун а другит мед и млеко, преубав мирис како што кажав, но не и од нега. Односно, јас си користам Dove сапунчиња и тие ми се единствените кои после миење ми ја прават кожата мека, сите останати ми ја прават исушена и морам обавезно да ставам крема за раце. Истото и со Лаш ми се случуваше, џабе убаво мириса кога мене суви ми се рацете после тоа. Е сега тоа не се случува со кремите за туширање нели? Тие се како течен сапун? Кожата е мека и похидратантна по туширањето? Или и тие се посуви? Најмногу ме заинтересира за негата за коса, ќе ги посетам наскоро, многу ги фалите, иако соленки се цените за наш стандард. Јас се изнервирав од Лаш, добив од нив наградна игра и 3 пати ме враќаа дека не им се доставени списоците, a првиот пат немаа поима за што зборам и со тоа добија многу негативности кај мене. Ме маткаа, на крај си се откажав, не молам за колекција Лаш до толку, не се толкав луксуз, фала им.
Jас ја имам кремата за туширање погоре ја постирав,како путер,лосион за тело се,само се мачкаш со нив во тушот и потоа се миеш,многу чудно ми падна прво не знаев што е,а убава ја прават кожата потоа,мекичка,преубава еве јас од прееска се душкам и си се галам по кожата како ненормална Jас ги препорачувам,за мене се убави A јас гледав на македонскиот лаш сајт,и кога ги видов цените се запрепастив,премногу се скапи бе A јас прееска се чудев колку се ефтини овде,а скапи таму,по 1000-2000 денари