Создава филм на кожата и не се пресушува, за разлика од другите средства за туширање. Јас пак ставам лосион, ама и да не ставам, не ме чеша цело тело после бањање со сапунов како што е случај после бањање со други средства. Јас го користев, го зедов за мм, ама нему не му одговараше. Ништо посебно не е. Ако сакаш против опаѓање, на Конопка од Белина земи го, супер е. Не ми паѓа толку и згусната ми е. Додуша со тој и со шампонот од баобаб на Планета Органика се мијам, и тој е за згуснување на косата.
Не на влажно, на суво и чисто. На почетокот е тешко, ама после ќе се измазни страната кај што мачкаш и ќе оди полесно.
Добар ли е? Гледам дека го фалат. Битно ми е да ми издржи тие 8 часа, за работно време. Можеби не спречува потење, ама барем непријатна миризба да нема. Моментално користам дезодоранс Нивеа, ама без алуминиум и овие денови кога е потопло се осеќа малку непријатен мирис. Исто имам и Лавера ролон, ама не држи многу.
Мене ми е супер. Нема мирис воопшто и по 8 часа активна работа. Еве, сега кога работам со триста тони опрема на мене, потам повеќе, ама мирис нема. Затоа и не му откажувам љубов.
Lush ја тргнале опцијата да си одбереше тестери на крајот од нарачката Баш глупо зашто многу работи што сум нарачала првин од тестер ги пробував. Сега изгледа праќаат рандом тестери или никакви
Некоја да не го проба парфемот American cream? бидејќи немам Lush продавница во близина шубе ми е да го порачам беа да го мириснам иако го имам користено балзамот за коса и гелот за туширање.. ме интересира дали мириса баш како нив и дали е траен? Кај нас во Грција ќе донесат декоративна козметика на Lush, ептен се израдував, многу сакам да ги пробам пудрите во вид на стик. Последно што пробав од нив е силвер шампонот , има јак пигмент ама ми направи многу првут..така да не би го купила повторно..
@koritsaki Пишаа дека им се тргнати сите тестери сега Aко мириса како Аmerican cream регенератор ќе е прекрасен Последните работи кои ги пробав јас: Happy Happy Joy Joy регенераторот/парфемот за коса. Последен регенератор од Лаш на кој му давам шанса. Пробав тврд, течен, џабе не ми даваат задоволителен ефект. Никаков ефект за скротување,омекнување и расплеткување. Мирисот далеку послаб од на American Cream. Almond Blossom гел за туширање- прекрасен! Интензивен мирис на бадеми (кој обожава марципан како мене ќе се вљуби во гелов) ама на кожата како да се изменува мирисот и станува многу по пријатен. Дава мекост на кожата и мирисот се задржува. Flyaway Hair сувиот шампон. Помалку агресивен за скалпот и влакното од Jumping Juniper кој го користев претходно ама со истиот ефект. Прекрасен свеж мирис, на база на морска сол за волумен. Го имам пробано и Big шампонот со морска сол, но овој е многу поефикасен за волумен и сјај на косата.
Денеска го купив Sleepy сапунот, и ми дадоа и тестер од истиот лосион. Како сте задоволни ако сте ги користеле двава производи? Да ми препорачате некој лосион од Лаш за сува кожа?
Јас внатре се 100 таблети, после искористување на едно шишенце со сите таблети внатре има минимално избелување ... не е кој знае што, ама има ефект. Околу 500 ден се.
Некој многу убав сапун за туширање да ми препорачате , за сува кожа. @koritsaki ја тргнав затоа што знам она често им ги користи производите.
Јас би ти ги препорачала маслата за туширање , еве на пример ова https://www.lush.com.mk/Coco-Loco-Масло-за-туширање Многу убаво мириса и баш е за сува кожа , од сапуните sexy peel , honey i washed the kids , sultana of soap што ги имам пробано , некако оставаат суво чувство да кажам по бањање , и не ги препорачувам барем овие за сува кожа. Од маслата за туширање има само два типа мислам.
Сапун или може и гел? Сапун пробај го Honey I washed the kids, убаво мириса, а и ја прави кожата многу мека. Од гелови ти ги препорачувам Rosy jam, American cream или Sleepy ако ти се допаѓа мирисот на лаванда.
Да , ако сакаш гел па , тој Sleepy со лаванда е многу убав потврдувам а мислам има и сапун со истито мирис , во вид на облаче е