Јас бев на интервју пред година дена. (каде не сум била веќе е прашање. ) Памтам дека на интервју не имаа повикано повеќе девојчиња во 8 сабајле и не беше класично интервју, него имаше некои вежби и активности. Демек како ќе му пристапиш на муштеријата кога ќе ти дојде, и дека ако сакаш да му продадеш сапун што кошта 10 евра а кај нас стандардот е таков каков што е, како ќе се однесуваш, како ќе му пристапиш (у превод, да бидеш досаден во завиена форма, да си прекултурен, префин, тотално информиран за продуктот се да кажеш, па имаше едно садче со вода и да му ги измиеш рацете таму, па да го мачкаш со лосион за да проба). И тука беше таа вежбата, прво девојката те мачка тебе, па ти да ја намачкаш неа, па тука те анализираат. Друга активност беше да седнеш на стол со свртен грб, ти даваат топчиња и ти да ги фрлаш назад во кош ми се чини и колку ќе успееш да погодиш, па после ова објаснуваа зошто била таа активност, доверба, помош од тимот бла бла.. На друго многу не се сеќавам, ни поставија некои прашања пред крај, платата 20к + бонуси, дека им доаѓал mystery buyer и нели ти секогаш треба да бидеш спремен. Пауза немало пола саат, пократка била зошто се работи мислам 6-7 саати, и мислам штандот не смееш да го напуштиш, ќе јадеш таму и да си излагаш на цигара пример ако си сам.. Ама за вц, не било проблем секако, женски сме биле, сфаќал типот. На едно девојче и рече дека ја приметил дека збори на дијалект, и ја замоли пример доколку ја примат да не збори на дијалект со муштерии, наводно не звучело убаво, иако и самиот бил од Неготино, лол. Не знам зошто ги памтам сите овие информации, изгледа од разочарење. Не ме викнаа после иначе.
Здраво. Работев во Lush година и 4-5 месеци (пред Ковид). Јас си носам прекрасно искуство од Lush. Напуштив поради тоа што најдов работа според струка со слободни денови за викенд (во банка). Во City Mall нема викенди и празници се работи секој ден. Работевме кратки смени и неделно имавме од 33-36 работни саати а бевме пријавени на 40. Има паузи за да можеш да се тргнеш на страна да каснеш, да испушиш цигара и сл. Мислам дека најмногу 5 работни дена имаше помеѓу слободните денови. Скоро секој месец фаќавме таргети за дополнителен бонус. Мене ми е супер искуство од кое што многу научив за однос со клиенти - цела наука која што ми користи и за новата работа.
Овој лосион е прекрасен. Богата структура со преубав мирис кој не е чиста лаванда, има нешто топло и благо. Aromaco го купувам по втор пат, ми одговара сега за сега се надевам и на повисоки температури ќе биде во ред. Единствено не ми се допаѓа сапунот Honey i washed the kids кој е доста популарен, но мене ми ја пресушува кожата и добивам чешање и црвенило.
Сакам да ги пофалам Лаш онлајн, неколку пати нарачувам и секогаш било перфектно спакувано плус тестерчиња.
А баш сакав да прашувам за ова, ако нарачаш под 1500 колку се плаќа достава? И рандом тестери даваат или си бираш, малце wishful thinking ама да си прашам.
@blueeparadise Мислам над 1000 не се плаќа достава, а под чини 100 денари. Тие ти праќаат тестерчиња по нивни избор, кај мене сега имаше млеко за тело и гел за туширање.
Страшно се изнервирав и разочарав од Лаш денес. Си одбрав работи да си нарачам онлајн и кога пробав да платам со картичка, пишуваше дека трансакцијата не е завршена, и после тоа ме носеше на бела позадина и ми даваше некоја грешка. Прво помислив дека интернетот ми е нешто спор, и пробав уште еднаш (работите уште си стоеја во кошничка), пак се случи истото. После тоа проверив на сметка и видов дека ми се резервирани средства во износ како да сум направила две нарачки. На страната на Лаш ми пишуваше дека не сум направила ниедна нарачка до сега и немаше ништо наплатено. Се јавив во банка и ми рекоа дека имало неуспешни обиди за наплата, па потоа се наплатило и потребна ми е потврда од Лаш дека се поништува едната нарачка, да им ја пратам на мејл за да ми ги вратат тие пари. Се јавив на Лаш, девојката потполно незаинтересирана, мртва ладна ми вика аа па нас нешто не ни работи страната, имаме проблем. И објаснив што ми рекоа од банка и дека во нарачки немам ништо, ми рече ќе кажам јас, ќе ви се јави менаџер и побрза да ме откачи. Три саати поминаа, никој не ми се јави, пак се јавив и ми вика ау, па не ти се јавија од East Gate, ние таму ги пакуваме нарачките. Јас еве ќе им се јавам пак да ти се јават брзо најбрзо, и ајде чао чао, пак побрза да ми спушти. Поминаа 45 минути, пак немаше никој, реков сама ќе ѕвонам на Лаш во East Gate на што добив порака дека мобилниот корисник го има исклучено мобилниот телефон. (?!) Ваков однос е тотално непрофесионален, ги бркам и чекам цел ден да добијам некаков одговор од нив и доколку не го добијам утре ќе одам лично до Лаш. Испаѓа дека нив не им функционира страната ко што треба, ама мене битно ми се земени дупло пари од сметка а нарачката воопшто ја нема. Не го очекував ова од Лаш искрено.
@blueeparadise Барај ги на овој број +389 23123990. Јас секогаш си плаќам онлајн, немало проблем меѓутоа овојпат ми ставиле откуп, односно да си платам при подигање иако платив онлајн. Пишав емаил со доказ на резервирани средства, ми се јави од тој број љубезен дечко да ми се извини за грешката. Така што, сепак има и саглам вработени.
Третиот пат ѕвонев на овој број (тој е всушност бројот на Лаш од East Gate) и ја добив таа порака дека мобилниот корисник го има исклучено мобилниот телефон. И јас не сакам да бидам од оние досадни и напорни купувачи, ама па стварно не е во ред да ми се повлечат средства ко да сум направила дупла нарачка, на страната ко да не сум направила ниедна, а вработената буквално не беше од никаква помош. Мејлот не можев да им го најдам да им пишам, сакам да го средам проблемов дури банката не ги повлече парите, или нека ги повлече ама сакам Лаш да ми ги врати, зошто нивна грешка е посекако.
@blueeparadise само биди упорна, ќе се реши проблемот. Јас тука во грчкото Лаш им порачав онлајн повеќе работи околу 70 евра порачка и гледам фали една работа пилингот за усни од 8 евра и им се јавував и другиот ден ми го пратиле на нивни трошок. Не ги оставај.
Сега проверив и пишуваше дека денес не работи Лаш, и им пишав email на мејлот што ми го прати @naturally и на уште еден официјален што го најдов и доколку не добијам до утре одговор, ќе отидам лично до таму.
Ми вратија на едниот мејл дека имале проблем со страната, дека ќе ми спакуваат и испратат само една нарачка а остатокот од парите ќе ми го вратат на сметка. Денес проверив, ми ги вратиле парите. Нарачката најверојатно утре ќе ми стигне. Фала ви женски на помошта.
Женски што нарачувате од Lush, еве посебно @koritsaki ќе ја тагнам зошто знам дека имаш се испробано од овде. Сакав да ве прашам дали ги имате пробано Boom или Dirty таблетите за заби, дали се добри и се океј замена за паста? Уште како помала ми се појавија некои флеки на предните заби и прочитав за овие Boom дека избелувале дури и долгогодишни флеки со редовно користење. Исто, последно го имав земено Flyaway шампонот ама не ми ги оствари очекувањата, многу мех ми ја прави косата, дури ми ја суши на моменти, нема форма, и наредниот ден веќе се сплескува и почнува да се мрси а немам конкретно мрсна коса.. И сега да го дотрошам па се мислам да го земам Montalbano, Jumping Juniper или Soak and float (последниов го имав пробано и иако немам првут добар беше, неутрален некако). Прашањето ми беше кој од овие три е најдобар за убаво чистење, мека и сјајна коса со малку волумен, и да не се мрси и сплескува за еден-два дена. Фала девојки.
@blueeparadise Јас Lush ги обожавам , има доста производи што им ги купувам со години. https://www.lush.com.mk/Boom Boom таблетите ги имам користено порано, ок се, убаво чистат само не пенат толку како обична паста за заби и ја нема онаа свежина што ја оставаат пастите. И од овие creme de menthe бев задоволна, некоја свежина оставаа само гледам на мк страна ги нема За белеење и сл немам искуство , а гледам коментари на страната доста задоволни се од boom Штом немаш екстра масна коса, јас не би ти го препорачала jumping juniper. Тој го користев кога имав баш мрсна коса, вака ќе ти го исуши скалпот.. Од шампоните за волумен бев задоволна од два ,Seanik и Big Сеаник е тврд шампон и баш брше ок, по него немаше потреба маска да ставам. А Биг бидејќи содржи морска сол, малку може да ја исуши косата барем јас така мојата ја чувствував и морав на врвовите маска да ставам. И од двата бев задоволна, ако даваат уште тестети можеш да земеш од Биг колку да го пробаш, ако не ти се допадне да не го земеш џабе
Мене почнаа да ми стануваат опсесија, изгледа заради заразните мириси и впечатливите бои и форми што ги имаат, иако баш тоа е најштетно, што се полни со мириси и бои. Ги има Creme de Menthe и кај нас, само што тие се за плакнење на уста само, нешто ко Listerine. Добро тогаш, Jumping Juniper отпаѓа, јас затоа и Montalbano го спомнав зошто беше 3 во 1 - чистење на скалп, сјај и мал волумен. Big ми го дадоа како тестер минатиот пат кога нарачав ама шампонот беше буквално 90% морска сол. Мирисот беше преубав, и јас и цела куќа два дена мирисаше, ми беше мека косата ама ми ја исуши и "расцвета" така што и тој отпаѓа. Сега ќе решавам меѓу Seanik и Montalbano, a може и да им побарам тестер од Wasabi, и тој ми изгледа убаво.
@blueeparadise Сакам да пробам од нивните шумпливи топки. Уште нешто од таа категорија немам пробано Да тој многу суши ради солта, ама мирисооот е леле мајко толку многу ми се допадна што си го купив спрејот за тело Big Сеаник е супер. Јас за Wasabi се мислев долго време ама од кога ја фарбам плава косата ги сменив нивните шампони. @piglet1 го имаше купувано wasabi мислам